Контакт

Забава

Ќерката на Ед Ширан му помогнала да ја најде својата цел надвор од музиката

Објавено пред

Поп-ѕвездата на топ-листите ја има 15-месечната Лира со сопругата Чери и откри дека девојчето му го променило животот.

dobivaj vesti na viber

Ед Ширан (30), кој се ожени со Чери Сиборм во 2019 година, беше гостин во шоуто на Елен Деџенерeс, каде што рече: „Oткрив дека навистина немам цел надвор од музиката затоа што кога си давав одредено време без работа, чувствував дека не правам сè затоа што сакам да се занимавам со музика. И да се биде татко, всушност, ми даде цел и нешто што во животот е, всушност, поважно од мојата работа“.

Ед е еден од најпродаваните уметници во светот, но татковството го опиша како најдоброто нешто што му се случило.

Хитмејкерот додаде: „Мислам дека има толку многу разни страни и форми во него. Има тешки денови, има лесни денови. Тоа е тобоган од емоции. Знам дека звучи како клише, но е неверојатно“.

Забава

Бред Пит проговори за разводот со Анџелина Џоли

Објавено пред

Од

Бред Пит конечно го прекина молчењето за неговата осумгодишна правна битка со Анџелина Џоли.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за списанието GQ, Пит рече дека конечниот крај на процесот не е голема работа за него:

„Не, не мислам дека беше нешто особено големо“, рече тој. „Само нешто што конечно дојде до својот правен крај.“

Пит и Џоли имаат шест деца. Двојката се венча во 2014 година откако се запознаа на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“. Пит, исто така, рече дека неговиот љубовен живот е „секогаш во вестите“.

За потсетување, Пит неодамна призна дека се чувствува засрамен затоа што не може да ги препознае лицата на луѓето, што довело до непријатни ситуации во неговиот живот. Актерот тврди дека се бори со ретка состојба која не е добро разбрана од јавноста. Тој рече дека му било тешко да се дружи со луѓето поради начинот на кој реагирале кога не ги препознавал.

Пит претходно откри дека справувањето со состојба наречена просопагнозија го прави да се чувствува засрамен, изолиран и погрешно разбран.

Што е просопагнозија?

Во својата наједноставна форма, просопагнозијата е слепило на лицето. Поединците со оваа состојба не се во можност да кажат дали претходно виделе лице и кому му припаѓа, па затоа се потпираат на својата фризура, глас, држење на телото и облека за да ги препознаат луѓето што ги среќаваат. Во најтешката форма на просопагнозија, луѓето не можат ниту да го препознаат сопственото лице во огледало.

Прикажи повеќе...

Забава

Хејли Бибер стана милијардерка

Објавено пред

Од

Хејли Бибер го продаде својот бренд за шминка и нега на кожа Rhode на e.l.f. Beauty и стана милијардерка. Кратко по објавата, нејзиниот сопруг Џастин Бибер исто така се огласи на Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

Тој објави фотографија од Хејли и сподели снимка од екранот од нејзината објава за продажба на брендот, кој постои само три години, за милијарда долари. Го остави описот на објавата празен.

Имаше и неколку честитки во коментарите до Хејли за нејзиниот голем успех, но повеќето од неговите следбеници размислуваа за неодамнешниот инцидент.

Имено, Хејли Бибер неодамна заврши на насловната страница на Vogue, а Џастин во таа прилика напиша дека ѝ рекол за време на расправија дека никогаш нема да биде на насловната страница. Потоа неговите следбеници го нападнаа во коментарите затоа што не ја поддржува својата сопруга, и се чини дека тие сè уште не го заборавиле тоа.

„Тато повеќе не може да пишува титлови“, „Џастин: што рече Хејли x2“, „Многу добро, убавице, веќе научи како да пишуваш титлови“, „Подобро само копирај и залепи за да не з….ш повторно хахах“, „Овој пат остана без титл“, „Го објави титлот на Хејли наместо неговиот – паметен потег“, му напишаа во коментарите сега.

„Кога ја започнав @rhode во 2022 година, секогаш имав големи соништа за оваа компанија“, напиша Хејли на Инстаграм. „Затоа денес сум неверојатно возбудена и горда што објавувам дека влегуваме во нова фаза преку нашето партнерство со e.l.f. Beauty“. Откако им се заблагодари на својот тим и обожавателите, Хејли заклучи: „Ова е само почеток“.

Порано истиот ден, e.l.f. Beauty објави дека постигнале договор за купување на Rhode за 1 милијарда долари. Договорот вклучува 800 милиони долари во готово и акции при затворањето и можни дополнителни 200 милиони долари заработка во зависност од идниот раст на брендот.

Прикажи повеќе...

Забава

Најпосесивните знаци во хороскопот

Објавено пред

Љубовта може да биде нежна и грижлива, но за некои знаци на хороскопот, таа вклучува и доза на контрола, страв од загуба и желба партнерот да „припаѓа само на нив“. Не станува збор за злонамерна намера, туку за длабока емоционална приврзаност и потреба за безбедност. И додека повеќето знаат како да повлечат граница, овие два знака честопати тешко се справуваат со несигурноста во љубовта, и тогаш се раѓа посесивноста.

dobivaj vesti na viber

Шкорпија
Ако постои знак кој сака интензивно и го штити она што го сака уште поинтензивно, тоа е Шкорпијата. Нивната љубов доаѓа во најдлабоката и најстраствена форма, но заедно со неа доаѓа и потребата за контрола. Шкорпиите тешко се справуваат со неизвесност и двосмислени ситуации. Ако почувствуваат дека нешто излегува од контрола, стануваат недоверливи, љубоморни и екстремно заштитнички настроени. Не им е доволно само да им веруваат, тие сакаат да чувствуваат целосна посветеност. Сè што е помалку од тоа е закана за нив.

Бик
Биковите можеби не изгледаат драматично, но кога сакаат, тоа го прават од длабоко убедување дека врската е нешто што треба да трае. Тие ја ценат стабилноста и рутината, а секоја промена во однесувањето на нивниот партнер може да ги вознемири. Посесивноста на Биковите доаѓа од нивната внатрешна потреба за безбедност, тие сакаат да знаат каде се, со кого се и што да очекуваат. Иако не реагираат бурно како Шкорпиите, нивната тврдоглавост и тивко сомневање можат да создадат чувство дека постојано ве следат.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Глад и хаос во Газа: цивили упаднаа во магацин на ОН

Магацин на Обединетите нации во централниот дел на Појасот Газа беше пробиен, додека очајни и гладни луѓе упаднаа во објектот...

Топ1 час

Судот ги поништи царините на Трамп, ги прогласи за незаконски

Федералниот суд на Соединетите Американски Држави ги блокираше многу високите царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе на странски земји,...

Македонија1 час

Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три...

Македонија2 часа

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народна банка. Собранието доцна синоќа гласаше за неговиот избор. Тој доби поддршка...

Македонија3 часа

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници, повеќето ќе се борат за нов мандат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. За Град Скопје се’ уште не е донесена одлуката. Се работи...

Македонија15 часа

(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во...

Македонија16 часа

Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на...

Македонија17 часа

Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на...

Македонија19 часа

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...

Македонија21 час

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат,...

Македонија21 час

Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство: Со господинот Алиу се познаваме, мислам дека добро ќе соработуваме

Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за...

Македонија22 часа

Владата ќе дава грант од 10.000 евра за млади до 29 години за отворање на сопствен бизнис

Во Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска: Доставивме документи до ДКСК, бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер...

Свет23 часа

Папата Лав: Плачот на мајките и на татковците што држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната

Папата Лав, денес, апелира за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас целосно да...

Македонија24 часа

Мицевски: Договорот со Обединетото Кралство во собраниска процедура, истoриски чин за Македонија

Во Собранието почна Комисијата за надворешни работи на Собранието каде точка на дневен ред е Предлог законот за ратификација на...

Македонија24 часа

Сопственикот на објектот е нов обвинет за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кон уште едно лице, кое исто така...

Свет1 ден

Зеленски пристигна во Берлин, Мерц му ветува посилна воена и политичка поддршка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денес, во Берлин, ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти германската влада, како дел од...

Топ1 ден

Приведено лице барано по две централни потерници

Полицијата приведе криминалец кој е бара по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и...

Свет1 ден

Трамп: Канада може бесплатно да се приклучи на ракетниот штит „Златна купола“ ако стане американска држава

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека Канада може да се приклучи на планираниот американски противвоздушен одбранбен штит, познат...