Забава
Џенифер Aнистон: Џоли ми го украде Пит пред моите очи
Актерката Џенифер Анистон неодамна во едно свое интервју раскажа за моментот кога нејзината колешка Анџелина Џоли во 2005 година пред нејзините очи ѝ го украл тогаш нејзиниот сопруг Бред Пит, пишува „Мирор“.
Анистон и Пит се венчаа во 2000 година, а нивниот брак траел пет години. Причината за разводот била Анџелина Џоли, во која Бред Пит се заљубил за време на нивното заедничко снимање на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Анистон за „Ванити фер“ откри дека со нејзината седум години помлада колешка Анџелина Џоли се видела само еднаш во животот и тоа на паркинг додека ја снимала серијата „Пријатели“. Средбата се случила во 2004 година, непосредно пред почетокот на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

„Бред е многу возбуден што ќе работи со тебе. Се надевам дека добро ќе се забавувате“, ѝ кажала тогаш Анистон на Џоли не насетувајќи воопшто дека може да ѝ го украде мажот.
Анистон сега открива дека ништо не ѝ навестило дека средбата меѓу Анџелина и Бред ќе биде крај за нејзиниот брак и почеток на нова љубовна приказна. Денеска Анистон вели дека чувствува тага поради коментарот што ѝ го дала на Џоли. Џенифер откри дека Бред си заминал многу бргу од нејзиниот живот по запознавањето со Анџелина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Убедливо најголеми баксузи во хороскопот: Овој знак е вистински магнет за лоша среќа
Некои луѓе како да се родени под облаците. Каде и да одат, нешто тргнува наопаку. И додека други пливаат низ животот со леснотија, имаат среќа и сè оди по нивно, овој хороскопски знак како постојано да го влече своето сидро – и тоа право во калта.
Астролозите не го штедат: го нарекуваат вечен губитник, магнет за несреќа, емоционален маченик. Иако има добри намери, честопати е погрешно разбран, изоставен или едноставно – заборавен.
Кој е всушност најголемиот баксуз во зодијакот?
Риби. Да, токму тие.
Чувствителни, интуитивни, сонувачки – но и непоправливо наивни. Рибите често веруваат во луѓето повеќе отколку што треба, им даваат шанса дури и кога боли и остануваат дури и кога сите други си заминуваат.
Нивната емпатија е дар, но и проклетство. Во љубовта, тие често ги избираат погрешните, во бизнисот ги заобиколуваат, а во секојдневниот живот се придружени од чувството дека секогаш се еден чекор позади.
Зошто Риби?
Затоа што се воден знак, длабоко емотивни, но и склони кон идеализација.
Нивната интуиција често ги води, но не секогаш на вистинското место. Рибите не знаат како да кажат „не“ кога е потребно, а „да“ кога е мудро.
Во комбинација со транзитите на Сатурн и илузиите на Нептун, Рибите стануваат жив пример за тоа како добрата душа може да се изгуби во свет полн со бучава.
Дали има надеж за вечниот губитник?
Секако.
Рибите, кога ќе научат да поставуваат граници, а не да ги спасат сите што се дават и да не бараат потврда однадвор – тие стануваат најмудриот знак на Зодијакот. Нивната сила е во ранливоста, но само ако не им ја дадат на сите.
Несреќата ги следи сè додека не научат да кажат: „Доста е“. И кога ќе го сторат ова – тие веќе не се несреќници, туку преживеани.
Забава
(Фото/Видео) Георгина Родригез има двојничка: Стана сензација преку ноќ, луѓето во чудо
Викторија, самохрана мајка на три деца, стекна голема популарност на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде што редовно споделува содржини од својот приватен живот.
Причината е нејзиниот физички изглед, кој луѓето често го споредуваат со Георгина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо.
@victoria.77c 𝐂𝐡𝐢𝐜@𝐬 𝐢𝐧𝐜𝐫𝐞𝐢𝐛𝐥𝐞 𝐯𝐞𝐬𝐭𝐢𝐝𝐚𝐳𝐨 𝐝𝐞 𝐥𝐚 𝐭𝐢𝐞𝐧𝐝𝐚 @MC COLLECTION BLANES ♬ Ámame – SON D ALIKANTE
Темната коса, бујните облини и полните усни се најголемите адути на оваа жена, а се чини дека и идната сопруга на Роналдо ги има истите карактеристики.
Сепак, Викторија еднаш призна дека, покрај бројните комплименти, добива и критики од светот на социјалните мрежи. Често се соочува со обвинувања дека користи филтри или вештачка интелигенција за да изгледа како двојничката на Георгина.
@victoria.77c AL ESTILO 𝐕𝐈𝐂𝐓𝐎𝐑𝐈𝐀💎 #paravoce #parati ♬ suara asli – IchyMo💋 – 🐬 DOLPHIN 🐬
„Дури и морав да објавам видео без шминка за да докажам дека сум вистинска личност“, изјави таа за „What’s The Jam“.
Иако Викторија неодоливо наликува на познатата убавица, таа признава дека нејзиниот живот не е толку гламурозен и луксузен како нејзиниот.
@victoria.77c #paratiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii ♬ sonido original – BAD GYAL FAN ACC
„Постара сум и посиромашна, но исто толку среќна“, вели Викторија, која живее во приморскиот град Камбрилс со два сина и една ќерка, на возраст од 16, 9 и 8 години.
@victoria.77c 🖤#paratiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii #paravoce #viral ♬ sonido original – amparobautista13
Таа работи како административен асистент и техничар за безбедност и здравје при работа.
Забава
Позната манекенка ја открива вистината за пластичните операции: „Тоа беше најлошото нешто во мојот живот“
Моделот Амелија Греј Хамлин, позната и како непо бебе, со оглед на тоа што нејзините родители се познатата Лиза Рина и актерот Хари Хамлин, конечно проговори за сите козметички процедури на кои се подложила.
Нејзините усни привлекоа најголемо внимание, но според Амелија, таа никогаш не ги допрела.
„Отсекогаш сум ги имала овие усни. Моментално правам нешто што се нарекува SkinVive, што е инјекција за хидратација, а не филер“, изјави таа за Variety.
Таа, исто така, имала операција на носот и градите, а отворено зборуваше и за нарушувањето во исхраната што го имала во минатото.
„Имав 16 години и имав маститис. Тоа беше најлошото нешто што ми се случило. Тогаш ги намалив градите, а потоа имав зголемување на градите затоа што излегував со маж кој беше постар од мене и дозволив неговата перцепција за убавина да прејде на мене“, рече таа.
Тоа беше нејзина втора операција на градите, но овој пат имаше компликации. Нејзиното тело не го прифати туѓото тело и беше потребна уште една итна операција, која траеше дури 14 часа.
Амелија сега живее поинаков начин на живот, но често се сеќава на сите проблеми што ги имала, вклучително и нарушување во исхраната.
„Тогаш ми кажаа дека за околу четири месеци ќе тежам 20 килограми и ќе бидам мртва. После тоа, се разбудив и сфатив дека не сакам да си го уништам животот на тој начин. Не мора да бидеш слаб за да живееш најдобар можен живот“, рече Амелија.

