Забава
Ѕвездата на „Модерно семејство” доби бубрег од татко ѝ, потоа и од брат ѝ
Американската актерка Сара Хиланд (28) конечно одлучи да зборува за здравствените проблеми што ја следат уште од раното детство. Ѕвездата на хумористичната серија „Модерно семејство” за магазинот „Селф” кажа нешто повеќе за својата дијагноза и за сите операции што ги имала досега.

Помина низ вкупно 16 операции, вклучувајќи трансплантација на бубрег, што нејзиниот татко ѝ го донираше во 2012 година. Две години по операцијата, нејзиното тело почна да го отфрла органот и мораа да ѝ го отстранат за да нема дополнителни компликации.
Сето тоа влијаело на нејзиното расположение, а исто така размислувала и за самоубиство.
Дијализите и посетите на болницата наскоро станаа составен дел од нејзиниот живот, а во 2017 година ѝ направија уште една трансплантација. Овој пат, бубрегот ѝ го донираше нејзиниот помлад брат Иан (23).
Во тие тешки моменти, голема поддршка ѝ беше нејзиното момче Велс Адамс, поранешен натпреварувач во телевизиското шоу „Совршена невеста“ и шанкер од серијата „Бачелор ин парадајс”.

„Се сретнавме само три дена пред мојата втора трансплантација, и тој, и покрај сè, остана со мене. Ме виде во најлошите изданија и го помина со мене она најтешкото. И што е најважно, сè уште мисли дека сум најубава, па така и се чувствувам“, рече актерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

