Забава
Џенифер Лопез се сврши со Бен Афлек?!
Џенифер Лопез и Бен Афлек можеби официјално ја зацементирале нивната заедничка иднина, објави „ТМЗ“ во четвртокот, додавајќи дека Џенифер носи дијамантски прстен на „тој“ прст, и нешто што направи со дијамантот предизвикува уште повеќе сомнеж.
Папараците ја уловија поп-ѕвездата додека купува мебел во Лос Анџелес со нејзината ќерка Ема, а прстенот на нејзината рака поттикна шпекулации дека таа е свршена со актерот Бен Афлек.
„Големиот дијамантски прстен на левата рака дополнително ги подгреа шпекулациите за тајна свршувачка бидејќи, кога сфати дека папараците ја чекаат на излез од продавницата, таа го сврте прстенот, криејќи ја дијамантската страна кон дланката“, пишува порталот на славните.
Доколку дијамантот е всушност свршенички прстен, тоа би претставувало уште една свршувачка за оваа позната двојка, која ја обнови својата романса минатата година, откако ја откажа првата во 2004 година.

Пред само два месеца, Лопез беше на промотивна турнеја за новиот филм Marry Me („Омажи се за мене“) кога јавно проговори за обновената љубовна врска со Бен Афлек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Карлеуша за Цеца по настапот во Велес: „Не е незнаење, тоа е дно“
Пејачката Јелена Карлеуша реагираше по настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што Цеца се завитка во бугарското знаме, потег што предизвика негодување кај публиката.
Како што пренесе „Курир.рс“, Карлеуша на социјалната мрежа „Икс“ го нарече овој чин „дно“ и напиша:
„Идејата да се завиткаш во знамето на земја што го оспорува името и постоењето на Северна Македонија, па уште и да го бакнеш – тоа не е глупост или незнаење, тоа е дно.“
Во текстот се додава дека и македонскиот шоумен Боки 13 реагирал со негодување, додека од прес-службата на Цеца не дале коментар.
Подоцна, Ражнатовиќ се огласи и изјави дека нејзината намера не била да навреди никого:
„Секогаш со радост ја прифаќам секоја знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојот народ. Жал ми е ако некого повредив – тоа не ми беше намерата, особено не домаќините,“ изјави пејачката за „Блиц“, која потоа во текот на концертот го подигна и македонското знаме.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.

