Забава
Шер го враќа времето назад!
Шер се врати на младешкиот изглед откако повторно ја пронајде љубовта со многу помладо момче.
Поп-божицата пристигна во стил на церемонијата на доделувањето награди на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) во Њујорк Сити во понеделникот.
Облечена во кожен комплет, навидум инспириран од култното музичко видео, поп-легендата потсети на времето кога ги полнеше концертните сали.
76-годишната пејачка изгледа години помлада од својата вистинска возраст во фустан со горен дел дизајниран да имитира кожена моторџиска јакна што личи на таа од спотот за нејзиниот мегахит If I Could Turn Back Time од 1989 година.
Пејачката се прошета на црвениот тепих во облека што ѝ пркоси на годините, откако ја потврди романсата со музичкиот продуцент Александар Едвардс (36) , кој е 40 години помлад од неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најсреќните хороскопски знаци во декември 2024 година: овие знаци ќе доживеат преродба
Изминатите неколку години беа тешки за многу претставници на Зодијакот. Повеќето од нас се чувствуваат предизвикано, ако не и угнетено на некој начин.
Марс се спротивставува на Плутон во поголемиот дел од ноември, создавајќи многу тензии, нестабилност, несогласувања и стрес. И покрај овие предизвици, некои хороскопски знаци некако наоѓаат сила да ги надминат.
Најважниот транзит овој месец е влегувањето на Плутон во Водолија на 19 ноември, кога Плутон го напушта знакот Јарец. Во продолжение дознајте кој ќе има најголема корист од оваа промена.
Најсреќните хороскопски знаци во декември 2024 година.
Овен
Овенот, откако издржа и се изгради преку предизвиците во последните години, влегува во фаза на обновување и зајакнување. Испитувањата од претходните години ги зајакнаа, ги подготвија да одат напред самоуверено, без пречки и да ги прифатат сите плодови на напорната работа од претходните години.
Вага
Секое транзитирање на Плутон носи промени и голем притисок, особено кога е во квадрат со вашето Сонце или друга планета. Секоја Вага го доживеала ова, а оние кои се родени при крајот на сезоната на Вага продолжуваат да ги доживуваат тешките зраци на Плутон уште неколку недели. Она што ќе го издржите само ќе ве направи посилни, како што велат. Тестирани сте и со голема одлучност ги поминавте овие тешки времиња. Откако Плутон ќе се пресели низ вашата четврта куќа, вие докажавте дека можете да се справите со речиси се и дека ќе бидете незапирливи во иднина.
Јарец
Поминавте низ многу тешки, но трансформативни ситуации и сега го гледате вашиот свет на сосема поинаков начин отколку пред неколку години. Додека Плутон транзитираше на вашето Сонце, можеби влијаеше на други планети во вашата карта, создавајќи многу предизвици во последната деценија. Добрата вест е дека сето ова завршува на почетокот на декември. Тестирани сте од Плутон, Марс, турбулентно затемнување и полната Месечина – и ги поминавте тестовите. Поради ова станавте посилни, а после ноември знаете што ќе бидете? Незапирливи!
Забава
Кејт Мидлтон нема да присуствува на кралскиот настан, обожавателите на принцезата загрижени
Кенсингтонската палата објави разочарувачка вест во врска со принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.
Oва се случува набргу откако Бакингемската палата излезе со соопштение за претстојниот јавен настап на принцот и принцезата од Велс, кои ќе го пречекаат катарскиот шеик Џавахер на неговата официјална посета на ОК во вторник наутро.
Сепак, и покрај важноста на настанот, принцезата нема да присуствува, што предизвика многу шпекулации.
Кралскиот експерт Камерон Вокер на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека Кенсингтонската палата не го планирала присуството на принцезата. Тоа го потврди и Кејт Менси, која е кралски експерт.
„Принцезата од Велс сепак нема да присуствува на државниот банкет во Бакингемската палата“.
За многумина, отсуството на принцезата Кејт на овој важен настан беше крајно изненадувачки, особено по нејзиното враќање во јавниот живот по закрепнувањето од сериозно лекување.
Сепак, принцезата повторно отсуствува на важниот настан, што предизвикува многу шпекулации и загриженост за можните причини за ваквата одлука. Фановите шпекулираат дека ова отсуство може да биде поврзано со нејзините лични причини или здравствени проблеми.
Забава
Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабарето „Еуфорија“ на 14 јануари – првиот распродаден
Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабарето „Еуфорија“, најавена е втората изведба!
Втората претстава е закажана на 14 јануари 2025 година нудејќи нова можност за сите што не успеаја да го обезбедат своето место за ова долгоочекувано сценско доживување.
Само неколку дена по објавувањето на овој настан, билетите за претставата на 30 декември беа распродадени. Тоа ја потврдува желбата на публиката за нови, иновативни сценски проекти, кои ги редефинираат границите на уметноста. „Еуфорија“ успеа да предизвика возбуда уште пред првата завеса да се крене покажувајќи дека културата и автентичниот уметнички израз се во фокусот на интересот на домашната публика.
Несекојдневен спектакл што ги комбинира танцот, музиката и театарот во едно неверојатно уметничко дело. Со грандиозна продукција, смели кореографии и извонредни изведби ова кабаре го носи духот на модерната сценска уметност директно на македонската сцена.
Да потсетиме, овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчари, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација креативци, кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со над 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна што ги спојува стилот, танцот и музиката во три сегменти. Првиот дел – класичното кабаре, кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре, кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови претворајќи ја сцената во еуфорична забава.
Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст, кое ги обединува сите генерации, затоа подгответе се за вечер што ќе ве остави без здив!!