Забава
Хотелски рај за љубителите на пивото – во секоја соба има апарат за точење пиво
Пивскиот хотел Doghouse во Охајо, САД, кој е во сопственост на шкотската пиварница BrewDog, тврди дека ова е единствениот хотел на светот кој им овозможува на своите гости да поминат една вечер во пиварницата. Секоја соба има точено пиво, фрижидер полн со различни брендови на пиво во туш-кабината и музеј посветен на уметноста на производство на овој златен пијалак.
This Hotel Has A Beer Tap In Every Single Room
This hotel has a beer tap in every. single. room. ?(via Delish)Full details: http://dlsh.it/zkvb3nn cc: www.instagram.com/brewdogofficial
Gepostet von Men's Health am Dienstag, 16. April 2019
Гостите најпрвин влегуваат во предворјето во кое се наоѓа бар наместо рецепција, а место рецепционер ги пречекува бармен, кој веднаш им нуди пиво за добредојде. Секоја од 32-те спални соби (вклучувајќи и осум апартмани) има апарат за точење пиво, минибар со BrewDog лименки пиво и поглед кон големи старински дрвени бочви. Бањата, пак, е опремена со најразлични средства за нега кои се произведени на база на пиво.
Останатите содржини во хотелот вклучуваат интерактивен музеј кој овозможува увид во процесот на производството на пиво и неговата историја, како и медиумски простор, фитнес-центар и кафуле.
Хотелот нуди и спа третмани на база на пиво. Коосновачот на компанијата, Џејмс Ват, кој ја покренал BrewDog во 2007 година во соработка со Мартин Дики, им се заблагодари на сите луѓе кои ентузијастично го поддржувале овој проект и пред crowdfunding-кампањата одиграле клучна улога во финансирање на новиот хотел.
„За многу љубители на пивото, идејата за пивскиот хотел беше само сон. Утопија за пиво која никогаш не се оствари. Досега. Благодарение на поддршката на нашата глобална заедница на пивски ентузијасти, се трудевме тој сон да стане реалност”, изјавил Ват за британскиот „Телеграф“.
Ват и Дики во март 2017 година за првпат објавиле планови за пивски хотел, истовремено апелирајќи на донациите за својата цел со целта за собирање на 75 илјади долари. Но, наместо 75 илјади долари, тие собрале дури четири пати поголема сума – вкупно 300 илјади долари од ентузијасти желни за пиво. Тие планираат да отворат уште еден и и други пивски хотел во своето седиште во Аберденшире.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.