Забава
Џенифер Лоренс на снимањето со Џон Хил: „Беше многу тешко да се работи со него“
Во текот на годините на кариерата Џенифер Лоренс се појавуваше на екранот со многубројни ѕвезди. Од познати личности од The Hunger Games до улоги во серијата X-Men, таа работеше со многу познати имиња, но имаше едно со кое ѝ беше особено тешко да работи. Имено, Лоренс призна дека ѝ било многу, многу тешко да снима со Џон Хил додека глумеле заедно во филмот „Не гледај нагоре“ на „Нетфликс“ од 2021 година.
Хил го толкуваше началникот на кабинетот на Белата куќа, Џејсон Орлеанс, а Лоренс ја играше астрономот Кејт Дибијаски. Таа ги сподели своите искуства зад сцената со „Венити фер“. „Беше многу, многу тешко да се снима со Џон и да не се уништи снимањето со смеа“, објасни таа.
„Посветивме само еден ден за да импровизира навреди на моја сметка. Беше неверојатно“, додаде таа. Лоренс го пофали талентот на Хил за импровизација додавајќи дека „тој и Мерил се единствените што треба да прават таква импровизација“. „Мислам, тој е мајстор за комедијата. Сите сме се обиделе да импровизираме, но никој не бил на исто ниво како него“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Елтон Џон oткри што сака да пиушува на неговиот надгробен споменик
Елтон Џон зборуваше за своето здравје и емотивните желби пред премиерата на неговиот нов документарен филм „Елтон Џон: Никогаш не е доцна“, ретроспектива на неговиот живот и кариерата.
Музичката икона, која денес има 77 години, искрено сподели што сака да пишува на неговата надгробна плоча откако призна дека не знае уште колку време му преостанува. Само сакам на мојот споменик да пишува: „Тој беше одличен татко“, рече тој.
Во текот на изминатите неколку години Елтон се соочи со голем број здравствени проблеми, вклучително и замена на колената и еден колк. Во 2021 година тој мораше да ја одложи својата концертна турнеја Farewell Yellow Brick Road по падот, кој бараше операција.
Зборувајќи за своето здравје, Елтон откри: „Немам крајници, аденоиди или слепото црево. Немам простата. Немам десен колк, лево колено или десно колено. Всушност, единственото нешто ми што остана е мојот лев колк. Но, јас сум уште тука. И не можам доволно да ви се заблагодарам – вие сте луѓето што ме одржаа понатаму“.
По завршувањето на неговата проштална турнеја минатата година, пејачот реши да престане да настапува во живо. „По ова, повеќе не морам да работам. Ќе работам на снимање албуми, радиоемисии, но патувањето е исцрпувачко. Навикнат сум на тоа, јас сум ветеран, но ова е моментот кога почнуваш да размислуваш за смртноста“, рече тој.
Забава
(Видео) Пејачот на „Парни валјак“ падна од сцената и заврши во болница
„Парни валјак“ во неделата имаше концерт во Дубровник, но групата мораше да го прекине настапот поради повреда на пејачот Игор Дрвенкар.
Дубровчани и нивните гости се собраа во неделата вечерта на „Страдун“ на концертот на групата „Парни валјак“ во рамките на Дубровничкиот зимски фестивал.
Тие ги пееле хитовите на култниот локален бенд, а потоа се случила несреќа, пејачот Игор Дрвенкар паднал од бината и се повредил.
Хусеин Хасанефендиќ-Хус најпрвин им кажа на насобраните дека концертот може да продолжи за еден час, пренесе „Дубровник весник“.
Моментот на падот го снимил некој од публиката, а го објави „Дневник.хр“.
Организаторите се огласија подоцна и открија што се случило со Игор.
„Концертот на ‘Парни валјак’ нема да продолжи поради повреда на пејачот, кој, по приемот во болница, е задржан поради повреда на рамото. Се чувствува добро“, најавија од Дубровничкиот зимски фестивал.
Инаку, концертот беше најавен за саботата, но беше одложен поради лошите временски услови.
Инаку, Дрвенкар на крајот на минатата година го наследи легендарниот Аки Рахимовски.
Медиумите потсетуваат дека и Лепа Брена се повреди пред неколку дена на настап во загребската „Арена“. Додека чекала во лифтот за да излезе на сцената, снимател паднал врз неа и ѝ го скршил зглобот. Брена итно била оперирала и по два дена била пуштена на домашно лекување.
Забава
Принцот Вилијам би можел да стане крал порано од очекуваното?
Според анализите на светските медиуми, изгледа дека британското кралско семејство се подготвува да се соочи со нова криза, па дури и сукцесија, како што здравјето на кралот Чарлс III не се подобрува по дијагнозата рак на простатата. Сали Бедел Смит, биограф на принцот од Велс, во интервју за „Радар онлајн“ изјави дека принцот Вилијам и принцезата Кејт, која исто така се бори со еден вид рак, се подготвуваат да ја преземат круната.
Во случајот со принцезата од Велс, таа постепено ги продолжила своите кралски должности откога во септември објавила дека завршила со лекувањето, а Вилијам ги презел повеќето кралски обврски, иако кралот Чарлс III продолжува да ги извршува своите должности, според објавеното.
Според интервјуто, иако кралот продолжува да ги извршува своите должности, тој мораше да прифати ограничувања поради лекувањето на ракот. Како резултат на тоа Вилијам презеде повеќе одговорности, а тој и Кејт се подготвуваат за своите идни улоги поинтензивно од очекуваното.
Кралицата Камила исто така ги намали своите кралски должности додека закрепнува од пневмонија. Оваа ситуација поврзана со здравјето на монархот би можела да го забрза непосредното наследување. Сепак, ниту Бакингем ниту палатата Кенсингтон не издаде официјално соопштение за здравјето на кралот или за можното наследување на тронот.
Светските медиуми потсетуваат дека на кралот Чарлс му беше дијагностициран рак во февруари оваа година, а оттогаш е на хемотерапија. И покрај болеста, тој продолжува со своите обврски, иако некои од настаните му ги додели на својот син. Во текот на октомври, за време на официјалната посета на Австралија и Самоа, Чарлс привремено го прекинал лекувањето со одобрение на неговите лекари. Сепак, моментната здравствена состојба на кралот останува непозната надвор од кралското семејство, според написите.