Забава
Цел живот криела дека е слепа, дури на 40-годишна возраст им признала на родителите
Зена Купер (42) од Велс е родена со Марфанов синдром (наследна болест на сврзното ткиво што може да предизвика оштетување на видот) и има ослабен вид уште од раѓање, кое со текот на годините се влошува и сега е слепа. Сепак, никој не знаел за нејзиниот проблем, дури ни нејзините родители, сè додека не наполнила 40 години.
Зена има четири деца, работи како школски советник, дипломирала и живее со губењето на видот толку долго што своето семејство го препознава по чекорите и други карактеристики.

„Јас секогаш планирав сè. Се водев броејќи ги чекорите, го помнев чувството на подлогата под нозете. Кога бев помлада, не сфаќав дека сум поинаква. Мислев дека сите ги гледаат другите луѓе нејасно и дека сите ја препознаваат храната по мирис, а облеката по шевовите кога ќе ја облечат“, изјави таа за „Дејли мејл“.
Пред четири години таа им откри на сите дека е слепа, и тоа поради грешката што ја направила на работа кога заменила двајца студенти. Исто така, почнала да паѓа на тротоарот затоа што не се концентрирала на броење на чекорите и сфатила дека е време да побара помош.
Таа набавила куче водич и сè ѝ признала на својата мајка.
Just received the first copy of our book What You See When You Can't See which is out 24th September ?. What a fantastic…
Posted by Zena Cooper on Сабота, 24 август 2019
„Мајка ми се чувствуваше ужасно. Таа не знаеше колку ми е лош видот кога бев дете. Носев очила со висок диоптер, па таа мислеше дека сè е добро и можам да гледам. Како што растев, не им кажав на моите родители за мојот проблем бидејќи знаев дека само непотребно ќе се грижат“, кажа таа.
Зена напиша книга за своето искуство со наслов „Што гледате кога не гледате“ за да покаже како е да се живее без вид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои избираат во мир да ги поминат празниците – не сакаат гужви, собири и бучава
Иако новогодишните празници најчесто се поврзуваат со дружење и семејни собири, за некои хороскопски знаци празничниот метеж носи замор и преоптовареност. Наместо бучни трпези и разговори, тие посакуваат тишина и повлекување.
Девица – тешко се опушта во празничниот хаос, ја исцрпуваат обврските и желбата сè да биде совршено. Мирен и едноставен Божиќ и Нова Година ѝ помага да ја врати рамнотежата.
Јарец – премногу емоции и спонтани ситуации му го одземаат фокусот. Мирот и самотијата му се неопходни за да се чувствува стабилно.
Водолија – не сака традиционални шаблони и чувствува притисок од празничните очекувања. Му е потребен простор каде може да биде свој.
Риби – силно ја чувствуваат енергијата околу себе, а празниците лесно ги исцрпуваат емоционално. Тишината им помага да го зачуваат внатрешниот мир.
Фото: pexels
Забава
Детали за раскошната свадба на Венус Вилијамс: никој нема да може да го надмине подарокот на сестра ѝ
Познатата тенисерка Венус Вилијамс и нејзиното момче Андреа Прети, кое е осум години помладо од неа, официјално се венчаа. Двојката организира уште една венчавка откога разменија завети во бајковитата Италија.
Веста за свршувачката претходно оваа година израдува многумина, а тие само чекаа на точниот датум кога Венус официјално ќе му стане сопруга на Андреа Прети. Свадбата се одржа минатата недела, но сестрите Вилијамс сега ги споделија најубавите фотографии од настанот.
Интересно е што прославата траеше пет дена, а сè почна со прослава на јахта организирана од Серена, која, заедно со јахтата, всушност беше нејзин подарок за сестра си.
Главната причина зошто имаа втора свадба е тоа што не можеа да организираат сè во Италија за толку кратко време поради потребната документација. Постапката би траела околу осум месеци бидејќи Венус е странска државјанка, а таа брзаше да се омажи што е можно побргу.
View this post on Instagram
Како што напиша „Вог“, Венус смени четири бели фустани, секој поубав од претходниот. Сепак, венчаницата дизајнирана од Жорж Хобеика ја однесе победата.
Сестра ѝ Серена, која е нејзина најголема поддржувачка сите овие години, исто така испрати емотивни зборови на социјалните мрежи.
„Чуварка на сестрата. Венус, од каде воопшто да почнам? Од терените во двор до најголемите во светот, ти секогаш водеше со грациозност, сила и срце поголемо од кој било трофеј. Гледајќи те како влегуваш во ова ново поглавје, опкружена со љубов, беше како да го гледаш изгрејсонцето, стабилно, моќно и полно со ветувања.
View this post on Instagram
Ти си моја најдобра пријателка, моја заштитничка, моја учителка и мој потсетник секогаш да одам со цел. Да те видам вака среќна, вака сакана, вака сјајна… Тоа ми значи сè.
За љубовта, партнерството, смеата и за целиот живот исполнет со повторно избирање еден со друг, секој ден. Не би можела да бидам погорда што стојам покрај тебе – не само денес, туку засекогаш“, рече Серена.
Забава
(Видео) Не можеше да му одолее на најголемиот тренд: Линдзи Лохан воодушеви со украсената елка
Многу верници во светот денес го слават Божиќ, меѓу нив има и познати ѕвезди, кои ги украсија своите домови и нетрпеливо ги чекаат Божиќ и Нова година, а на социјалните мрежи се пофалија со своите новогодишни украси.
Меѓу нив е и холивудската ѕвезда Линдзи Лохан, која ја покажа својата новогодишна елка и доби многубројни „допаѓања“. Обожавателите не престануваат да изразуваат колку се воодушевени од едноставната, но толку топла и оригинална елка.
View this post on Instagram
Високата луксузна елка е украсена со огромна машна на врвот, што актерката ја постави веднаш под ѕвездата на самиот врв, а елката е украсена во црвено-бели украси, меѓу кои има малку помали црвени и црвено-златни пругасти машнички.
Елката е збогатена со жолти светла, кои ѝ даваат величествен изглед, и токму оваа комбинација што ја избра Линдзи – од минијатурни до големи машнички – е клучот за создавање хармоничен изглед, а сепак воопшто не е здодевен.
@truehomewithus Here’s the final look 🤩 magical ✨ . . . . . . #christmastree #christmasdecorating #christmasbow #diychristmasbow #bow #christmasdecor #tinseltree #bowtrend #christmas2024 ♬ Magical Mystery – Mark Fabian & Alexander Smith
Ако сакате ваква елка, не заборавајте дека ви треба една многу голема машна, што ќе доминира, и многу помали, што ќе бидат таму за да ја комплетираат елката.
@clairesawa Decorating my first xmas tree 🎀 #bowtutorial #howtomakeabow #bowtree #christmasdecor #christmastree #christmastok #coquette ♬ santa tell me – r7ptor
Постојат разни варијации на овој тренд…
@loschristmasdesigners See how our Slim Bow instantly transforms this tree by giving it height, elegance, and the perfect finishing touch. #ChristmasTree #TreeTopper #HolidayDecor #SlimBow #ChristmasDesign ♬ original sound – Los Christmas Designers

