Забава
Џејмс Корден цврсто решен да ослаби
Британскиот актер и комичар Џејмс Корден, водител на „Лејт лејт шоу“, соопшти дека се пријавил за WW-програмата откако изел сè што имало во фрижидерот овој Божик.
Програмата WW порано беше позната како „Чувари на тежина“ или Weight Watchers, а сега се ребрендира во WellnessWins („Велнес победува“). Тоа е велнес-програма со наградување, што ви дава поени за слабеење и здрав избор.
Објаснувајќи ја одлуката да се приклучи на WW, тој рече: „Сакам да го променам начинот на живеење. Сакам да бидам подобар за моите деца и за моето семејство. Сфатив дека секоја година во изминатата деценија на 1 јануари си кажував сам на себе и на другите дека ќе држам диета, ќе ослабам многу. Здодеано ми е од тоа како изгледам, здодеано ми е од тоа што не сум здрав. Ова е годината кога, конечно, ќе го направам тоа“.
„Во текот на Божик изедов сè во фрижидерот затоа што во јануари во главата го почнав овој режим на исхрана и тоа ќе биде успех“.

„Ми рекоа дека она што правам погрешно е држење диета и дека тоа не е одговорот“, рече Корден и додава дека од WW му кажале: „Ако се држите до нашиот режим – кој повеќе се занимава со велнес, здравје и со тоа како да се чувствувате подобро наместо губење килограми – тоа апсолутно може да успее“.
„Не сакам да се будам уморен, ниту да се чувствувам засрамен кога го бркам мојот син на фудбалски терен и останувам без здив по три минути“, вели популарниот комичар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Викторија Бекам по секоја цена сака да го зачува својот јавен имиџ
Викторија Бекам неодамна присуствуваше на забавата по повод 50-тиот роденден на Ема Бантон, поранешна членка на „Спајс грлс“.
Модната дизајнерка не сакаше нејзината моментална семејна драма да влијае на нејзиниот јавен живот, па затоа ја испочитува својата поранешна колешка и се појави на роденденската забава.
Таа објави фотографии од прославата на својот Инстаграм профил, а јавноста имаше можност да ги види „Спајс грлс“ повторно обединети – иако не во нивниот целосен состав. Мел Би ја немаше.
„Среќен роденден на најубавата душа. Ве сакам девојки толку многу“, напиша Викторија во описот на фотографијата.За оваа пригода таа одлучи да облече кафеав костум што го комбинираше со бела маица. Како вистинска дама, го надополни својот стил со едноставна шминка, брановидна коса и нежна насмевка.
Коментарите од нејзините следбеници само продолжуваа, а повеќето од нив ѝ понудија зборови на поддршка на познатата дизајнерка.
„Викторија, те сакаме и те поддржуваме“, „Икони на моето детство“. „Викторија, со тебе сме“, се само дел од коментарите…
Да потсетиме дека скандалот во семејството Бекам ја тресе јавноста со денови. Нивниот најстар син Бруклин Бекам упати низа обвинувања против своите родители, тврдејќи дека се обиделе да му ја уништат свадбата, како и дека Викторија извела несоодветен танц.
Забава
(Фото) Ќе стане број 1 оваа сезона: „Детската“ фризура на Бела Хадид вистински спас за валкана коса
Познатата манекенка и една од најубавите жени во светот, Бела Хадид, честопати е тема на дискусија кога станува збор за поставување нови модни трендови. Ако ви недостасува инспирација, сè што треба да направите е да „фрлите поглед“ на неа и модата ќе почне сама да се создава.
Бела ја започна оваа 2026 година како вистински трендсетер, а веќе неколку пати беше тема токму поради нејзиниот изглед или некои парчиња облека кои се закануваат да станат задолжителни оваа сезона. Сега таа „се обиде“ и со фризурите, покажувајќи како ги помина божиќните празници.
Првата од серијата фотографии е онаа што привлече најголемо внимание. На неа, манекенката позира во модерно вештачко крзнено палто, додека косата ѝ е сплетена во две плетенки од страна, што потсетува на Пипи Долгиот Чорап.
Бела исплете подолги прамени коса, додека пократките прамени и шишките паѓаа од страна, а со помош на ефектот на Инстаграм или шминката, таа имаше и мали пеги на лицето. Оваа фризура е пожелна и ако навистина мразите да ја миете косата, па затоа е вистинско решение и за сите оние жени кои немаат многу време.
Според сегашните претпоставки, плетенките би можеле да го заземат првото место на листата на омилени фризури во 2026 година.
Забава
(Видео) Маж стави вештачки нокти, па зажали: „А потоа велат дека на жените им е лесно“
Еден маж од Лондон, Метју Картер, стана вирален по објавата во која сакаше да ѝ докаже на сопругата дека може сè да направи со долги вештачки нокти.
Неговата сопруга до крај инсистираше дека нема да успее во својата идеја и погодете кој е во право…
„Мојата сопруга рече дека нема да издржам ниту еден ден со вештачки нокти и таа беше во право. Не издржав ниту едно утро“, рече тој во видеото.
Метју имаше проблем при возењето, но и на работа, па дури и на тренинг. Ништо не му одеше добро, па сфати дека на жените воопшто не им е лесно.
„Дефинитивно мислам дека секој маж треба да го проба, но имам многу сериозно прашање за дамите – како воопшто успевате да направите сè? Јас дури и не одам во тоалет“, беше искрен Метју.
Видеото брзо стана вирално и привлече големо внимание од жените, со над шест илјади коментари.
„Постојано се држи за рацете како да има свежо налакирани нокти“, „Изгледа како да заборавил дека може да ги свитка прстите“, „А потоа велат дека ни е лесно нам жените“, „Така одеше во теретана?!“, „Убаво ти стојат ноктите“, беа некои од коментарите под објавата.

