Забава
Џејмс Корден презеде законски мерки против демначка

Британскиот актер и комичар Џејмс Корден, водител на популарното „Лејт лет шоу“, успеа да издејствува привремена мерка – забрана за приближување до неговиот дом за жена што тврди дека сака да се омажи за него.
Домаќинот на The Late Late Show, кој е во брак со Џулија Кери, добива заштита од жена што во повеќе наврати ја нарушила приватноста на неговиот дом во Лос Анџелес откако претходно ги изразила своите фрустрации поради неговата сопруга и му рекла дека треба да ја остави и да се ожени со неа.
Според ТМЗ, правниот тим на Џејмс минатата недела побарал од судот да добие привремена мерка забрана за 30-годишна неименувана жена.
Во правните документи добиени од порталот Џејмс тврди дека жената стоела пред неговиот дом неколкупати во текот на изминатите неколку месеци. Таа летово цели шест дена кампувала во својот автомобил пред неговата куќа, но морала да замине по интервенција на полицијата.
Жената наводно ѝ рекла на полицијата дека планира да отпатува во Лас Вегас со Џејмс за да се омажи за него и тврди дека неговата сопруга „ѝ го украла“.
Според Џејмс, жената претставува закана за неговата сопруга – со која е во брак од 2012 година – и нивните три деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Концерт на групата „Гром“ во „Хераклеја“, специјален гостин Ален Славица

Македонската група „Гром“ со концерт на 2 јули на „Хераклеја“ ќе одбележи јубилеј, 45 години на музичката сцена.
„Гром“ се присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн.
Концертот ќе почне во 21 часот, а настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица.
Влезници по цена од 300 преку мкtickets, како и на билетарата на Хераклеја.
Забава
Знаци што покажуваат дека не внесувате доволно протеини

Често слушаме колку е важно да внесуваме доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби.
Протеините се клучни за поправка на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет.
Ако не внесуваме доволно, може да се појават разни симптоми, кои често се игнорираат или им се припишуваат на други причини. Препорачаното дневно внесување е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но вистинските потреби зависат од возраста, нивото на активност и од здравјето.
Луѓето во одредени животни фази, како што е перименопаузата, честопати имаат потреба од поголемо внесување. Нутриционистите Ребека Блејк, Тамар Самуелс и Даниел Пашко објаснуваат кои знаци може да укажуваат на недостиг на протеини.
Постојан глад
Ако не внесуваме доволно протеини, можеме да се чувствуваме како постојано да сме гладни, вели Самуелс.
„Зголемениот апетит може да биде природен начин на телото да се обиде да го зголеми внесувањето протеини за да ги задоволи своите нутритивни потреби“, објаснува таа за Параде.
Глад може да се појави и ако внесуваме доволно калории, но не доволно протеини.
Проблеми со косата, ноктите и со кожата
Бидејќи косата, ноктите и кожата се направени од протеинот кератин, недостигот може да предизвика видливи промени. Пашко истакнува дека недостигот на протеини може да доведе до опаѓање на косата и кршливи нокти, а Блејк додава дека кожата може да стане сува.
Според „УКЛА хелт“, сето ова се индикатори за недостиг на оваа важна хранлива материја.
Ненамерно губење тежина
Кога на телото му недостигаат градежните блокови за одржување на мускулната маса и на ткивото, може да се случи ненамерно губење тежина.
„Луѓето што јадат малку протеини често губат тежина иако не сакаат, што укажува на недоволно внесување“, истакнува Самуелс.
Блејк додава дека ниските нивоа на протеини исто така може да предизвикаат губење на мускулите, што дополнително влијае на телесната тежина.
(Фото: ЕПА)
Забава
(Фото) Ријана обожава да привлекува внимание, дури и во поодмината бременост

Познатата пејачка Ријана го очекува своето трето дете, но тоа не ја спречува сè уште да биде една од најсексапилните жени на јавната сцена.
Иако во последно време изненадува повеќе со провокативни фотографии за промоција на својата колекција, Ријана е сè уште една од омилените пејачки.
Овој пат, папараците ги фотографираа неа и нејзиниот партнер на пат кон ноќен клуб во Париз. Тие се потрудија да ги усогласат своите екстравагантни модни комбинации, а пејачката, во поодмината бременост, предизвика вистинска возбуда.
Ријана носеше црн фустан, кој има прорезови по целата должина, па затоа нејзината долна облека беше целосно видлива, како и нејзиниот труднички стомак.
Овој пар привлекува внимание на секој чекор, а Ријана покажа и во претходните бремености дека тоа воопшто не ја спречува да биде најпровокативната и најекстравагантна жена.