Забава
Џенифер Лопез поднесе барање за развод од Бен Афлек

Американската пејачка Џенифер Лопез поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек по две години брак.
Барањето е поднесено во вторникот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи пренесува Би-Би-Си.
Во документот се наведува дека двете страни се обврзани да споделуваат финансиски информации, вклучувајќи тековни приходи, расходи, средства и долгови.
Лопез и Афлек се запознале на филмски сет во 2003 година и планирале да се венчаат, но на почетокот на следната година ја раскинале свршувачката.
„Љубовта е убава. Љубовта е мека. И излегува дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпение“, изјави Лопез по нивната венчавка во Лас Вегас во 2022 година.
Афлек беше во брак со актерката Џенифер Гарнер со која има три деца, додека на Лопез ова и беше четврти брак, а од бракот со пејачот Марко Антонио има близнаци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Назад во 2000-тите: пејачката веќе го носи ова парче облека, а на жените навистина не им се допаѓа

Пејачката Оливија Родриго веќе го прифати еден од најконтроверзните модни трендови од почетокот на 2000-тите – фармерки со низок струк, кои буквално беа мразени од многумина.
Таа јасно го одобри враќањето на овој моден предмет што некои жени со задоволство го носеа, но повеќето од нив категорично го отфрлија. Фармерките со низок струк бараат рамен стомак, пред сè, а се и показател за многу недостатоци на женското тело.
Оливија објави серија фотографии на Инстаграм, а на една позира во токму такви фармерки кои ги искомбинира со кратка блуза со лелеави ракави и процепи што го откриваат деколтето.
Не се само фармерките тие што докажуваат дека е среќна што се враќа во 2000-тите, бидејќи носи и дебела нараквица која беше исклучително популарна во тоа време, а со чантата во боја на леопард, таа создаде совршена мешавина од модерен и носталгичен стил.
фото: принтскрин
Забава
Малкумина знаат да ги „носат“ своите години како Џоан Колинс: таа уште еднаш докажа дека е дива – дури и на 93 години

Актерката Џоан Колинс неодамна го посети London’s Garrick театарот, каде што прифати улога во мјузиклот на Мел Брукс „The Producers“. Таа прошета по црвениот тепих во бела облека – од глава до пети – што дополнително ја нагласи нејзината аура на дива.
Џоан носеше бела облека – блуза и миди здолниште, кои ги надополни со јакна и палто во боја на слонова коска.
Таа додаде дебела огрлица и обетки на својот стајлинг, бидејќи секој аутфит го надополнуваат аксесоарите, а косата ја стилизираше на свој уникатен начин – се одлучи за фризура полна со волумен.
Конечно, таа избра ефективна, темна шминка што ја истакна нејзината блескава насмевка.
фото: принтскрин
Забава
Рис Витерспун: „Поминав низ пекол по разводот“

Рис Витерспун беше во брак со нејзиниот колега Рајан Филип од 1999 до 2008 година, и како што изјави за „Њујорк тајмс“, причината за пропаѓањето на нивната љубов била самата младост.
Актерката била во раните дваесетти години кога се омажила, а подоцна ги родила ќерката Ава и синот Декон. Таа признава дека не знаела речиси ништо за љубовта, а камоли за семејниот живот.
Раскинувањето со Рајан било тешко, особено за децата, бидејќи биле мета на фотографите.
„Папараците беа насекаде. Надвор од училиштето, во градот, постојано нè следеа. Знаете, ни предизвикуваше напади на паника, напади на анксиозност, никогаш не бевме смирени. Нè бркаа со автомобили откако се разведов, надевајќи се дека ќе дознаат некои приказни за мене и Рајан – дека сме се скарале или нешто слично.
Беше страшно. Папараците им викаа работи на децата за нивниот татко или за мене што беа навистина несоодветни за нивната возраст“, рече таа, додавајќи дека нејзиниот живот во тоа време бил вистински пекол.
За среќа, тој мрачен период сега е зад нив. Откако се разведе од Рајан во 2008 година, Рис се омажи за својот втор, сега поранешен сопруг, Џим Тот, во 2011 година, со кого го доби синот, Тенеси.
Двојката се разведе во 2023 година.