Забава
(Фото) Во Ријад отворен центар со пет ѕвезди за дерадикализација на екстремисти
Затворен базен, тераси и вработени во убави униформи се само некои од услугите што ги нуди центарот во Ријад, кој ги има сите карактеристики на живеалиште за одмор со пет ѕвезди, но всушност тоа е место за дерадикализација на џихадисти.

Удобниот комплекс наречен центар за советување и ориентација „Мохамед бен Најеф“ е симбол на контроверзната саудиска стратегија за превоспитување на џихадистите, која повеќе се потпира на идеолошко превоспитување отколку на присила, пренесува францускиот весник „Ле Фигаро“.

Центарот го водат верски претставници и психолози, а неговата цел е да ги спречи осудениците што ја издржуваат казната да му се вратат на џихадот.

„Ние сме фокусирани на коригирање на нивните погрешни сфаќања“, објаснува Јахја Абу Магхајд, директор на центарот.
Поранешните членови на Ал каеда и талибанците се сместени во ниски згради и тие може во комплексот да се движат слободно во бели костуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Астролозите откриваат: најнезгодните свекрви се раѓаат во три хороскопски знаци
Понекогаш зад семејните тензии не стои само различноста во ставовите, туку и – хороскопот. Според астролозите, некои знаци едноставно имаат карактер што тешко се носи со улогата на свекрва. Тие имаат силна потреба за контрола, тешко прифаќаат поинаков начин на живот и често сметаат дека „знаат најдобро“.
Најпредизвикувачки свекрви, според хороскопот, најчесто се родени во знаците Девица, Шкорпија и Јарец.
Девиците се перфекционисти кои тешко се опуштаат и бараат сè да биде по нивно, дури и кога имаат најдобри намери.
Шкорпиите се интензивни, љубоморни и сакаат контрола; ако почувствуваат дека губат влијание – стануваат пасивно-агресивни.
Јарците се авторитетни, традиционални и очекуваат ред и дисциплина – а нивните критики често знаат да бидат незгодни,
Иако сите се грижат од љубов, нивниот начин знае да биде предизвик и за најстрпливите снаи.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.

