Забава
(Фото) Секогаш совршено, но не и овој пат? Ева Лонгорија и „најлошо облечена“ е главна тема
Популарната џебна Венера, познатата актерка Ева Лонгорија, блесна на црвениот тепих на настанот „Моќта на жените“ во Беверли Хилс. Како и обично, актерката беше олицетворение на смелоста и елеганцијата.
Секое нејзино модно издание привлекува светско внимание и речиси секогаш е цел само за позитивни коментари, но овој пат успеа да предизвика мешани реакции и малку да ја изненади публиката.

Ева се појави во мало црно фустанче преку кое носеше преголемо сако во истата боја. Со оглед на кројот и должината на сакото, фустанот само малку ѕиркаше под него, но тоа беше доволно за актерката да ги истакне сите свои атрибути.
Црните салонки со ремче околу глуждот и ефектниот накит имаа задача да го комплетираат ова монохроматско издание во кое Ева уживаше.
Повеќето беа воодушевени од ова издание, но имаше и такви што мораа да нагласат колку се шокирани од ова појавување. Очигледно таква грешка не се очекуваше од секогаш совршено стилизираната Ева Лонгорија.

Она што беше досадно беше изборот на сако за кое беше коментирано дека уште повеќе го нагласува нискиот раст на Ева правејќи да изгледа како „да ја зела старата јакна на татко ѝ од плакарот“ и била „најлошо облечена на овој настан“, објави „Глам“.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

