Забава
Хороскопски знаци што често ги менуваат партнерите
Додека некои знаци се стремат кон сигурност и стабилност во врската, други бараат возбуда и новина во љубовта. Тие брзо се заљубуваат, но, исто така, можат да се одљубат исто толку брзо ако почувствуваат дека врската стагнира или не им го дава она што го бараат.
Тие не остануваат во љубовни врски од навика – штом страста, вниманието или врската исчезнат, тие често одлучуваат да продолжат понатаму.
Тие се емоционално интензивни, но ретко се фокусирани само на една личност на долг рок. Според астрологијата, овие хороскопски знаци често ги менуваат партнерите.
Близнаци
Близнаците се познати по својата променлива природа и потреба од ментална стимулација, па затоа лесно губат интерес за врски кога сè станува предвидливо. Уживаат во запознавањето нови луѓе и често бараат врска што ќе ги натера да размислуваат и ќе им даде нешто ново.
Tие се свртуваат кон следниот предизвик без многу двоумење. Нивната љубопитност често ги води од една врска во друга, во потрага по она што навистина ги возбудува. Иако можат да се заљубат, тешко им е да останат во врска што не ги забавува и стимулира.
Стрелец
Стрелците се авантуристички настроени и ретко се задоволуваат со рутина, дури и во љубовта. Слободата им е света, а кога се чувствуваат заробени или погрешно разбрани, многу брзо одлучуваат да ја напуштат врската.
Уживаат во нови почетоци, познанства и искуства, а идејата за една личност за целиот живот честопати им изгледа премногу ограничувачка. Не се врзуваат лесно бидејќи веруваат дека секоја врска мора да понуди раст и возбуда. Кога ги нема, тие брзо бараат нешто ново.
Вага
Вагите се вљубени во самата идеја за љубов, но се многу чувствителни на рамнотежа и емоционална хармонија.
Ако не се чувствуваат доволно сакани, ценети или поврзани во врската, лесно се свртуваат кон нови можности. Многу брзо влегуваат во врски, но ако почувствуваат дека нешто не е во ред, нема да чекаат долго за да ја раскинат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:

