Забава
Три хороскопски знаци најмногу внимаваат на изгледот
Иaко сите сакаaт да изгледаат убаво, на некои луѓе тоа им е приоритет. Вложуваат многу труд за одржување добра фигура, избор на облека, се подложуваат на козметички третмани за да останат најдобра верзија од себе. Некои го прават тоа за себе, а некои за да привлечат внимание. Без оглед на причината, издвоени се три знаци кои најмногу внимаваат на својот изглед и секогаш изгледаат одлично:
Вага
Како најголеми естети на зодијакот, важно им е секогаш да бидат дотерани првенствено за себе, а дури потоа за другите. Вагите изгледаат како да се симнале од насловна страница на модно списание, а ниту ѓубрето не го фрлаат без шминка. Имаат одличен моден вкус и во секоја пригода се добро облечени. Вагите не се љубители на вежбање, но ја одржуваат својата убавина со чести посети на козметички третмани и секојдневни рутини за убавина.

Лав
Луѓето родени во знакот на лав се грижат за впечатокот што го оставаат на другите, па затоа се секогаш дотерани. Сакаат да носат брендирана облека и чевли, па никогаш нема да ги видите во обични тренирки. Покрај тоа што вложуваат многу труд при изборот на облека, тие редовно одат во сала за вежбање за да одржат добра фигура. Не им е тешко да вежбаат напорно доколку крајниот резултат е одличен изглед и завидни погледи на нивното тело.
Девица
Девиците не сакаат да привлекуваат внимание со својот изглед, но сакаат да бидат убави, уредни, чисти и негувани пред сè заради себе. Тие се скромни и не сакаат да ги истакнуваат своите атрибути со облеката, но тоа не значи дека не ја избираат внимателно гардеробата, а особено внимаваат на деталите. Секогаш имаат убаво негувани нокти и уредна фризура, се облекуваат со вкус и користат парфем, а добрата фигура ја одржуваат со долги прошетки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Хајди Клум ја испрати 2025 година во топлес и црвени танга
Манекенката Хајди Клум ја испрати старата и ја дочека новата година во свој препознатлив стил – во топлес, уживајќи во последните сончеви зраци со својот сопруг Том Каулиц. На Инстаграм сподели видео во кое позираат покрај базен, со поглед кон океанот и планините. Додека сопругот ја прегрнуваше околу половината, Клум носеше само црвена танга.
„Среќна, задоволна и благодарна. Нашиот последен залез на сонцето во годината. Подготвени и отворени за сè што доаѓа“, напиша Клум на германски јазик, додавајќи: „Ајде 2026!!!!! Љубовта е живот“.
View this post on Instagram
По опуштањето со залезот на сонцето, Клум и Каулиц се препуштија на новогодишната забава. Во друго видео објавено на Инстаграм, парот танцува. Манекенката за таа пригода носеше проѕирен, светкав мрежест фустан со шлиц до колкот, под кој се гледаше долната облека, додека нејзиниот сопруг беше облечен во црна кошула. „Среќна Нова 2026 година ❤️“, порача таа.
View this post on Instagram
Се чини дека Клум се држи до својата навика да се сонча во топлес кога и да има можност. Како што еднаш објаснила, едноставно „не ги сака трагите од сончање“.
Забава
Џенифер Лопез: Многу сум возбудена, близнаците заминуваат на факултет
Џенифер Лопез изјави дека е многу возбудена што нејзините 17-годишни близнаци Макс и Еме наскоро заминуваат на факултет. Во разговор за „Ентертејнмент Тудеј“, таа рече дека се чувствува добро и дека не може да поверува колку далеку стигнале заедно, истакнувајќи дека ги одгледувала сама уште од нивната трета година.
Пејачката додаде дека е горда што нејзините деца израснале во млади луѓе подготвени за сопствениот живот и дека е среќна што знаат дека секогаш имаат дом во кој можат да се вратат.
Иако е светска ѕвезда, Лопез откри дека на нејзините деца им е најважно таа да биде дома и присутна. Сепак, тие ја поддржуваат и биле присутни на нејзините настапи во Лас Вегас, а таа вели дека се горди на својата мајка.
Фото: Depositphotos
Забава
Голем, роденденски концерт на Северина на 18 април во Скопје
“She is a legend, she is an icon” – овој познат цитат можеби совршено ја опишува најпознатата хрватска пејачка Северина, жената која со децении нè воодушевува со својот став, харизма и стил. Токму таа, на 18 април во арена „Борис Трајковски“ ќе одржи голем солистички концерт, во рамки на нејзината турнеја „Ja samo pjevam“. Ова ќе биде и специјален роденденски концерт со кој заедно со македонската публика ќе го одбележи својот роденден.
Северина е културен феномен кој повеќе од три децении успешно им се спротивставува на времето, трендовите и очекувањата. Уметница која знае како да биде интимна и грандиозна во ист момент, тивка и бучна, нежна и силна, секогаш автентична и препознатлива, без разлика на сцената на која застанува.
Таа е позната по својата силна врска со македонската публика, која со години ѝ возвраќа со полни сали, искрена емоција и незаборавни моменти. Концертната вечер во Скопје ќе биде составена од внимателно селектиран репертоар кој ги вклучува нејзините најпрепознатливи хитови, како и понови композиции, изведени со продукциски стандарди на највисоко ниво.
Сценографијата, светлосните ефекти и звучната продукција ќе создадат целосно сценско искуство кое ја надминува класичната форма на концерт.
Она што ја издвојува Северина на сцената е нејзината способност да создаде исклучителна блискост со публиката, дури и во најголемите арени. Нејзините концерти се исполнети со искреност, емоција и директна комуникација, каде секоја песна добива лична димензија, а публиката станува активен дел од приказната што се раскажува во живо.
Концертот е во организација на Прагма продукција, која и овој пат најавува продукциски стандарди на највисоко регионално ниво, со една јасна цел, Скопје да биде домаќин на концерт кој по квалитет, емоција и изведба ќе остане долго во колективната меморија.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5726

