Забава
„ХБО макс“ планира анимирана серија „Игра на тронови“
Мегапопуларната серија „Игра на тронови“ може да биде проширена на анимација во нова серија за стриминг-услугата „Ејч-би-о макс“, објави во средата „Холивуд репортер“.
Директорите на „Ејч-би-о макс“, сопственост на WarnerMedia, AT&T Inc, започнаа да одржуваат состаноци со писатели за можна анимирана драмска серија за возрасна публика, се наведува во публикацијата.
Хит серијата „Игра на тронови“, базирана на романи на Џорџ Р.Р. Мартин, стана глобален феномен и освои 12 награди „Еми“, вклучително и главната награда за најдобра драмска серија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кејти Пери го премести времето на настапите на турнејата поради ќерката
Кејти Пери (40) набргу тргнува на светска турнеја наречена Lifetimes, која малку ќе се разликува од нејзините претходни настапи. Имено, пејачката откри дека порано ќе ги почне своите настапи поради четиригодишната ќерка Дејзи Дов Блум, која ја доби со актерот Орландо Блум (48).
View this post on Instagram
„Таа ќе биде на дел од турнејата, но мислам дека ќе воведам претходни шоуа. Сега ги разбирам динамиката и сите варијабли за носење на моите деца на концерти“, опишала Кејти во интервју за „Аксес Холивуд“.
„Понекогаш овие настапи се во работни денови, па децата треба да одат на училиште следниот ден, веројатно ќе јадат многу шеќер на концертите, ќе бидат со своите пријатели и сите ќе бидат возбудени, па тоа ќе бидат шоуа во 20.30 часот“, рече таа. Пред да се роди ќерка ѝ, вели таа, повеќето концерти ги почнувала помеѓу 21 и 21.15 часот.
Таа не ја исклучи можноста Дејзи некогаш да ѝ се придружи на сцената бидејќи вели дека е многу екстровертна. „Таа не е срамежлива и сака да пее. Сака музика и што прават мама и тато, сака да нѐ гледа среќни“, опишала таа.
Забава
Евровизиска треска: 42.000 билети продадени за еден ден
Вчера, илјадници билети за мајските настапи во живо на Евровизија се распродадоа за седум минути.
Штом почна продажбата во 10 часот по локално време, побарувачката за билети беше огромна, објави швајцарската телевизија SRF, дел од тимот што го организира годинешниот музички настан.
До четири билети можеа да купат само оние што однапред се пријавија за овој натпревар, популарен во Европа и пошироко, познат по необичните изведби и привлечните триминутни песни.
Продадени се и билети за пробни претстави. Ги снемало за 20 минути. Вчера, беа продадени вкупно 42.000 билети.
Но, оние што се пријавиле, но не можеле да купат билети, не треба да се плашат бидејќи ќе добијат уште една шанса.
Ќе има уште неколку рунди на продажба, иако бројот на достапни билети сѐ уште не е одреден. Организаторите велат дека зависи од тоа колку простор ќе биде потребен за звучна и видеоопрема. Познато е дека за натпреварот ќе бидат достапни меѓу 50.000 и 60.000 билети.
Билетите чинат помеѓу 40 и 350 швајцарски франци (од 44 до 385 долари). Најскапите билети се за стоење до сцената.
Ќе се организираат и забави за публиката да го следи натпреварот надвор од салата, а едно такво место е големиот фудбалски стадион веднаш до Свети Јакобшале, кој може да прими приближно 36.000 навивачи.
Годинешната Евровизија се одржува во Швајцарија благодарение на поп-уметникот Немо, кој победи на натпреварот во 2024 година во Малме, Шведска, со песната The Code.
Забава
(Видео) Синди Крафорд се колне во овој моќен шејк: го пие секое утро, без исклучок
Иконата Синди Крафорд сега е зрела жена која подеднакво плени со својата убавина, а судејќи по естетиката на нејзиното лице – дивата претпочита да старее природно и естетската хирургија не и е „рака за помош“.
Еднаш изјавила дека не сака да изгледа како да има уште 25 години од едноставна причина – „Јас немам 25 години“.
Иако фините линии на нејзиното лице покажуваат знаци на старост, нејзината виткост останува непроменета низ децениите.
Манекенката неодамна беше прашана што јаде за појадок.
– Ако сум дома – малку сум на фастинг, што значи појадувам само околу десет. Тренирам пред тоа. Сама си правам шејк со кокосово млеко, четвртина банана, нема повеќе бидејќи тоа е премногу шеќер, грст спанаќ, нане, а потоа додавам колаген, протеин во прав, какао, семе од коноп и лен.
Синди потоа се осврнала на храната што не ја консумира, а тоа е главно глутен – затоа што поради тоа се чувствува лошо.
– Мислам, гледај, сакам чинија тестенини, кога ги јадам во Европа се чувствувам добро, ако ја јадам овде ми е лошо, додаде таа.
Крафорд истакна дека за ручек јаде протеинска салата и за вечера протеини со зеленчук.