Забава
Џастин Бибер ги изненади фановите со розова коса
Популарниот пејач Џастин Бибер важи за еден од милениците на девојките, а познат е и по тоа што честопати менува фризури. Но, неговата најнова промена е оценета како вистинско разочарување.
Пејачот на мегахитот As Long As You Love Me (Додека ме сакаш) во неделата се појави со нова необична боја на косата. Повеќе ги нема светло-русите перчиња коишто ги направи за втората свадбена церемонија со Хејли во септември.
Наместо тоа, поп-ѕвездата изненади во сосема ново издание – бебешки розова коса.

Папараците го забележаа Бибер додека игра кошарка со пријатели во Беверли Хилс, Калифорнија. Што се однесува на стилот за спортување, остана непроменет – преголема бела маица и соодветни бели патики.
Во изјава за People, извор близок до пејачот тврди дека Бибер работи на нова музика и се подготвува за турнеја. „Новиот албум ќе биде објавен многу брзо. Се надевам токму за празниците,“ рекол изворот. „Џастин исто така се подготвува за турнеја следната година. Тој интензивно вежба и танц на сцена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
При првата критика – доаѓа бура од сомнежи: Овие хороскопски знаци се полни со несигурност
Некои хороскопски знаци се почувствителни на критики од другите. Без разлика дали повратните информации се добронамерни или сурови, тие често ги доживуваат лично, длабоко и емоционално.
Нивната несигурност не произлегува од слабост, туку од преовладувачка потреба за потврда од нивната околина и емоционална безбедност. Подолу, претставуваме четири групи знаци кои најчесто се издвојуваат по тоа што се особено погодени од критиките.
Риби
Рибите го впиваат секој изговорен збор како сунѓер. Критиките, дури и благите, можат длабоко да ги допрат, бидејќи сè доживуваат емоционално и лично. Изгледаат нежни и повлечени, но зад тоа лежи многу богат внатрешен свет во кој ја анализираат секоја забелешка со часови.
Рибите често се прашуваат дали разочарале некого, дали се доволно добри или дали можеле да направат нешто подобро. Поради ова, понекогаш ги доживуваат критиките како потврда на сопствените стравови, што значително ја поткопува нивната самодоверба. Им треба време и поддршка за повторно да се чувствуваат стабилно.
Рак
Раковите ја градат својата безбедност врз чувство на прифаќање и блискост. Кога добиваат критики, без оглед на тонот, тоа може да ги потсети на ранливостите што се обидуваат да ги сокријат. Раковите често реагираат со повлекување, молчење или емоционално дистанцирање, бидејќи во нивниот свет, критиката често се претвора во лична повреда.
Иако можат да најдат корисни насоки во критиката, им треба време да обработат сè што почувствувале. Раковите не забораваат лесно, па дури и една непромислена реченица може да остави трага што ја носат со денови.
Вага
Вагите често копнеат по хармонија и мир, а секоја критика ја нарушува нивната внатрешна рамнотежа. Често се грижат за тоа што мислат другите, па затоа критичката забелешка делува како сигнал дека нешто не е во согласност со очекувањата на оние околу нив.
Поради прекумерната анализа и потребата да им угодат на сите, Вагите лесно стануваат несигурни во врска со сопствените одлуки. Критиката ги повредува бидејќи во неа гледаат можност дека направиле грешка или разочарале некого. Им треба охрабрување повторно да веруваат во сопствените проценки.
Девица
Девиците се група која често ги доведува во прашање сопствените постапки, дури и без коментари од другите. Кога ќе стигнат критики, тие можат да ги погодат посилно отколку што би очекувал некој, бидејќи се судира со нивниот внатрешен перфекционизам. Тие се стремат кон совршенство, па дури и најмалата забелешка може да звучи како потврда дека не биле доволно добри.
Девиците детално ги анализираат критиките, размислувајќи дали можеле да направат нешто поинаку и дали некаде не успеале. Иако однадвор изгледаат смирени, внатрешно доживуваат вистинска бура од сомнежи и самопреиспитување.
фото: pexels
Забава
(Видео) Како милион долари: Сексипилната актерка има 47 години и никогаш не изгледала подобро
Европската премиера на „Аватар“ се одржа во Франција, а Зое Салдана се истакна на црвениот тепих со блескаво модно издание.
Актерката Зое Салдана позираше на европската премиера на филмот „Аватар 3“ која се одржа во Франција и доби само позитивни коментари од публиката.
За единствена можност да се покаже во Европа, Зое избра црн фустан од корсет покриен со светки, но и со волуменозни детали на градите и околу половината, па сè изгледаше како мала холивудска бајка на нејзин начин.
Зое е позната и како една од ретките јавни личности кои не посегнуваат по трендот на нагласена шминка, па овој пат носеше минимална шминка, во неутрални тонови и беше сосема природна.
Кога станува збор за нејзината фризура, актерката не сакаше многу да експериментира, ја собра косата во ниска опашка и ги остави шишките сами да паѓаат и да го врамуваат нејзиното лице.
Многумина заборавија дека убавата Зое Салдана има 47 години, па ентузијазмот за нејзиниот изглед беше уште поголем.
фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Мајката изгледаше неодоливо, но синот го украде целото внимание на црвениот тепих
Познатата актерка Гвинет Палтроу, која неодамна го покажа својот сопруг Бред Фалчак, премиерно го претстави својот нов филм „Martz Supreme“ во Лос Анџелес, а нејзино друштво на црвениот тепих беше нејзиниот 19-годишен син Мозес, кој дојде да ја поддржи својата мајка.
Ова беше негово прво појавување на црвениот тепих, па затоа е јасно зошто привлече секакво можно внимание додека неговата мајка гордо блескаше покрај него.
Гвинет Палтроу избра едноставна, но ефективна облека за овој настан, а нејзиниот син беше совршено вклопен со неа, ставајќи јасно до знаење дека ги следи модните трендови – со темно сина како доминантна боја, во комбинација со кафеава – покрај темно сината долга, права облека со широк крој, без прерамки на неговата мајка.
Ова е фустан од нејзината сопствена линија „Gwyn“, а веќе знаеме дека актерката со години претпочита лежерна и практична облека, па затоа нема причина да бидеме изненадени од овој избор за премиерата на филмот.
Гвинет има и постара ќерка, Епл, со пејачот на Coldplay, Крис Мартин. Двајцата беа во брак од 2003 до 2016 година.
фото: Depositphotos

