Забава
Џенифер Лопез совршена во новата реклама за „Долче и Габана“
Фотографии од Џенифер Лопез во ултрасекси фотосесија за „Долче и Габана“ ги преплавија таблоидите и социјалните мрежи.
Поп-ѕвездата и актерка (52) ги покажа своите тонирани стомачни мускули во проѕирна долна облека од тантела и појас со жартиери додека позира во рамките на најновата жешка кампања на италијанската луксузна модна куќа.
Украсена со накит на истиот бренд, комбинација на бисери и злато, Џеј Ло никогаш не изгледала посекси, коментираат таблоидите.
На други фотографии Џенифер позира заедно со машки модел, и двајцата рекламираат очила на „Долче и Габана“.
Кампањата на D&G, компанија на италијанските модни творци Доменико Долче и Стефано Габана, е само еден од неколкуте проекти со кои иконата на шоубизот беше зафатена деновиве.
Џенифер глуми покрај Овен Вилсон во новата романтична комедија „Омажи се за мене“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Куќата каде што е основана AC/DC е урната по грешка: новиот сопственик не бил свесен за нејзината историја
Сместена во предградието Бурвуд во Сиднеј, оваа куќа долго време е место посетено од обожаватели на бендот од целиот свет.
Малколм и Ангус Јанг од AC/DC живееле во оваа куќа како тинејџери кои формирале сопствен бенд со нивниот брат Џорџ Јанг, гитарист на популарната рок група Easybeats. Нивното семејство мигрирало во Австралија од Шкотска, а во 1965 година се преселиле на улицата Бурли.
Семејната куќа ја купил градежен изведувач во март 2023 година за 5,8 милиони австралиски долари, а минатиот месец тој одлучил да ја урне. Дури откако куќата била урната, градежната компанија „Бурвуд Сквер“ го утврдила културното значење на оваа куќа.
„Историската врска со AC/DC не беше навремено воспоставена и жалиме што претходниот долгогодишен сопственик не ја сподели оваа информација со нас. Иако не можеме да го промениме минатото, ние сме посветени да го славиме овој значаен дел од приказната на бендот“, рече генералниот директор на оваа компанија, Леон Камита.
Планирано е на земјиштето на кое некогаш стоела оваа куќа да се изгради кула од 50 ката со 120 соби и 48 апартмани.
Иако оваа куќа беше наведена во австралискиот национален регистар во 2013 година, таа не ја доби заштитата што требаше за да се спречи уривање. Советот на Бурвуд спроведе преглед во 2015 година за да утврди дали куќата треба да биде на листата на наследство. На крајот, тие изјавија дека не е препорачливо додавањето на куќата на листата на наследство бидејќи, како што тврдат, „периодот на престој на членовите на AC/DC бил прекраток за да биде релевантен за нивниот живот и работа“.
Забава
Натали Балмикс ја објави песната што беше дисквалификувана од хрватскиот натпревар за Евровизија, фановите со реакции: „Вратете ја, би победила“
Натали Балмикс ја објави песната што беше дисквалификувана од „Дора“ и на „Јутјуб“ и на социјалните мрежи се нижат реакции.
„Песнава е подобра од која било на ‘Дора’“, „Каков хит, и оваа го исфрлаат“, „Вратете ја Натали на ‘Дора’“, „Звучи како нешто што Северина би снимила порано. Има сериозен потенцијал за сцената. Штета!“, „Ова е за Евровизија, а жирито на ‘Дора’ треба да биде заклучено некаде за да не избираат повеќе финалисти“, „Ова е брутално“, се само дел од коментарите.
Се огласија и странските евровизиски фанови. „Ја дисквалификувавте единствената песна што ќе имаше шанса на Евровизија“, „Одлична песна, требаше да биде на Евровизија. „Дали ХРТ е реална што дисквалификува“, „Натали, дојди во Србија, ние ќе те избереме“, „Каква штета, поздрав од Украина“.
Натали ја објави песната на денот кога беа официјално објавени сите песни што ќе се натпреваруваат на „Дора“ оваа година.
View this post on Instagram
Текстот го напишаа Натали Балмикс и Аида Бараку, а музиката ја компонира Дарко Димитров, македонски композитор и продуцент.
„Песната беше дисквалификувана од натпреварот поради значителни промени во финалната верзија“, се наведува во објаснувањето на ХРТ.
Забава
Хари и Меган им нудат засолниште во својата вила на пријателите во Лос Анџелес погодени од пожарот
Меган Маркл и принцот Хари проговорија за пожарите во Лос Анџелес.
Парот, кој живее во Монтесито, Калифорнија, ги повика луѓето преку својата веб-страница Sussex.com да ги посетат своите соседи и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Тие исто така оставија линкови од веб-страници на разни добротворни организации. Тие исто така побараа од луѓето да ги отворат своите домови за погодените од пожарите. Меган и Хари ги отворија вратите на својата вила во Монтесито, вредна 29 милиони долари, за пријателите од Лос Анџелес погодени од пожарот, пишува „Дејли мејл“.
„Доколку некој пријател, член на семејството или домашно милениче треба да се евакуира и можете да им понудите засолниште, направете го тоа. Исто така, проверете дали на вашите соседи со попреченост или постари лица им е потребна помош при евакуацијата. Некои семејства останаа без ништо. Размислете за донирање облека, детски играчки и основни потреби. Американскиот Црвен крст е на терен и им помага на оние на кои им е најпотребно“, напишаа тие.