Забава
Џоди Фостер го објасни статусот на односот со рагбистот Роџерс
Џоди Фостер ја расчисти дилемата во врска со Арон Роџерс додека го промовира новиот филм „Мавританецот“ како гостинка во популарното ток-шоу „Џими Кимел лајф“ во четвртокот.
58-годишната актерка беше запрашана за напаѓачот на „Грин беј пакерси“, Арон Роџерс (37), кој го спомна нејзиното име во текот на својот говор по прогласувањето за најдобар играч на сезоната.
Арон за време на својот говор ѝ се заблагодари на својата свршеница Шајлин Вудли (29), која заедно со Џоди глуми во драмата „Мавританецот“, како и на другите поддржувачи.
„Исто така, чувствувам дека имам голема група луѓе што ме поддржуваат. Би сакал да му се заблагодарам на мојот тим надвор од теренот. Рајан, Томи, Леонард, Ребека, Адам, Оливер, Емил, Деби, Џоди Фостер, Чез, Попер…“, рече Арон во своето виртуелно појавување за NFL Honours на 6 февруари.
„Дали знаевте дека тоа се случува?“, ја праша Џими двократната оскаровка облечена во светлосин костим на гостувањето во ток-шоуто на Еј-би-си.

„Тој рече мојот тим, тоа не значи дека буквално сум во неговиот тим“, одговори таа разиграно.
„Дали го познаваш Арон Роџерс?“, праша Џими.
„Не“, рече Џоди.

„Не знаеше дека ќе го каже тоа?“, продолжи Џими.
„Тој знае дека јас сум неговиот најголем фан“, одговори таа.

Џими праша дали ќе го спомене Арон во говорот доколу добие „Златен глогус“ по номинацијата за најдобра женска споредна улога во филмот „Мавританецот“.
„Апсолутно. Можеби ќе треба да го именувам целиот тим на ‘Пакерси’. Даванте Адамс мора да биде таму некаде“, рече Џоди алудирајќи на sвездата-примач на „Пакерси“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Драма на Балканец во Германија: Косел трева кај комшија за 50 евра, сега стравува за својата судбина и ги предупредува сонародниците
Работата „на црно“ е прекршок насекаде во светот, а Германија не е исклучок. За тоа се зборува со децении, но некои сè уште мислат дека ваквите приказни се претерани.
Сепак, сведоштвото на еден работник објавено во Фејсбук-групата „Балканци во Германија“ покажува дека не станува збор за мит, туку за горчлива реалност која може да има сериозни последици.
Во објавата, што ја пренесе „Телеграф.рс“, мажот раскажува:
„Луѓе, да ви раскажам што ми се случи, можеби некому ќе му помогне да не направи иста глупост. Реков – ајде малку да заработам од страна, платата во Германија понекогаш едвај ги покрива сите трошоци. Ми се јави еден Германец што живее на десет минути од мене и ми рече дека му треба косење трева бидејќи нема време. Јас, глупав, прифатив и си помислив – кој ќе види, една куќичка покрај пат, ќе покосам, ќе земам пари и готово.“
Тој раскажува дека зел косилка, почнал да коси и бил задоволен што ќе земе 50 евра за еден час работа, кога забележал дека сопственикот излегува од куќата со мобилен телефон и нешто снима.
„Го прашав што снима, а тој нешто промрмори на германски. Не разбрав ништо, веќе бев во паника. Се сврте и влезе внатре. Помислив дека можеби снима за да ѝ покаже на сопругата ‘пред и потоа’, и не ни претпоставував што ќе следи“, пишува тој.
По дваесетина минути, пристигнале двајца службеници од Ordnungsamt (Служба за јавен ред и комунален надзор).
„Ме гледаат мене, ја гледаат косилката, го гледаат него на прозор. Ми стана јасно сè. Ме прашаа дали работам на црно, кој сум, дали имам договор. Се збунив, почнав да пелтечам. А најлошо – Германецот излезе и ладнокрвно рече дека првпат ме гледа и дека сум му ѕвонел и нудел услуги без документи. Тука ми зовре крвта, но си реков дека не ми треба уште и затвор“
Службениците ги запишале неговите податоци и му рекле дека случајот оди во Ausländeramt (Служба за странци / Имиграциска служба).
„Сега не знам дали ќе ја изгубам визата, дали ќе платам казна, дали ќе ме депортираат. Ми рекоа дека е добро што не сум фатен порано, бидејќи казните одат и над 5.000 евра. Седам дома и размислувам колку сум бил будала што прифатив да косам трева на црно во земја каде што сè се евидентира. Затоа ги предупредувам сите: немојте да работите на црно – ни косење, ни чистење гаража, ништо. Германија гледа, снима и сè пријавува. А најлошо е што ќе ве пријави токму тој што ве замолил за помош“, напиша тој.
Неговата објава предизвика бројни реакции. Дел од корисниците му понудија совети, додека други ја доведоа во прашање вистинитоста на приказната, наведувајќи дека во Германија работодавачите добиваат многу повисоки казни од работниците.
Забава
Новогодишен хороскоп: Три знаци ги очекуваат неверојатни промени во 2026 година
Астролошки гледано, 2026 година носи силни промени благодарение на влегувањето на Јупитер во Лав, стабилизацијата на Сатурн во Риби и долгорочните трансформации на Плутон во Водолија.
Три знаци особено ќе почувствуваат бран на среќа, напредок и големи животни промени.
Лав
Од летото 2026 година, Јупитер – планетата на среќата, експанзијата и новите почетоци – влегува директно во вашиот знак. Ова се случува еднаш на секои 12 години и носи период што ги отвора вратите за големи животни промени.
Ова е годината кога универзумот речиси ве „турка“ на сцената – само треба да зачекорите.
Водолија
Плутон, планетата на длабоки трансформации и регенерација, дефинитивно влегува во вашиот знак од 2026 година за 20 долги години. Сосема нова сила почнува да се буди во вас.
Ве чека: Животна „ревизија“ што ве ослободува од сè што ве кочи; Градење нова кариера или статус; Влегување во врски што имаат кармички карактер; Огромна лична моќ и влијание – другите почнуваат сериозно да ве слушаат.
Ова е годината кога ќе почнете да пишувате ново поглавје од вашиот живот, со храброст што не сте ја користеле претходно.
Риби
Сатурн е веќе во вашиот знак и во текот на 2026 година носи најсилни ефекти. Сатурн не подарува – ја наградува дисциплината. Рибите кои биле упорни ќе почувствуваат одлична стабилизација и конечни резултати.
Ве чека: Уредување на животот, конечно решавање на финансиски и семејни проблеми; Сериозни, долгорочни врски и бракови; Професионална сигурност – она што го градите сега стои 10+ години; Чувството дека конечно имате контрола врз себе и вашиот правец; Рибите излегуваат од маглата и влегуваат во најзрелата, стабилна година во последната деценија.
Овие три знаци се астролошки најголемите фаворити во 2026 година. Секој на свој начин влегува во период на пресврти на судбината, неочекувани можности и длабок личен раст.
Фото: depositphotos
Забава
Прогласени 10-те победнички во националниот избор за “Жена на годината 2025” во Македонија
На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за “Жена на годината 2025”.
Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.
Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.
Лауреатот македонска Жена на годината 2025 го понесе Рисима Рисимкин, авангардна македонска кореографка за современ танц.
Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2025“:
1. Жена на годината – Рисима Рисимкин
2. Жена со трајни вредности – Индира Кастратовиќ
3. Жена менаџер на годината – Јелена Спасова
4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Венера Крлиу
5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Ениса Кадрии
6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Наталија Теодосиева
7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ангела Мојсовска
8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Моника Ризовска Таневска
9. Жена со најдобар стил – Наташа Петровска
10. Инфлуенсерка на годината – Миа Арабаџиевска (@mia.arabi)
Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска . Организатори на „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се: Империјал Тобако, Ананас, Фабу, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Савекс, Семанта, Скопска Пивара и други.

