Забава
Хари тврди дека Вилијам и Кејт никогаш не ја прифатиле Меган

Пред објавувањето на неговите мемоари „Spare“, Хари зборуваше за моментот кога Меган ги запознала брат му и снаата.
Принцот Хари во најновото интервју тврди дека Кејт и Вилијам ја гледале Меган Маркл како „разведена, американска актерка која има родители од две раси“.
Војводата од Сасекс (38) изнесе низа тврдења дека принцот и принцезата од Велс не успеале да и посакаат добредојде на неговата сопруга во кралското семејство.
Рече дека му било многу тешко бидејќи се надевал дека работите меѓу нив ќе се подобрат.
Тој тврди дека од различни причини, Кејт и Вилијам веднаш ја стереотипизирале Меган како американска актерка, што ги спречило да и’ дадат шанса.
– Се надевав дека ние четворицата можеме да се зближиме за јас и Вилијам да можеме да работиме заедно.
– Мислам дека никогаш не очекуваа да стапам во врска со некоја како Меган, која имаше многу успешна кариера – вели Хари.
– На почетокот имаше многу стереотипи, за некои сум и самиот виновен. Начинот на кој брат ми и снаата се однесуваа беше одраз на стереотипите што создаваа бариера.
На новинарско прашање што подразбира под стереотипи, принцот Хари изјави: – Па, знаете, американска актерка, разведена, од семејство од две раси – има од се по нешто.
Во интервјуто Хари се осврна и на моментот кога неговиот татко, кралот Чарлс, му кажал дека неговата мајка доживеала сообраќајна несреќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.