Забава
Џони Деп го тужи весникот The Sun за клевета
Актерот Џони Деп покрена тужба против издавачката куќа и главниот уредник на британскиот таблоид The Sun во врска со статија во која се вели дека ја тепал поранешната сопруга Амбер Херд.
Холивудската ѕвезда во средата се појави во судот во Лондон за да го слуша својот адвокат додека тврди дека поранешната сопруга на Деп лажела кога го обвинила дека ја тепал. А британскиот таблоид објави статија со свои коментари за наводното семејно насилство.

Деп, (55) ги тужи News Group Newspapers, издавачката куќа на таблоидот The Sun, и главниот уредник Ден Вуттон за клевета во статија која што главниот уредник ја напишал во 2018 година, нарекувајќи го Деп „тепач на жени“.
Самиот Деп присуствуваше на првиот ден од предистражната постапка во Високиот суд.
Процесот треба да почне на 23 март и ќе трае две недели.
И двајацата, Деп и Херд меѓусебно се обвинуваат за физичко насилство додека биле во брак.
Херд прва започна со обвинувањата во 2016 година, а Деп ги негираше.
„Еден од нив лаже, и тоа многу“, се вели во аргументите поднесени од страна на адвокатите на Деп и подоцна дистрибуирани до новинарите.
„Многу е важно ова судење за клевета да покаже дека наводите за семјно насилство се чиста измислица.“

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.
Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.
„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“
51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.
„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.
фото/депозитфотос
Забава
Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.
Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.
Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.
Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.
На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!
Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728
Забава
(Видео) Пожар избувна зад сцената на доделувањето на Златните глобуси
За време на синоќешната доделба на Златните глобуси во Лос Анџелес избувнал мал пожар зад сцената. Инцидентот се случил во прес-собата, откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна, објави „Дели мејл“. Новинарот Крис Гарднер наведе дека тепихот кратко горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.
Crisis averted inside #GoldenGlobes backstage press room as catering knocked over a coffee holder and the sterno underneath was lit. For a brief moment, the carpet was on fire and smoke wafted up around the curtains. They put it out quickly fortunately. Yikes! pic.twitter.com/FTFixnZppT
— Chris Gardner (@chrissgardner) January 12, 2026
Инцидентот не бил единствениот што ја одбележал вечерта. Гледачите реагирале бурно откако наградата за најдобра филмска музика му била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека станува збор за непочитување кон уметниците, особено затоа што за други сегменти од церемонијата имало доволно време.
Ludwig Göransson accepts the #GoldenGlobes award for for Best Score Motion Picture! 🎵 Congratulations! pic.twitter.com/IVW28K3HTb
— Golden Globes (@goldenglobes) January 12, 2026

