Забава
Ја сакаат авантурата повеќе од сè: овие хороскопски знаци се толку енергични што дури нервираат

За нив животот и авантурата имаат исто значење и никогаш нема да се откажат од тоа.
За некои луѓе рутината е безбедно засолниште, но овие хороскопски знаци живеат за возбуда, промени и нови авантури. Нивната љубопитност и потребата за адреналин ги тера постојано да го истражуваат светот околу нив.
Во продолжение дознајте кои се овие хороскопски знаци.
Стрелец
Страстен патник и истражувач, Стрелецот не може да поднесе стагнација. Желбата за нови искуства и учење го тера на постојани промени и авантури.
Близнаци
Друштвени и прилагодливи, Близнаците сакаат динамични ситуации и не можат да го замислат животот без возбуда. Секогаш се подготвени да пробаат нешто ново и да запознаат интересни луѓе.
Овен
Храбар и енергичен, Овенот не бега од предизвици. Тие се првите што скокаат во непознатото и преземаат ризик да ја почувствуваат возбудата што ја носи авантурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кога бил измислен првиот телефон, пронаоѓачот имал пропуштен повик од Чак Норис – легендарниот актер слави роденден

Легендарниот американски актер Чак Норис, кој стана симбол за непобедлив херој со натчовечки способности, денеска полни 85 години. Филмовите во кои тој глумеше во 70-тите, 80-тите и во 90-тите се движеа од умерено добри до понекогаш шокантно просечни, во кои тој обично играше ист тип на ликови.
И покрај тоа, Чак Норис стана вистински феномен за кого се споделуваат подвизи доведени до апсурдност, како и херој на многу анегдоти, кои можеби го прават уште попознат од неговите филмови. И иако тој повеќе не е на екранот, на интернет продолжуваат да кружат коментари за него, во кои непроменливо е претставен во ликот на суперхерој, способен да го направи и невозможното возможно.
Всушност, самиот Чак Норис редовно објавува шеги за своите наводни натчовечки способности на својата веб-страница или ги чита на глас во своето телевизиско шоу.
Да се потсетиме на некои од анегдотите за поранешниот светски шампион во карате:
Чак Норис го отвора фрижидерот и гледа дека пудингот се тресе. Тој вели: „Полека, тука сум на пиво!“
Чак Норис еднаш убил 37 терористи со 2 истрела. Првиот бил предупредување…
Кога бил измислен првиот телефон, пронаоѓачот имал пропуштен повик од Чак.
Кога бил измислен часовникот, Чак Норис бил 1 час пред времето.
Чак Норис користи каскадер само за сцените во кои неговиот лик плаче…
Чак Норис е единствениот човек што ја убедил својата баба дека не е гладен.
Бог сакаше да го создаде светот за 10 дена. Чак Норис му даде 7.
Забава
Андре Агаси објави ретки фотографии од сопругата Штефи: „Најсилната жена што ја познавам“

Легендарниот поранешен тенисер Андре Агаси на „Инстаграм“ објави ретки фотографии од сопругата Штефи Граф. По повод Денот на жената ѝ посвети емотивен опис.
„Среќен Меѓународен ден на жената на најсилната жена што ја познавам“, напиша Агаси и додаде емотикон со срце.
View this post on Instagram
Меѓу фотографиите е и една со нивните деца, синот Џејден Гил и ќерката Џез Ел.
„Најубавата приказна во историјата на спортот“, „Обожавам да гледам како ѝ оддаваш почит“, „Прекрасни фотографии“, „Изгледаш одлично како и секогаш“, „И двајцата изгледаат неверојатно по сите овие години. Штефи изгледа како да не остарела“, „Првото семејство на тенискиот свет“, „Две легенди“, напишаа следбениците во коментарите.
View this post on Instagram
Агаси и Граф се сретнаа во 1999 година на Отвореното првенство на Франција, каде што и двајцата победија во своите категории. Набргу по Отвореното првенство на Франција, меѓу нив се роди љубов и се венчаа во 2001 година на интимна церемонија во Лас Вегас.
Забава
(Фото) Леонардо ди Каприо го помина викендот во Париз со својата девојка: актерот се обиде да се скрие од фотографите

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (50) е фотографиран во Париз. Како што пишуваат странските медиуми, тој таму го поминал викендот со својата девојка, италијанската манекенка Виторија Серети (26).
Ди Каприо и Виторија се снимени како одделно ја напуштаат забавата, на која наводно присуствувала и Кејт Мос. Актерот се обиде да се скрие од фотографите носејќи капа и маска на лицето.
Ди Каприо и Серети ја почнаа својата врска во август 2023 година.