Забава
(Фото) Вистинската убавина нема рок на траење, а таа е жив доказ

Моника Белучи уште еднаш докажа дека вистинската убавина нема рок на траење – таа сè уште мами воздишки.
Убавина што се спротивставува на времето и модните трендови, дури и повеќе не постои.
Сепак, постои една жена, би можело да се каже дива, која, и покрај преовладувачката идеологија на минливоста, се спротивставува на сите предизвици. Моника Белучи е таа жена која, до ден-денес, претставува симбол на безвременска убавина.
Иако не е толку активна во актерскиот свет, една од најубавите жени во светот често се огласува на социјалните мрежи. На Инстаграм, таа споделува фотографии од своите славни денови (минати), но и оние што го покажуваат нејзиното секојдневие.
Неодамна објави фотографија во едноделен костим за капење на Инстаграм.
Природна, заводлива и со тој препознатлив шарм, таа никого не остави рамнодушен, а оваа комбинација од едноставност и софистицираност предизвика многу коментари.
„Вистинска божица“, „Убавина без конкуренција“, „Моника е како вино – колку е постара, толку е подобра“, се само некои.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.