Забава
Филмскиот свет ја оплакува Халина и бара одговори
Зад гламурот снимањето на холивудските филмови е, всушност, многу опасно, со авионски несреќи, експлозии, паѓање конструкции и бркање со голема брзина, што резултира во скратени животи на каскадери двојници, актери и други луѓе вклучени во продукцијата.
Ова беше ставено во остар фокус повторно во четвртокот со смртта на камерманката Халина Хачинс, која случајно настрада во текот на снимање нискобуџетски вестерн во Ново Мексико.
Пиштолот реквизит на снимањето на несреќната сцена на филмот на Алек Болдвин имал вистински куршуми, соопшти полицијата.
На Болдвин, наводно, му бил даден безбеден т.н. ладен пиштол, односно она што требало да биде реквизит со ќор-фишеци за снимање сцена од неговиот филм Rust, но пиштолот содржел вистинска муниција кога бил испукан, според деталите од полициската истрага за фаталното пукање.
Истрелот ги погодил камерманката Халина во градите и режисерот Џоел Соуза, кој бил зад неа, во рамото, според изјавата на окружниот шериф поднесена во судот во Санта Фе во петокот.
Асистент на режија, кој му го дал револверот на Болдвин, не знаел дека оружјето содржи вистински куршуми, се наведува во изјавата на детективот на полицијата на Санта Фе, Џоел Кано.
Болдвин во петокот рече дека е во шок поради трагедијата по што неколку членови на тимот најавија дека го напуштаат Rust поради небезбедни услови.
Продукцијата на филмот веднаш беше прекината.
Околностите за тоа како оружје реквизит испука смртоносен проектил остануваат нејасни.

Халина Хачинс ќе остана запаметена како неверојатен уметник, објавија американски медиуми, потсетувајќи дека списанието American Cinematographer ја прогласи за една од своите ѕвезди во подем во 2019 година. Таа претходно работеше на независниот суперхеројски филм Archenemy.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

