Забава
Цела Британија е загрижена за Кејт Мидлтон: Принцот Вилијам итно ги откажа важните обврски

Принцот Вилијам нема да присуствува на комеморацијата за починатиот крал Константин од Грција од приватни причини, соопштија од Кенсингтонската палата.
Вилијам требаше да присуствува на комеморацијата за кралот Константин во замокот Виндзор.
Кенсингтонската палата одби да даде детали, но рече дека принцезата Кејт Мидлтон и понатаму закрепнува од абдоминалната операција.
Принцот од Велс го повика грчкото кралско семејство, кое присуствуваше на богослужбата, за да ги извести дека не може да присуствува.
Покојниот грчки крал Константин, кој почина во јануари минатата година, му беше кум на Вилијам.
Да потсетиме, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, беше оперирана пред повеќе од еден месец. Кенсингтонската палата тогаш изјавила дека се работи за абдоминална процедура, но не се открива од што боледува Кејт.
Најавено е дека ќе закрепне барем до католичкиот Велигден. Во меѓувреме, Кејт и децата отидоа во замокот Сандрингам за таа да закрепнува во мир.
„Кетрин добро закрепнува. Со нетрпение очекуваше да ја смени средината и да може да се опушти во Норфолк додека децата се забавуваат со Вилијам“, неодамна откри пријател на принцезата Кејт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Бен Афлек на снимањето на новиот филм дојде со бурма

Бен Афлек беше забележан со венчален прстен на снимањето на претстојниот филм Animals.
Камерите го фатија актерот на пауза од снимањето. На левата рака јасно се гледаше златен прстен, што наводно е само дел од неговата улога.
Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање.
Двојката уште во септември се договорила со посредство и на тој начин избегнала долготрајна судска битка.
Забава
Блејк Лајвли и се извини на Тејлор Свифт што ја вовлече во кавгата со Балдони

Блејк Лајвли наводно и се извинила на пејачката Тејлор Свифт што ја вовлекла во кавгата со Џастин Балдони, пишува News Nation.
„Сè решија. Блејк се извини и сега пак разговараат“, коментира добро информиран извор.
Да потсетиме, веќе некое време кружат гласини за лошите односи меѓу Свифт и Лајвли. Сè започна откако Џастин Балдони ја вклучи пејачката во неговата тужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Недолго потоа, извор близок до Свифт рече дека таа „се чувствува искористена“ и не и се допаѓа што Блејк ја нарекува „еден од нејзините змејови“.
Забава
(Видео) Калиопи воодушеви во Лисински, гости и беа Влатко Стефановски и Жељко Самарџиќ

Македонската музичка дива Калиопи во саботата одржа концерт во загрепската концертна сала Ватрослав Лисински.
Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег.
„Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како миг“, изјави Калиопи по концертот.
Како специјални гости на изненадување, на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски со кој ја изведоа песната „Калеш Анѓо“ и Жељко Самарџиќ со кого го отпеа „Знам“, нивниот регионално познат дует.
Публиката двапати ја враќаше Калиопи на бис. На првиот бис го изведе својот голем евровизиски хит „Црно и бело“, а на вториот легендарниот евергрин „Бато“.