Забава
Филозофијата на Брус Ли се претвора во водич за самопомош во современиот живот
Во текот на последните неколку години има иницијатива да се издигне Брус Ли од икона за борачки вештини во филозоф. Тоа, веројатно, е претерување, иако Ли секако беше внимателен и многу начитан млад човек – тој поседуваше библиотека со речиси 2.500 книги вклучувајќи филозофски дела на Томас Аквинас, Дејвид Хјум и на Рене Декарт.
Ли заврши курс по западна филозофија и курс по кинеска филозофија додека беше студент на Универзитетот во Вашингтон и ова му даде методологија да го примени критичкото размислување во борачките вештини, пишува весникот „Саут Чајна морнинг пост“.
„Биди вода, мој пријателу: Поуките на Брус Ли“ е книгата што ја напиша неговата ќерка Шенон Ли, која е и претседател на Фондацијата „Брус Ли“. Книгата содржи делови од рачно напишани текстови на Ли – главно афоризми и опсервации – и ги проширува во водич за самопомош за модерно живеење.
Еден од најдобрите делови во книгата на Шенон е кога таа детаљно ја опишува борбата што го навела Ли да сфати дека традиционалниот пристап не го припрема борачот да се справи со реалната ситуација. Ли и неговиот противник се согласија да не се придржуваат кон традиционалните правила, но тој не беше подготвен за начинот на кој се развиваше борбата, пишува Шенон.

Како што истакнува книгата, идеите на Ли потекнувале од традиционални извори. Таоизмот, кој го нагласува протокот – преточен во флуидност за вежбање борачки вештини – и зен будизмот, кој во термините на борачките вештини се користи за да се нагласи реагирање во моментот наместо да се следи однапред дефиниран план за борба, се клучни за неговите идеи, пишува весникот „Саут Чајна морнинг пост“.
Порадикален бил начинот на кој Ли го негирал конфучијанството, кој е пресуден за борачките вештини во јужен стил. Неговото отфрлање на традицијата, заедно со хиерархијата на овие вештини што тој ја одржувал, претставуваше напад врз конфучијанските идеи што го регулираа практикувањето борачки вештини неколку векови наназад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

