Забава
Шакира ја напушти Барселона откога таткото на Пике ѝ испратил известување за иселување
Шакира наводно се откажала од својата сакана Барселона засекогаш откога таткото на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике ѝ доставил писмено известување да се исели од објектот во кој престојува.
Пејачката (46) потврди дека го напушта шпанскиот град среде шпекулации дека таа и нејзините деца, Милан (10) и Саша (8), ќе се преселат во Мајами, а шпанските медиуми објавија дека ова следувало по добивањето барање таа и нејзините родители да ја напуштат поранешната семејна куќа на поранешниот пар.
Локалните медиуми пишуваат дека тоа е истата вила во која Шакира (родена како Шакира Изабел Мебарак Рипол) поставила кукла вештерка на балконот, кој е свртен кон домот на нејзината свекрва.
И „Ел Периодико“ и „Ла Вангуардија“ објавија дека на Шакира во март ѝ било кажано дека има рок до април да ја напушти вилата во Есплугес де Лобрегат, каде што живее по разделбата од фудбалерот Жерар минатата година, или ќе се соочи со плаќање отштета.
Беше објавено дека барањето дошло преку е-пошта потпишана од таткото на Жерар, Жоан Пике, за кој се смета дека е директор на холдинг-компанијата на син му, „Керад холдинг“.
„Ел Периодико“ веста за барањето Шакира да се исели од куќата ја објави со коментар: „Сега ги разбираме фотографиите на пејачката како плаче“.
Претходно, во својата објава на „Инстаграм“ на англиски и шпански јазик за тоа како ја напушта Барселона, Шакира напиша: „Дојдов во Барселона за да им дадам на моите деца стабилност, истото што сега го бараме во друг агол на светот покрај семејството. пријателите и морето“.
„Денес, почнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Им благодарам на сите што сурфаа покрај мене со толку многу бранови таму во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е секако подолго од љубовта“.
Емотивната објава ја заврши со зборовите: „Благодарам на сите што беа тука за да ме расположат, да ми ги исушат солзите, да ме инспирираат и да ме натераат да пораснам. Благодарност до мојата шпанска публика, која секогаш ме покриваше со својата љубов и лојалност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.
Забава
По 20 години, Аврил Лавињ проговори за теоријата на заговор дека ангажирала двојничка: „Тоа ми е многу глупаво“
Аврил Лавињ неодамна зборуваше за митот што ја следи со години, а се работи за тоа дека на врвот на кариерата решила да ангажира двојничка по име Мелиса.
Во средината на 2003 година се појавија шпекулации дека панкерката решила да ја ангажира Мелиса по албумот Let Go и од оваа гледна точка ѝ е смешно.
„Мислам, едноставно, смешно ми е. Од една страна, некои велат: „О, боже, изгледаш потполно исто. Не си остарела ни ден“, а потоа други луѓе велат дека постои теорија на заговор дека тоа не сум јас“, рече Аврил додавајќи дека тоа е глупост.
View this post on Instagram
Сепак, таа не сакаше да прави драма за ова, а на сѐ гледаше од попозитивна страна.
„Искрено, не е толку лошо. Можеше да биде и полошо, нели? Мислам дека добив добра реклама. Не го гледам како нешто негативно. Не е ништо страшно“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.
Оваа бизарна теорија се појавила на почетокот на овој век, а причината била наведена дека Аврил била исцрпена поради славата и популарноста. Некои отидоа и чекор подалеку и мислат дека пејачката починала меѓу албумите Let Go од 2002 година и Under My Skin од 2004 година, а потоа ја замениле со Мелиса.
Теоретичарите на заговор повторно ја почнаа оваа тема пред неколку години на „Твитер“ во тоа време (сега X) и сакаа да ја поддржат оваа тема со докази засновани на промената во нејзиниот изглед со текот на годините, како и тетоважата, која изгледаше како да пишува Мелиса.