Забава
Џенифер Анистон: Не гласајте за Канје Вест
Џенифер Анистон ги предупреди Американците да не гласаат за Канје Вест за американски претседател.
51-годишната актерка се огласи на „Инстаграм“ за да ги охрабри луѓето да гласаат на изборите во САД откривајќи дека го поддржува кандидатот на демократите Џо Бајден. Таа исто така ги повика своите следачи на социјалните мрежи да не гласаат за раперот Канје.
Заедно со снеп додека го испраќа своето гласачко ливче таа напиша: „Јас гласав за Џо Бајден и за Каламарис и тоа го сторив рано. Гласав за нив бидејќи во моментот оваа земја е поделена повеќе од кога и да било порано.
„Ве повикувам навистина да размислите кои луѓе ќе биде најпогодени од овие избори ако останеме на патеката на која се наоѓаме сега… вашите ќерки, ЛГБТК+-заедницата, нашите црни браќа и сестри, постарите лица со здравствени проблеми и вашите идни деца и внуци кои ќе имаат задача да ја спасуваат планетата за која нашето раководство одбива да верува дека боледува“.
Џенифер ги повика своите фанови да не ги поддржуваат претседателските амбиции на Канје повикувајќи ги луѓето да гласаат одговорно.
„Целата оваа работа не е за еден кандидат или за едно единствено прашање, туку за иднината на оваа земја и на светот. Гласајте за еднакви човекови права, за љубов и за пристојност.
„ПС – Не е смешно да се гласа за Канје. Не знам како поинаку да го кажам тоа. Ве молам, бидете одговорни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

