Забава
Џад Лоу тајно се венча со својата 14 години помлада свршеница
Актерот Џад Лоу (46) се ожени со 14 години помладата девојка Филипа Кун (32) на интимна свадба на 30 април во Лондон. Двојката одлучи да ја избегне холивудската листа на гости, па ги покани само најблиските пријатели и семејството во Градското собрание на Стариот Мерилбоун. Двојката се сврши во февруари по четиригодишна врска, пишува „Дејли мејл“.
Џад носеше кадифен син костум, шапка и тркалезни очила за сонце, а невестата во мини фустан со длабоко деколте, исто така со шапка, и спротивно на традиционалната должина на фустанот, ги покажа нозете. Во раката држеше букет со разнобојни цвеќиња. Двојката пристигна во Градското собрание заедно во ренџ ровер.
Филипа е психолог со докторат и води сопствена консултантска фирма. Венчавката беше изненадувачка со оглед на претходните шпекулации дека планираат да се венчаат во Франција на пролет, опкружени со холивудски пријатели.
Откако двојката ја најави својата венчавка, странските медиуми објавија дека актерот го замолил својот најстар син да му биде кум.

Раферти Лоу(22), најстариот син на актерот, сподели неколку свадбени фотографии на Инстаграм, пеејќи на покривот на една зграда и пушејќи пура.
Џад и Филипа ја потврдија својата врска во 2015 година, на црвениот килим на фестивалот Хеј. Актерот е татко на пет деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Ријана повторно е секс бомба: Три месеци по породувањето, го покажа задникот
Познатата пејачка Ријана пред три месеци роди девојче, третото дете што го доби со раперот ASAP Rocky, но тоа не ја спречи да изгледа како никогаш да не родила.
Ријана претстави кампања за нејзината нова колекција Savage x Fenty, а свој придонес имаше исто така и ќерката на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон.
Бидејќи Ријана беше главна ѕвезда, никој не можеше, а да не забележи како изгледа пејачката само неколку месеци по породувањето. Не е познато која е нејзината тајна, но дефинитивно има ефикасно решение за оваа фигура по три деца.
„Афродита беше дива“, напиша таа во описот на објавата во која позира во неколку различни модели од нејзината колекција.
Прво, таа покажа цветен комплет со наметка, а потоа имаше фотографии од Ријана во секси чипкаст градник и долна облека. И, токму како што многумина се надеваа, таа го сврте грбот на камерата и им го покажа на сите својот затегнат задник.
„Мама“, „Совршена си“, „Гориш“, „Овие објави недостасуваа“, „Бомба“, беа дел од комплиментите што популарната Рири ги собра на Инстаграм.
Забава
Без печење или брашно: Рецепт за најкремастиот десерт
Тортата не мора да има многу состојки за да биде вкусна, а овој рецепт го докажува тоа. Без печење или брашно, ќе го имате најсовршениот кремаст десерт.
Состојки:
200 г обични чајни бисквити
100 г јаткасти плодови по вкус
80 г путер
200 г чоколаден намаз (идеално Нутела)
400 г крем сирење
50 г шеќер во прав
200 мл павлака од 33%
прстофат сол
чоколадо и неколку јаткасти плодови за посипување
Подготовка:
Треба да ги издробите бисквитите и јаткастите плодови, а потоа да додадете 80 г растопен путер во смесата. Втиснете ја основата во кружен калап со димензии од приближно 18 см.
Измешајте 200 г крем сирење и чоколаден намаз, а потоа измиксајте. Прелијте ја кората од бисквити и јаткасти плодови, а потоа измешајте 200 мл павлака и шеќер со преостанатите 200 г крем сирење.
Прелијте ја оваа смеса врз претходниот слој Нутела и сирење. Декорирајте го горниот дел од тортата со парчиња јаткасти плодови и рендано чоколадо.
Ставете ја тортата во фрижидер неколку часа за да се соедини убаво, а потоа исечете ја по желба.
Погледнете го видеото за повеќе детали:
Забава
(Фото) Природна убавина на 57 години: Во пижами и без шминка, го освои интернетот
Благодарение на својот младешки изглед, Кајли Миног (57) е сè уште една од најпосакуваните жени на светската јавна сцена, а откако ја испрати старата година во секси костим на Дедо Мраз, им се обрати на своите обожаватели на почетокот на новата година со полежерна објава која привлече големо внимание.
Таа сподели серија фотографии на кои позира во бели пижами со црни точки, додека пие кафе и ужива во топлината на домот. „Добро утро, на здравје!“, напиша таа на Инстаграм.
Станува збор за елегантни свилени пижами кои доаѓаат од престижната модна куќа „Долче и Габана“, а комплетот може да се најде онлајн за 3.200 евра.
Горниот дел е посебен поради ременот на половината, додека долниот дел е во форма на широки панталони со навидум свиткани краеви.
Пејачката влезе во новата година во одлично расположение, судејќи според фотографиите, а доби и многу комплименти за оваа објава и нејзиниот младешки, без шминка изглед.

