Забава
Ѕвездата на „Бриџертон“ одговори на шпекулациите дека тој ќе биде следниот Џејмс Бонд
Фановите сè уште се тажни од веста дека Реже-жан Пејџ нема да ја повтори својата улога на бунтовен војвода од Хејстингс за втората сезона на „Бриџертон“, а тој веќе одговори на шпекулациите дека најверојатно ќе ја преземе улогата на Џејмс Бонд по напуштањето на хит-серијата на „Нетфликс“.
Шпекулациите за Пејџ како можен следен 007 се засилија со неговото излегување од „Бриџертон“. Во најновото интервју за британски „Мирор“, Пејџ откри дека навистина му се допаѓаат таквите тврдења.
31-годишниот актер вели дека е поласкан што го гледаат како кандидат, но се откажал од тоа сугерирајќи дека секој актер што го глуми 007 потоа го поврзуват со таа улога.

„Ах, зборот Бонд. Мислам дека ако сте Британец и ако правите што било кое другите луѓе го забележуваат, тогаш луѓето ќе почнат да зборуваат за тоа“, рече тој на прашањето за Бонд.
„Јас сум поласкан што сум во категоријата Британци кои луѓето ги забележуват“, рече тој, додавајќи: „Ништо повеќе или помалку од тоа. Во моментов нема никакви планови.“
Минатата недела Пејџ зборуваше за неговата одлука да ја напушти хит-серијата на „Нетфликс“, објаснувајќи дека тој всушност никогаш не планирал да остане подолго од една сезона. Во ексклузивно итервју за „Варајети“, тој изјави дека ја прифатил улога на Сајмон знаејќи дека ликот никогаш не требало да се врати во втора сезона.

Тој е еден од најомилените фаворити кај некои обложувалници да ја преземе улогата на 007 откако Даниел Крејг потврди дека се повлекува. Најновиот и воедно последен во кој Крејг е тајниот агент, „Не е време за умирање“, излегува во октомври, по неколку одложувања на премиерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Еден избран хороскопски знак ќе има среќа во текот на следната година
Само еден хороскопски знак како да потпишува договор со судбината. Пари, можности, добивки… сè доаѓа лесно, како универзумот да им шепоти на уво: „Опушти се, сега е твој ред“.
Од сите хороскопски знаци, избраниот е Јарец. Не е изненадување – тие се познати по својата упорност, напорна работа и способност да ја препознаат вистинската можност. Но, следната година, нема да мора да гризат и да притискаат како што правеа досега.
Тие само ќе мора да го направат она што е во нивната природа – да донесат паметна одлука во вистинско време. Можеби некој од вас имал пријател Јарец кој ладно ќе каже: „Јас само го следев планот“. Па, тој план ќе им донесе уште повеќе отколку што очекуваат следната година.
Дали е тоа зголемување на платата, неочекувано наследство, победа во игра на среќа или започнување бизнис што едноставно „кликнува“? Тешко е да се каже. Но, едно е јасно – тие ќе бидат меѓу оние што им позајмуваат на другите, а не обратно.
Ако сте Јарец – не пропуштајте можности. Не се плашете од ризик ако е пресметан. А ако не сте? Придружете им се на Јарците, учете од нив, соработувајте! Понекогаш е доволно да бидете во кругот на оние кои растат.
Конечно, без разлика колку хороскопот укажува на среќа, не заборавајте дека дури и најмалиот чекор кон целта е повреден од чекањето чудо. Среќата ги следи храбрите – Јарецот ќе биде сојузник, а вие можеби ќе бидете инспирирани.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По нервниот слом, поп-ѕвездата драстично го промени својот имиџ
Лејди Гага неодамна беше фотографирана во Париз, каде што изненади многумина со драстична промена на својот имиџ.
Популарната пејачка, која неодамна призна дека доживеала нервен слом додека го снимала филмот „A Star Is Born“, за вечерна прошетка носеше пастелно зелен свилен костум, под кој се гледаше црн градник.

Додаде очила во својот стајлинг за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не се оствари.
Папараците ја препознаа, а најголем шок предизвика нејзината драстична промена на фризурата. Ги замени своите препознатливи руси прамени со црни, шокирајќи многумина.

фото: принтскрин
Забава
(Видео) Трката во Формула 1 во знакот на деколтето на Бијонсе
Трката на Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас заврши, а возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја однесе победата. Трката ја следеа бројни ѕвезди, а најголемо внимание привлече една светска дива – Бијонсе.
За таа пригода, таа одлучи да облече премногу тесен комбинезон од Луј Витон и ја разгоре фантазијата на сите. Бијонсе не се срамеше да ги истакне своите раскошни облини, а бујното деколте беше ѕвезда на нејзиниот стајлинг.
Што се однесува до остатокот од модното издание, таа се одлучи за црни очила кои совршено се вклопуваа со стајлингот, а нејзината фризура беше исто така впечатлива. Дебели кадрици го красеа нејзиното лице, а ова е ретка можност да ја видите светската дива во нејзиниот природен изглед.
Нејзиниот сопруг, американскиот рапер Џеј-Зи, беше нејзино друштво на овој настан, кој одлучи да носи едноставна црна комбинација. Со овој потег, тој го остави целото внимание на јавноста за својата сакана.
фото: принтскрин

