Контакт

Забава

(Фото) Тренд што повторно ги освојува улиците, жените ќе го носат цело лето

Објавено пред

Постојат детали во облеката што никогаш не излегуваат од мода. Тие, едноставно, го чекаат вистинскиот момент за триумфално да се вратат во центарот.

dobivaj vesti na viber

Ресите се токму таков детаљ – со богата историја, носталгичен шарм и огромен стилски потенцијал кога станува збор за модата.

Некогаш беа резервирани за тематски забави, каубојки и диско-расположението од седумдесеттите, но денес се враќаат со стил – поелегантни, посмели и посовремени од кога било.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caetana Botelho Afonso (@caetanaba)

Од ревиите на престижните модни куќи до уличната мода на трендсетерките, кои ги диктираат правилата на стилот, ресите станаа симбол на движење, слобода и софистициран израз.

1. Јакна со реси – моментен гламурен ефект
Едно парче – бесконечна трансформација. Кожена јакна со реси е клучен сојузник за вечерни излегувања со став. Замислете облечени од глава до ппетици во црна боја, чизми со високи потпетици и светлоцрвен кармин – ефектот е неодолив. За дневни опции изберете кафеава јакна од велур, која лесно можете да ја комбинирате со фармерки и мокасини. Ресите додаваат динамика на секој чекор – и на секоја модна приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Agnes Pusztai (@whatgigiwears)

2. Елек со реси – слоевит и впечатлив
Ако сакате да носите повеќе слоеви, елекот со реси е впечатливо парче што ги истакнува дури и наједноставните комбинации. Носете го врз бели кошули, тесни здолништа или лелеави фустани – ефектот е шик и осмислен. Велур за бохо-нота, тексас за урбана атмосфера. Удобно, ефикасно и совршено за целиот ден.

3. Горен дел со реси – сензуална едноставност
Одличен избор за вечерно излегување кога сакате да оставите впечаток без многу напор. Без разлика дали е краток, кој танцува со секој чекор, или подолг со реси, кои елегантно паѓаат по телото, овој топ зрачи со луксуз и флуидност. Носете го со панталони со ниска половина, сандали или мини здолниште и чизми за поефективен изглед. Тука ресите ја преземаат главната улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho)

4. Чанта со реси – бохо-елеганција во движење
Без разлика дали е мала или голема, плетена или кожена – чантата со реси е најлесниот начин да внесете допир на боемски шарм во вашиот секојдневен стил. Совршено се комбинира со лелеави фустани во земјени тонови, широки панталони, миди здолништа или обични фармерки и бела маичка. За дневни прошетки изберете плетена чанта во потемни нијанси, а за навечер кожена чантичка со долги реси. Ефектот е загарантиран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ISABEL MARANT (@isabelmarant)

5. Фустан со реси – женственост во движење
За посебни пригоди или кога само сакате да блеснете, фустан со реси е гламурозен избор. Од оние инспирирани од стилот на Чарлстон од дваесеттите години до модерни силуети што ја следат линијата на телото – ресите овде создаваат хипнотична игра на светлина и движење. Идеално за вечерни прослави, коктел-забави или дури и софистицирани пролетни свадби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALAÏA (@maisonalaia)

6. Здолниште со реси – динамичност и елеганција
Мини, миди или макси – здолништето со реси додава драма на секоја облека. Комбинирајте го со едноставни маички и дискретни сандали за да ги задржите ресите во фокус. Одењето станува танц, а стилот – несомнено препознатлив.

7. Чевли со реси – суптилен, но впечатлив детаљ
Од елегантни сандали до мокасини, обувките со реси додаваат софистицирана разиграност на секој чекор. Идеално за оние што сакаат да усвојат тренд без да претеруваат, а сепак да не останат незабележани.

8. Ремен со реси – ефект од сон
Кој рече дека ременот не може да биде ИТ-парче? Модели како оној од модната куќа „Алаја“ покажуваат дека дури и најненаметливиот изглед може да блесне со ремен со долги реси. Носете го преку панталони, здолништа, преголеми сакоа или кошули – веднаш ја преобликува фигурата и додава допир на висока мода.

Ресите се повеќе од само моден тренд оваа сезона – тие се став, чувство на слобода и израз на индивидуалност. Без разлика дали ги избирате во големи дози или како суптилен акцент, внесете движење, ритам и личност во вашиот пролетен стил.

Забава

(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа

Објавено пред

Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.

dobivaj vesti na viber

Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.

Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.

„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.

Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец

Објавено пред

Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.

За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.

Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

Прикажи повеќе...

Забава

Заљубени веќе 24 години: главниот „виновник“ за нивната љубов е бањата

Објавено пред

Актерката Сара Мишел Гелар и нејзиниот сопруг Фреди Принц Џуниор се среќно во брак 24 години и имаат две деца. Во последниве години, тие се сметаат за еден од најхармоничните парови, а многумина се прашуваат која е нивната тајна.

dobivaj vesti na viber

Сара не е скржава кога станува збор за споделување информации поврзани со нивниот приватен живот, па затоа постојано повторува дека тајната на нивниот брак се сведува на еден едноставен факт.

Freddie Prinze Jr. and Sarah Michelle Gellar
at the Launch of AOL and Warner Bros. “In2TV”. The Museum of Television and Radio, Beverly Hills, CA. 03-15-06

„Одделни бањи, тоа е она што секогаш го велам“, рече таа во интервју за E! News.

Звучи едноставно, но всушност може да помогне ако вашиот сопружник сака да поминува многу време во бањата.

Нејзиниот сопруг, од друга страна, не е толку практичен, а исто така истакна дека нема среќа со советите што ги добива од другите.

„Никогаш не добив добри совети. Повеќето совети за брак доаѓаа од луѓе кои веќе беа разведени, па претпоставуваа дека наскоро ќе се разведеме. Веројатно така се справуваа со своите проблеми. Советите се како путер од кикирики, можеби ќе ми бидат вкусни, но ако сте алергични на нив, може да ве убијат“, рече еднаш Фреди.

FREDDIE PRINZE JR. and SARAH MICHELLE GELLAR at the premiere of Warner Brother’s “Summer Catch” at Mann’s Village Theater, Westwood, 08-22-01

Сара и Фреди се запознаа на снимањето на филмот „Знам што правеше минатото лето“ во 1997 година и се венчаа пет години подоцна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија6 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет9 часа

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија9 часа

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија10 часа

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија10 часа

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет10 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ11 часа

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет13 часа

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет13 часа

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет14 часа

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија14 часа

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа14 часа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија1 ден

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија1 ден

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија1 ден

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ1 ден

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија1 ден

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...