Забава
Шест работи кои можете да ги правите ако сте во самоизолација
Кога ни е оневозможена комуникацијата со надворешниот свет, обично се наоѓаме во изолација или карантин. Одеднаш имаме повеќе слободно време, поради засилените мерки за превенција или карантин, кои можат да бидат во болнички или домашни услови.
Во светот ситуацијата е многу серозна поради опасниот коронавирус, кој се шири непрекинато и брзо. Карантинот не треба да се сфати како казна, туку како превенција, со осмислен план. Што би ни годело за 14 дена во изолација кога ќе останеме дома? Верувале или не, времето може да се искористи квалитетно.

Постојано се жалиме дека немаме време за добра книга, која би сакале да ја прочитаме, но брзиот начин на живот не ни го дозволува тоа. Со добра книга, времето брзо поминува, а ние ќе бидеме задоволни.

Онлајн забава, игри, учење јазик, виртуелно патување во светот. Пијте кафе и разменувајте приказни преку интернет.
Филмови и омилени серии, сега имате време за нив да ги гледате на мир, внимателно да ги следите нивните содржини, кои постојано ги пропуштате поради недостиг на време.

Среден стан – корисно, практично, големо чистење, бидејќи кога ќе заврши карантинот сè ќе ви биде на свое место, а животот ќе биде полесен.

Вежбајте, тоа е добро за кондиција. Еден од предлозите е и јогата, која целосно нè враќа на самите себе. Пожелна е медитацијата.

Шестата работа која може да ви го исполни времето додека сте во изолација е и пресадувањето цвеќе и средувањето на балконот. Сепак, и погледот преку прозорец не е лоша работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

