Забава
Фиби Диневор не се срами кога нејзините родители ги гледаат жешките сцени во „Бриџертон“

На Фиби Диневор не ѝ е непријатно кога нејзините родители ги гледаат секс-сцените во „Бриџертон“.
Актерката ја глуми лејди Дафни Бриџертон во драмската серија на „Нетфликс“, но не се чувствува лошо дека нејзините славни родители – актерката Сали Диневор и писателот Тим Диневор – ја гледаат во интимно издание затоа што смета дека веројатно разбираат подобро од повеќето луѓе, со оглед на сопствените кариери.
„За среќа, тие се во индустријата претпоставувам дека веројатно сфаќаат повеќе од останатите. Мислам дека се навистина горди што ме видоа како работам напорно во серијата“, рече таа во интервју за „Мирор“.
Фиби признава дека не претпоставувала колку успешна ќе биде серијата.
Таа додаде за британскиот весник: „Кога се снимаше всушност немавме идеја што ќе биде. Се прашувавме што е ова. Најчесто снимавме во мрак и се надевавме на најдоброто. „Сите се збиживме, многу се смеевме, беше интересно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Светот зборува за новата холивудска романса помеѓу Остин Батлер и Зои Кравиц: тие сè уште мудро молчат…

Актерката Зои Кравиц и актерот Остин Батлер беа фотографирани заедно во Њујорк, каде, според медиумските извештаи, уживале во заеднички викенд.
Како што посочија неколку извори, актерите присуствувале на претставата „Viola’s Room“, а потоа „побегнале“ од очите на јавноста.
Двојката предизвика гласини за потенцијална романса на почетокот на април оваа година. Дури и некои извори блиски до актерите коментирале за нивната врска.
Zoe Kravitz, Austin Butler spotted out together at immersive NYC show after sparking romance rumors https://t.co/10UpuJSc7a pic.twitter.com/2f0WZPMGry
— Page Six (@PageSix) July 20, 2025
„Тие се сложуваат добро, а хемијата меѓу нив е подеднакво добра и зад камерата и пред неа“, вели изворот.
Врската на Остин и Зои доаѓа како мало освежување, бидејќи актерите претходно беа во долги врски.
Додека Батлер беше лудо заљубен во манекенката Каја Гербер, ќерка на поранешната топ-моделка Синди Крафорд, Зои беше верена со холивудскиот згоден актер Ченинг Тејтум.
Двајцата ја раскинаа свршувачката минатата година.
Фото: принтскрин
Забава
Грешки поради кои вашиот домашен сладолед е неуспешен

Кога правите домашен сладолед, клучот е да избегнете пет вообичаени грешки што го прават неуспешен.
1. Формирање на ледени кристали
Ледените кристали се формираат кога молекулите на водата во смесата полека замрзнуваат, дозволувајќи да растат поголеми кристали. За да спречите формирање кристали, користете стабилизатори како што е 1/4 лажичка желатин.
2. Сладоледот е тврд како карпа
Ова се случува кога има премногу вода или нема доволно масти и шеќер за да се намали точката на замрзнување.Решението е да додадете 1-2 лажици алкохол (како вотка или рум) на 500 мл база за да се намали точката на замрзнување или да ја зголемите содржината на масти со користење на повеќе крем или жолчки од јајца, за да создадете помека текстура.
3. Мек и премногу течен сладолед
Ова може да се должи на недоволно време на замрзнување, премногу шеќер или премногу алкохол во смесата.Решението е основата да се олади на најмалку 4°C пред мешањето и машината за сладолед да се постави на соодветна температура за мешање. Доколку е потребно, намалете ја содржината на шеќер за 10-20%.
4. Коагулирана основа
Ова се случува кога јајцата се загреваат пребрзо или на превисока температура, што предизвикува нерамномерно згрутчување. Решението е да ја загреете смесата на тивок оган и постојано да мешате. Ако се згрутчи, брзо процедете ја смесата и веднаш ставете ја во фрижидер.
5. Нерамномерна распределба на смесата
Ако парчињата чоколадо, јаткасти плодови или овошје не се рамномерно распределени во сладоледот, причината е што се додадени прерано во процесот на матење или кога се премногу тешки за основата на сладоледот.Решението е да ги додадете тие состојки во последните неколку минути од мешањето за да бидете сигурни дека се добро соединети без да потонат на дното.
Забава
(Фото) Партнерката на Роналдо повторно критикувана

Георгина Родригез, партнерка на фудбалерот Кристијано Роналдо, повторно најде начин да биде во центарот на вниманието на медиумите – но не на позитивен начин.
Имено, пред неколку дена таа објави компилација од фотографии од католички верски објект во Португалија на „Инстаграм“, а нејзината облека наиде на критики од јавноста.
Фаталната бринета, која често не се грижи за кодексот на облекување, овој пат одлучи да ги разбранува мрежите. За посета на црквата таа одлучи да облече бел фустан со цветни мотиви.
View this post on Instagram
Целиот изглед го надополни со кожнеа чанта „биркин“ и дискретни додатоци. Составен дел од комбинацијата беше шапката, што предизвика дискусија на „Инстаграм“.
Додека некои коментираа дека изгледа совршено и во согласност со актуелните модни трендови, имаше и такви (повеќето од нив) што ја критикуваа. Судејќи според коментарите, носењето шапка во религиозен објект е одраз на непочитување кон него.
Фото: принтскрин