Забава
Шведско истражување: Жените се мнозински левичари, мажите мнозински десничари
Истражувањето на Институтот СОМ при Универзитетот во Гетеборг откри големи разлики во политичките ставови кај мажите и жените, пренесуваат шведските медиуми. Според истражувањето, мажите и жените сè повеќе се расправаат еден со друг за традиционалниот левичарски политички спектар.
Додека жените покажауваат поголеми симпатии кон Левичарската партија, која порано беше позната како Комунистичка партија на Шведска и во моментов е „најлева“ левичарската партија во шведскиот Парламент, мажите застанаа на страната на шведските демократи, кои, пак, се единствената парламентарна десничарска, антимигрантска партија.
За да се стават нештата во перспектива, по Втората светска војна, мажите сè уште беа полевичарски настроени отколку жените.
„Забележуваме голем јаз меѓу мажите и жените. Разликите се зголемија неодамна”, изјави во интервју за „Свенска дагбладет“ Патрик Охберг, вонреден професор по политички науки. Според студијата, мажите покажуваат поголем интерес за имиграциската политика, додека жените имаат поголем интерес за родова еднаквост. Оваа тенденција веќе се манифестираше на парламентарните избори во 2018 година, на кои шведските демократи ќе победеа да гласаа само мажите. Шведските жени, пак, со големо мнозинство ги поддржаа левичарските партии, кои ќе победеја со јасно мнозинство да гласаа само жените.
Резултатите донекаде се спротивни на очекувањата на истражувачите бидејќи, теоретски, разликите треба да ја исправат рамноправната положба на половите во Шведска.
„Постојат неколку теории. Еден вели дека разликите меѓу жените и мажите се зголемуваат зашто жените и мажите се фундаментално различни и колку повеќе поединци имаат поголема слобода, толку појасни стануваат разликите. Втората теорија, пак, вели дека разликите што ги согледуваме се засноваат на родовите улоги, а бидејќи родовите улоги стануваат помалку важни, индивидуалните избори треба да бидат поцентрални и со тоа да се намалат разликите помеѓу жените и мажите”, објасни Охберг.
Студијата, исто така, забележа значителен јаз во перцепцијата за родова еднаквост помеѓу мажите и жените. Според студијата, 51 отсто од мажите и 67 отсто од жените се залагаат за зголемена родова еднаквост, јаз кој останува повеќе или помалку недопрен од 1990-тите.
Родовата еднаквост стана жешка тема во многу дебати, по кампањата #MeToo против малтретирање и дебатата за абортус. Охберг тврдеше дека постои ризик оти родовата еднаквост ќе стане сè пополаризирачко прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

