Забава
Хари и Меган за првиот јавен настап по „Мегзит“ добиле 500.000 долари?
Принцот Хари и Меган за првиот настап во јавноста по „Мегзит“ добиле 500.000 долари, шпекулираат медиумите. Според Њујорк пост, тие имале кратко излагање на алтернативен инвестициски самит во Мајами, а на бината ги најавила најдобрата пријателка на Опра Винфри, Гајл Кинг.
„Хари зборуваше за менталното здравје и за тоа како оди на терапија последниве години за да ја надмине траумата на губење на мајка си. Тој рече дека настаните од неговото детство оставиле белег врз него и дека зборувал со професионалец за ментално здравје. Тој се осврна и на ‘Мегзит“, велејќи дека било многу тешко и за него и за Меган, но дека не жали за својата одлука затоа што сакал да го заштити семејството. Тој не сакаше Меган и нивниот син Арчи да поминат низ она што тој го поминал како дете“, јавуваат медиумите повикувајќи се на упатени извори.
Исто така, на самитот била и Меган, која кратко зборувала исклучиво за нејзината љубов кон сопругот.
Изворот додава дека нивниот настап на самитот бил обвиткан во тајност и дека тие биле најавени како говорници на самитот. Засега не е познато дали Меган и Хари, кои објавија дека сакаат да бидат финансиски независни, биле платени да присуствуваат на самитот.
Изворот тврди дека тие дошле на настанот со приватен авион и најверојатно останале во вилата на Серена Вилијамс во Палм Бич. Серена и Меган се блиски пријателки. Експертот за брендирање Марк Борковски смета дека најверојатно добиле половина милион долари за да се појават на самитот.
Ова не е прв пат Хари да зборува за менталното здравје. Во интервју за „Телеграф“ во 2017 година, тој рече дека „ги исклучил сите емоции“ две децении пред да побара стручна помош.
Откако ги напуштија своите позиции во кралското семејство, Меган и Хари живеат на островот Ванкувер со нивниот син Арчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

