Забава
(Видео) Џеј Зи се врати на „Инстаграм“ за да промовира филм
Американскиот хип-хоп могул Џеј Зи одлучи повторно да се приклучи на платформата за споделување фотографии по деактивирањето на својот профил пред две години по еднодневен стаж на оваа социјална мрежа.
Сопругот на Бијонсе повторно го активира својот профил во вторникот.
Што се однесува до неговите следачи на „Инстаграм“, водителот на Empire State of Mind се чини дека сака да следи само една личност – својата сопруга пејачка.
А добитничката на „Греми“ е многу поселективна бидејќи не го следи ни него ни кој било друг на оваа апликација.
Џеј Зи и Бијонсе се во брак од 2008 година, имаат три деца – Блу Ајви (11) и близнаците Руми и Сер (6). Нивното заедничко богатство се проценува на речиси 3 милијарди долари.
Џеј Зи (53) дополнително објасни зошто одлучил повторно да се приклучи на платформата. Неговата прва и единствена објава досега е за претстојниот филм The Book of Clarence, сместен во библиско време.
Тој ги почести своите 160.000 следачи со трејлер за филмот, во кој ќе глуми Лекејт Стенфилд.
Филмот што го промовира ја следи лошата среќа на еден млад човек од Ерусалим, кој се обидува да профитира од новиот пророк, кој бргу стекнува сè поголема слава и моќ.
Освен што ја компонира музиката за филмот, Џеј Зи исто така е и продуцент. Во филмот глумат Бенедикт Камбербач, Џејмс Мекавој, Лакејт Стенфилд и Омај Сај.
Џеј Зи креира свој профил на „Инстаграм“ во септември 2021 година за да го промовира The Harder They Fall, филм што исто така го продуцира тој. Во рок од 24 часа собра милион следачи и набргу потоа го отстрани профилот.

Сега одѕивот е нешто помал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Астролозите тврдат: Овие хороскопски знаци се најдобри шефови
Некои хороскопски знаци, според астролозите, особено добро се снаоѓаат во улога на раководители. Наведени се четири знаци кои важат за најуспешни шефови, бидејќи умеат да мотивираат, да носат одлуки и да создадат стабилна и продуктивна работна атмосфера.
Лав
Шеф што мотивира со харизма и самодоверба. Создава средина во која луѓето се чувствуваат ценети и охрабрени. Знае да претвори блокади во можности и да поттикне ентузијазам.
Јарец
Професионален и дисциплиниран лидер на кого му се верува. Донесува промислени и долгорочни одлуки, поставува јасна структура и ги вреднува резултатите, но и трудот на тимот.
Вага
Шеф кој одржува мир и праведност. Создава работна атмосфера во која луѓето се чувствуваат почитувани. Спречува и решава конфликти дипломатски и поттикнува тимски дијалог.
Водолија
Визионерски и иновативен тип лидер. Охрабрува нови идеи и креативни пристапи, не води строго хиерархиски, туку преку отвореност и слобода за истражување и предлози.
Забава
Леонардо ди Каприо откри кој му е омилен актер на сите времиња
Леонардо ди Каприо, кој во кариера долга повеќе од три децении соработувал со бројни филмски легенди, изјави дека неговиот омилен актер на сите времиња е Роберт де Ниро.
Ди Каприо првпат работел со Де Ниро како тинејџер во драмата „Животот на момчето“, каде што актерот бил лично избран од Де Ниро, што ја означило почетната точка на неговата кариера. Ди Каприо се сеќава дека имал 15 години и дека снимањето било пресвртно искуство: „Да се гледа неговата посветеност на сет беше едно од највлијателните искуства во мојот живот“, изјавил тој за „Тајм аут“.
Де Ниро и Ди Каприо важат за актери најтесно поврзани со Скорсезе – Де Ниро има снимано 10 филмови, а Ди Каприо шест со него.
Забава
Трајна забрана за приближување за сопругот на Дениз Ричардс по обвинувања за злоупотреба
Дениз Ричардс изјави дека се чувствува добро откако судот одобрил трајна забрана за приближување за нејзиниот отуѓен сопруг, со важност до 7 ноември 2030 година. Забраната опфаќа приближување на помалку од 90 метри до актерката и нејзиното работно место, како и целосна забрана за контакт.
Ричардс настанот го прокоментирала на „Браво Кон“, наведувајќи дека процесот е тежок и дека има силна поддршка. Таа оценила дека е многу застрашувачки да се минува низ развод во јавност и дека во реалити-програмите приватниот живот е целосно изложен.
Актерката во јули поднела барање за развод, обвинувајќи го својот сопруг Арон Фајперс за често и насилно злоупотребување. Фајперс ги негира обвинувањата и по судската одлука изјавил дека сакал пресудата да биде поинаква.
Во октомври, за време на сослушување за продолжување на привремената мерка, сведочела и неговата братучетка Кетлин Мекалистер, по што Фајперс бил уапсен во судницата. Минатиот месец против него биле подигнати обвиненија за нанесување телесни повреди на сопружник и за попречување на сведоци со сила или закана. Тој бил пуштен на слобода по уплата на кауција од 200.000 долари.
Фајперс, пак, возвратно ја обвинил Ричардс за неверство и вознемирување – обвинувања што актерката ги демантира. Постапката за развод сè уште трае.

