Забава
Шарлиз Терон: Годинава ниту една жена режисер не е номинирана за „Златен глобус“
Само неколку часа по номинацијата за „Златен глобус“ за новиот филм Bombshell, актерката Шарлиз Терон говореше за тоа дека годинава не биле номинирани жени режисери.
Холивудското здружение на странски медиуми, кое всушност ги доделува „Златните глобуси“, досега има номинирано само пет филмски режисерки – Барбра Стрејсенд (Yentl), Џејн Кампион (The Piano), Софија Копола (Lost in Translation), Кетрин Бигелоу (Hurt Locker, Zero Dark Thirty) и Ава Дувернај (Selma), а Стрејсенд е единствената жена што освоила „Златен глобус“ за најдобра режија.
Иако многумина годинава ја сметаа за добра за жените режисери, Терон во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ открива дека навистина е тешко да не се види ниту една жена режисер номинирана оваа година.
„Мислам дека навистина е фрустрирачки имајќи предвид дека жените режисери само се обидуваат да го зголемат својот број“, додаде таа. Тие претставуваат 10 отсто од режисерите во индустријата и кога имате добра година, како што беше оваа со толку многу работа, тоа е неверојатно фрустрирачки“, додаде таа.
„Навистина е тешко и неправедно и токму поради тоа, не треба да ја прекинеме битката. Ние мора да правиме врева сè додека не нè чујат и не ги препознаат овие приказни“, рече Терон.
Таа зборува и за новиот филм Bombshell, кој се фокусира на жените во „Фокс њуз“ – Мегин Кели (Терон) и Гретчен Карлсон (Никол Кидман) – кои јавно проговорија против вознемирувањето на претседателот на „Фокс њуз’, Роџер Ејлс. Во филмот жртвите на омразениот медиумски могул го возвраќаат ударот.
Филмот во кој глуми Терон ја открива внатрешноста на најмоќната и контроверзна медиумска империја на сите времиња и истовремено е експлозивна приказна за жените што го срушија озлогласениот маж, кој, всушност, ја создал оваа империја.
И покрај тоа што приказната се фокусира на три силни жени, филмот е во режија на Џеј Роуч, а го напиша Чарлс Рандолф. Терон беше запрашана зошто го поддржала него, а во исто време се залага за повеќе можности за жените, на што таа одговори: „Фактот дека треба да има повеќе можности за жените не мора нужно да ја негира умешноста на мажите“.
Иако смета дека жените заслужуваат повеќе можности, таа не чувствува дека жените се единствените што може да пишуваат женски приказни, а мажите може да пишуваат само машки приказни.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови кои не функционираат заедно
Некои хороскопски знаци може да имаат силна хемија на почетокот, но со текот на времето станува јасно дека нивните разлики создаваат повеќе проблеми отколку возбуда.
Иако се вели дека спротивностите се привлекуваат, во реалноста тоа не секогаш значи хармоничен однос. Некои хороскопски знаци може да имаат силна хемија на почетокот, но со текот на времето станува јасно дека нивните разлики создаваат повеќе проблеми отколку возбуда.
Овен и Рак
Овенот и Ракот ретко успеваат да најдат заеднички ритам. Овенот сака брзина, акција и отворен пристап, додека Раковите бараат сигурност, емоции и стабилност. Она што им изгледа како искреност на Овенот честопати им звучи грубо и бездушно на Раковите.
Оваа врска често се претвора во борба помеѓу импулсивноста и чувствителноста, без јасно решение.
Близнаци и Шкорпија
Близнаците и Шкорпијата се интензивни, но ова станува главен извор на проблеми. Близнаците сакаат слобода, разновидност и едноставна комуникација, додека Скорпиите бараат длабочина, целосна посветеност и емоционална ексклузивност. Разликите во пристапот кон врската брзо доаѓаат до израз.
Близнаците се чувствуваат ограничени од потребата на Скорпијата за контрола, додека Скорпијата ги перцепира Близнаците како несигурни и површни. Недовербата, љубомората и недоразбирањето често ја обележуваат оваа врска, правејќи ја емоционално исцрпувачка за двете страни.
Лав и Јарец
Лавовите и Јарците тешко се хармонизираат бидејќи двете страни сакаат да водат, но на сосема различни начини. Лавовите бараат внимание, признание и емоционална валидација, додека Јарците нагласуваат одговорност, резултати и долгорочни цели. Нивните вредности честопати не се среќаваат во истата точка.
Лавовите ги перцепираат Јарците како ладни и претерано сериозни, додека Јарците ги перцепираат Лавовите како неодговорни или премногу фокусирани на себе. Наместо меѓусебна поддршка, врската често се претвора во натпревар и докажување, што ги исцрпува двете страни.
фото/депозитфотос
Забава
Спас за бубрезите: Чај што ги чисти песокот и камењата побрзо од лековите
Помага во исфрлањето на вишокот течности и токсини од телото, што ефикасно ги „исплакнува“ уринарните канали.
Дали ја знаете таа остра, продорна болка во долниот дел од грбот што не ви дозволува да седите или стоите, а секое движење ви изгледа како невозможна мисија? Многумина поминуваат бессони ноќи барајќи решение кое не вклучува шака апчиња.
Едно од најефикасните природни решенија се крие во вашата кујна – обичен свеж магдонос. Иако најчесто се користи како зачин, магдоносот е моќен природен диуретик. Чајот од магдонос помага во исфрлањето на вишокот течности и токсини од телото, што ефикасно ги „исплакнува“ уринарните канали, а песокот и камењата во бубрезите полесно се исфрлаат.
Чај од магдонос
Состојки:
Еден куп свеж магдонос
1 литар вода
Малку сок од лимон
Подготовка:
Добро измијте го магдоносот и исечкајте го на поголеми парчиња.
Прелијте со еден литар врела вода, покријте и оставете да отстои 10 минути.
Процедете го напитокот и додадете неколку капки лимон.
Пијте во текот на денот, но не пред спиење за да не го нарушите сонот со чести одења во тоалет.
Зошто е ефикасен?
Чајот од магдонос има корисен ефект врз целото тело, ја намалува надуеноста и помага во исфрлањето на вишокот вода. Видливи резултати често се гледаат по само два до три дена редовно консумирање.
Бремените жени треба да го избегнуваат
Важно: Бремените жени треба да го избегнуваат овој чај поради можни контракции.
Доколку имате големи камења во бубрезите, задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете со терапија.
Замислете утро без болка и ден поминат без страв од уште еден напад. Овој едноставен пијалок не е само рецепт – тој е природен начин за враќање на виталноста и здравјето.
Забава
Ејми Шумер ослабе 22 килограми и со фотографијата испрати порака за грижа и љубов кон себе
Американската комичарка и актерка Ејми Шумер влезе во 2026 година со силна порака за грижа и љубов кон себе, објавувајќи фотографии на Инстаграм на кои е видлива нејзината физичка трансформација и губење на околу 22 килограми.
Таа порача дека новата година ја посветува на здравјето и самоприфаќањето – без шминка и без филтри – нагласувајќи ја важноста на семејството, пријателите и грижата за себе.
View this post on Instagram
Шумер претходно откри дека ослабела поради здравствени причини, а не од естетски мотиви. Таа изјави дека боледувала од Кушингов синдром – состојба поврзана со покачено ниво на кортизол – која, како што наведе, може да биде опасна по живот.
Во декември таа соопшти и дека по седум години брак се разведува од сопругот Крис Фишер, наведувајќи дека ќе продолжат заеднички да се грижат за својот син и побара приватност.
Фото: Depositphotos

