Забава
Џилијан Андерсон се надевала дека Бил Клинтон ќе ѝ се јави по интимното запознавање
Џулијан Андерсон – која ја портретира некогашната прва дама Елеонор Рузвелт, сопругата на претседателот Френклин Рузвелт, во серијата „Првата дама“ – откри дека се запознала со Бил Клинтон во текот на неговата претседателска кампања во раните 90-ти на ручек во Холивуд Хилс, организиран во негова чест.
„Се запознав со Клинтон. Првпат го сретнав кога се кандидира за функцијата. Тоа беше ручек во негова чест во нечија луксузна куќа во Холивуд Хилс. Тој го направи оној познат потег. Она кога ти ја подава раката и истовремено те фаќа за лактот“, откри 53-годишната актерка во разговор со Џими Кимел.
Поранешната ѕвезда на X-Files („Досиеја икс“) се пошегува дека политичарот значајно ѝ дал знак со главата и дека кога се вратила дома ја проверила својата говорна пошта бидејќи искрено верувала дека ќе ѝ се јави.

На гости во вечерното ток-шоу „Џими Кимел лајф“ актерката додаде: „При запознавање, тој ја крева вашата рака малку нагоре, интимна ситница, воспоставува контакт со очите и потоа преминува на следната личност. Отидов дома, ова беше во времето на телефонските секретарки. Мислев дека сигурно ќе има порака од него!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

