Забава
Ферги џогира со бандана на лицето

Американската пејачка Стејси Ен Фергусон, попозната како Ферги, ужива во малите работи во животот додека се самоизолира во екот на пандемија на коронавирусот.
Осумкратната добитничка на „Греми“ сè уште успева да остане во чекор со секојдневната рутина за време на изолацијата.
Таа во неделата направи пауза од карантинот и излезе на џогирање во Санта Моника.
45-годишната Ферги изгледа шик додека спортува со темна маица, хеланки и јакна врзана околу половината.
Изгледот го дополни со црна бандана-марама, што ја користи како маска за лице, црни гумени ракавици и црни патики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Том Круз даде ретка изјава за Никол Кидман во интервју

Во 1990 година, 28-годишниот Том Круз се ожени со 23-годишната Никол Кидман. Во текот на следните 11 години, тие снимија три филма и посвоија две деца, пред да се разведат во 2001 година.
Тие глумеа заедно како вереници во филмот Days of Thunder, кој беше објавен во јуни 1990 година, а се венчаа во декември. Подоцна ги направија Far and Away (1992) и Eyes Wide Shut (1999), последниот филм на режисерот Стенли Кјубрик.
Сеќавајќи се на Eyes Wide Shut и како ги добија главните улоги, Круз изјави за списанието „Sight and Sound“ дека долетал до куќата на Кjубрик, го прочитал сценариото претходниот ден и го поминал целиот ден разговарајќи за филмот со режисерот. Тој додаде дека ги знае сите негови филмови.
Тој ја пофали Никол Кидман, што е реткост бидејќи ретко зборува за својот приватен живот. Тој рече дека во тоа време тој и Кjубрик се запознавале подобро, а за улогата ја предложил Никол бидејќи, како што вели, таа е одлична актерка.
Круз рече дека бил многу заинтересиран за филмот и сакал да го доживее. Тој објасни дека пред снимањето, прави многу подготовки, истражува и поминува време со луѓе за да можат сите подобро да се разберат и заедно да создадат нешто посебно.
Забава
Северина се фотографираше во пилотската кабина, патуваше за Копенхаген

Северина објави фотографии од авионот на Инстаграм. Таа седеше во пилотската кабина и позираше, насмевнувајќи се. Во описот на објавата, таа откри дека патува за Копенхаген, каде што имаше настап.
„Се гледаме во Копенхаген, во прекрасната сала Албертслунд / MusikTeatret. Едвај чекам да ги уклучам рацете на продолжување и да ве прегрнам сите… А вие ми ги скратувате маките и го испишувате мојот репертоар…“, напиша 53-годишната пејачка.
Забава
(Фото/Видео) По фијаското со косата, Џорџ Клуни ги израдува дамите ширум светот

Американскиот актер Џорџ Клуни присуствуваше на прес-конференција по повод 78-мото доделување на наградите „Тони“ во Њујорк.
Во таа прилика, тој ги направи жените од целиот свет среќни, бидејќи реши да ја врати својата препознатлива седа коса. Тој гордо позираше пред објективот на фотоапаратот, покажувајќи дека се вратил во нормала.
Како што е наведено, Клуни ја оставил својата седа коса да израсте, откако ја обои пред неколку месеци за претставата „Good Night, and Good Luck“.
„Убаво е да се види како се враќа во својата „оригинална“ верзија“, „Толку е згоден. Да не се приближи никогаш повеќе до фарба за коса“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.