Забава
(Фото) „Еурека“ кулминира на карпошовата летна сцена

Со звуците на хип-хоп и аренби-музиката, како и македонските евергрини, во перфектно комбинирана кореографија, разиграните деца ја загреаја атмосферата на платото „Млечен“ во Карпош.
Студиото за танц „Еурека“, кое датира од 2001 година, во моментот работи со повеќе од 400 деца и млади, кои се поделени по возрасти и ниво на подготвеност. Танцовото студио може да се пофали со богата историја во изминатите 25 години, како учесници на меѓународни активности и прво инклузивно танцувачко студио во целата држава.
Карпошани оваа вечер имаа можност да ужуваат гледајќи ги танцувачките способности, кои беа во изобилство, на децата и младите. Прекрасните изведби беа уживање за сечии очи. Особено внимание и аплауз од публиката доби инклузивната изведба на македонски добро познат евергрин, а кои беа потпомогнати од нивните другарчиња од танцувачкото студио.
На 28 август, со почеток од 20 часот, на големиот празник Голема Богородица, во дворот на црквата „Св. Троица“ во Бардовци, карпошовото лето продолжува со фолк-легендите на македонската народна песна: Наум Петревски, Ефто Пупиновски, Благоја Груевски, Зуица Лазова, Ленче Кукиќ, Смиља Митревска, Драган Мијалковски, Горан Алачки, во придружба на Народниот оркестар на Радио Бубамара, под водство на Демир Имери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/видео) Двете најдобри тенисерки во светот ги закопаа секирите

Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.
Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.
Не беше обичен говор, туку лавина комплименти и пофалби за Марија Шарапова.
„Во 2004 година, кога Марија имаше 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес таа го нарекува тој момент врвот на својата кариера.
За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот туку ја направи Марија ѕвезда и почна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија“.
Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.
View this post on Instagram
За посебниот ден Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесносин фустан, а Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан, кој го комбинира со бела наметка.
Се чини дека двете тениски ѕвезди ги закопаа секирите и сега живеат во хармонија.
фото: принтскрин
Забава
Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: времето застанало…

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.
Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии, на кои ги покажува својата завидна фигура и препознатливото лице во средината на педесеттите години.
View this post on Instagram
Познатата русокоса позира покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од „Клое“, со цена од 690 евра.
View this post on Instagram
Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и на долниот дел, што му даваат доза романтика, а Клаудија го комбинира со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.
View this post on Instagram
Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа многубројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава🎉!“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.
фото: принтскрин
Забава
И таа има 12 години? Новите фотографии од ќерката на Ким Кардашјан предизвикаа бес на социјалните мрежи

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан и нејзината 12-годишна ќерка Норт Вест неодамна беа фотографирани во Рим пред хотел. Според странските медиуми, мајката и ќерката се упатиле кон луксузен ресторан на вечера.
И целата ситуација не би била вредна за забележување доколку дамите не избрале ризични комбинации.
За таа пригода Ким избра тесна сатенска облека, која ги истакнуваше нејзините бујни гради. Својот изглед го надополни со шминка во земјени тонови и брановидна коса.
Kim Kardashian and 12-year-old North West were spotted in Rome. 📸 pic.twitter.com/JACofYjZkl
— Rain Drops Media (@Raindropsmedia1) August 25, 2025
И тогаш вистинското изненадување беше таа – Норт Вест – ќерката на Ким Кардашјан и Канје Вест.
Таа носеше комбинација што предизвика јавно негодување. Се одлучи за црн корсет и мини здолниште, а нејзината долга, распуштена коса и големата количина шминка беа забележливи.
View this post on Instagram
Нејзиниот начин на облекување е, како што тврдат многу корисници на интернет, несоодветен за 12-годишно девојче. А ова се само дел од коментарите на Инстаграм: „Норт изгледа многу постаро од Ким“, „Родителството не е за секого“, „И таа има 12 години“.
фото: принтскрин