Забава
Шармот на едноставноста: Мишел Фајфер со истата блага насмевка за домашно селфи
Таа триумфално се врати во Холивуд во 2017 година, откако направи долга пауза од снимање филмови за да помине повеќе време со своите деца.
Но, Мишел Фајфер повторно ја стави актерската кариера во мирување поради пандемијата на Ковид-19 која ја десеткуваше филмската и телевизиската продукција.
И покрај сè, ѕвездата на „Опасни врски“ и „Фантастичните браќа Бејкер“ ужива во своето лето и сподели селфи на Инстаграм, на кое позира во едноделен костим за капење и очила за сонце со златни рамки додека се сонча во својот дом во Лос Анџелес.
Секогаш прекрасната Фајфер, препознатлива по дискретниот шарм и едноставноста, има беспрекорна кожа на возраст од 62 години.
Својот голем пробив во Холивуд го направи во раните 80-ти со „Брилијантин 2“ и култниот „Лице со лузна“ (1983).
Нејзините успеси продолжија да се редат со филмовите “Бетмен се враќа“, „Френки и Џони“ „ Духови од минатото“, „Вештерките од Иствик“, „Мажена за мафијата“, „Време на невиност “, „Волк“, „Јас сум Сем“, „Темни сенки“ и многу други.
Во 1993 година, таа се омажи за писателот и продуцент Дејвид Е. Кели и заврши со филмови да се фокусира на одгледување на нивните две деца.
Својот камбек во Холивуд го направи по пауза од 20 години, во 2017, со филмовите „Мајка!“ и „Убиство во Ориент експрес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Што правите после раскинувањето: откриени алармантни податоци за шпионирање поранешни партнери
Кога врските завршуваат, тагата не е единствениот проблем – во дигиталната ера, заедничките уреди, лозинки и онлајн сметки се сè повеќе проблем.
Според истражувањето на фирмата за сајбер безбедност Certo Software, повеќето луѓе кои ги споделиле своите лозинки или уреди со своите поранешни партнери подоцна зажалиле. Повеќе од половина од испитаниците рекле дека тоа не треба да се прави, и тоа има добра причина.
Студијата опфатила 1.000 мажи и жени во САД, на возраст од 25 до 55 години, кои поминале низ раскинување во последните 10 години, а истражувачите се обиделе да утврдат како луѓето се однесуваат на дигиталната безбедност пред, за време и по раскинувањето. Резултатите беа фасцинантни, а во некои случаи и алармантни.
Дури 42% од испитаниците рекле дека нивниот поранешен им пристапил на нивните онлајн сметки без нивна дозвола по раскинувањето. Секој четврти испитаник (24%) признал дека и самиот пробал. Повеќе од половина (58%) од оние кои споделиле лозинки или уреди со своите бивши подоцна зажалиле затоа што се сомневале дека нивните поранешни партнери пристапиле до нивните сметки или уреди по раскинувањето, а 73% од нив потврдиле дека тоа се случило.
Повеќето ја научиле лекцијата, а 68% од испитаниците изјавиле дека никогаш повеќе не би споделувале лозинки во нова врска. Дури 45% од испитаниците не провериле дали сè уште ја споделуваат својата локација по раскинувањето, а 56% доживеале негативни влијанија врз нивното емоционално или ментално здравје поради загриженоста за дигиталната приватност по раскинувањето.
„Раскинувањата не само што ги завршуваат врските; тие ги изложуваат луѓето на значителни дигитални ризици“, рече Сајмон Луис, ко-основач на Certo Software.
Работите кои најчесто се шпионирани од поранешните партнери се сметките на социјалните мрежи (27%), сметките за е-пошта (20%) и локацијата (18%). За ова малку се зборува, иако овој тренд на дигитална безбедност е „алармантен“.
„Нашето истражување покажува колку е вообичаено луѓето да занемаруваат да ги заштитат своите онлајн животи по раскинувањето, оставајќи ги отворени за неовластен пристап, емоционална вознемиреност, па дури и потенцијално следење“, рече Луис.
Се чини дека родителите се посвесни за потенцијалните закани и имаат поголема веројатност да ја земат предвид нивната дигитална безбедност по раскинувањето отколку другите, покажа истражувањето. Дури 71% од родителите ги заштитиле своите уреди и онлајн сметки по раскинувањето, додека само 57% од оние кои не се родители.
Ако се сомневате дека бившиот сè уште има пристап до вашите сметки, веројатно сте во право.
Промената на лозинките и овозможувањето двофакторна автентикација се неопходни чекори што треба да се преземат веднаш по раскинувањето. Експертите за сајбер безбедност советуваат дека по раскинувањето, неопходно е да се исклучи споделувањето локација и да се отповикаат дозволите за споделената сметка за да се спречи неовластен пристап.
„Распадите се доволно хаос без дополнителна грижа за дигиталните пропусти“, заклучи Луис.
Забава
Хороскопски знаци кои ќе ве полудат: со нив е како да сте на емотивен ролеркостер
И покрај тоа што ги сакаме, понекогаш изгледа како да се родени да бидат тешки. Хороскопот потсетува дека овие два знака често се на врвот на листата кога станува збор за ситничарење и тврдоглавост.
Девица
Ако има еден збор кој совршено ја опишува Девицата, тоа е „зошто“. „Зошто не го направи тоа подобро?“, „Зошто не размисли за секоја можна последица?“, „Зошто не го следеше планот? итн. Девиците имаат неверојатен талент и можат да ја забележат секоја мала мана и нема да застанат додека не ви укажат на тоа.
Нивната потреба за совршенство може да биде исцрпувачка, особено затоа што не разбираат зошто сите други не ја споделуваат нивната визија. Иако нивните напори честопати се добронамерни, нивната тенденција да се жалат и анализираат може да ги излуди дури и најтрпеливите. Ако сакате да и угодите на Девицата, подгответе се за огромна листа на задачи.
Овен
Ако Девицата троши енергија на перфекционизам, Овенот ја троши на сопственото мислење. Овој огнен знак не го знае зборот „компромис“ и често влегува во ситуации со менталитет на генерал. Без разлика дали се работи за избор на филм, ресторан или глобална политичка ситуација, Овнот е уверен дека најдобро знае. Кавга со Овен? Заборавете.
Овнот не е само досаден поради тврдоглавоста, туку нивната импулсивна природа често ве става во ситуации за кои не сте ни знаеле дека постојат. Со Овен, секогаш сте на емотивен тобоган.
Забава
Стинг: Седум часа сексуален однос вклучува вечера, филм и пет часа молење
Музичарот Стинг е во брак со Труди Стајлер од 1992 година. Во раните 90-ти, тој зборуваше во медиумите за нивните „седумчасовни секс маратони“. Сега откри дека тоа е лага и дека само се шегувал.
„Седум часа вклучува вечера, филм и пет часа молење“, рече тој во интервју за „Тајмс“.
Иако тоа дури сега го призна, неговата сопруга уште во 2011 година рече дека изјавата за седумчасовен секс е „пијано фалење“ и се пошегува дека „тоа го прават цел ден“.
„Стинг го кажа тоа пред 21 година. Неодамна наполни 60 години и претпоставувам дека таа тантричка приказна ќе трае додека не умре. Знаете кој е виновен за тоа? Боб Гелдоф. Тој и Стинг отидоа на интервју со рок новинар што прерасна во ‘пиенка’, а во еден момент, новинарот ги праша колку долго им трае сексот. Гелдоф рекол дека е „маж од три минути“. Бидејќи Стинг практикува јога, веројатно би можел да издржи со часови, па тој рекол: „Дали сте слушнале за тантричкиот секс“, рече Труди.
Во новото интервју Стинг сподели и други детали за бракот. Тој вели дека тантричкиот секс за него е духовен чин.
„Не знам почист и подобар начин да ја изразам љубовта кон друга личност од споделувањето на тој убав настан, кој јас го нарекувам „света тајна“. Не е седум часа, но идејата стои“, рече тој.
Стинг и Труди се запознале во 1982 година, додека музичарот сè уште бил во брак со неговата прва сопруга Френсис Томелти. Отпрвин биле пријатели, но се заљубиле. Откако се разведе од Френсис во 1984 година, тој започна врска со Труди.