Забава
Џони Деп е во врска со 33 години помлада Русинка
Холивудскиот актер Џони Деп (61) повеќе не е сингл. Тој е во врска со руската манекенка и сопственичка на центар за убавина Јулија Власова, која е 33 години помлада од него.

Тие неодамна беа забележани на хелиодром во Лондон. Одеа еден до друг, а тој во раката ја имаше својата акустична гитара. Се виде дека се обидуваат што побрзо да поминат низ хелиодромот, но британските фотографи беа побрзи.
Внимание привлече и фактот дека Јулија е само три години постара од ќерката на Деп, 25-годишната Лили-Роуз Деп.

Џони Деп и Јулија се запознаа во 2021 година на меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари. Блиски луѓе на Деп тврдат дека врската е лежерна и дека парот се гледа веќе две години. Познато е дека манекенката и Џони Деп се дружеа во јули 2022 година, на концертот на неговиот покоен пријател и музичар Џеф Бек во Прага, каде што манекенката го отвори својот салон за убавина.

На почетокот на оваа година, Јулија беше запрашана од следбениците на социјалните мрежи за нејзината врска со познатиот актер, а таа потоа кратко одговори: „Џ.Д. Тој е човек кој е неверојатно талентиран и инспиративен“. Во последно време Јулија често престојува во Велика Британија, каде Деп работи на нови филмски проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Лина Еско: Со Бен Афлек само кикотевме додека ги снимавме интимните сцени
Актерката Лина Еско откри дека таа и Бен Афлек често се смееле и кикотеле за време на снимањето интимни сцени во новиот филм The Rip, наместо да бидат сериозни.
„Само се кикотевме“, изјави Еско на премиерата во Њујорк на 13 јануари. „Бевме како две луди личности што се забавуваа.“
Во филмот, Еско ја игра капетанката Џеки Велез, а сцените во спалната со Афлек ѝ останале во посебно сеќавање.
Таа го опиша Афлек како драг и опуштен, а целиот тим како неверојатно пријатен.
„На сетот немаше напнатост, претенциозност или драма – сè течеше природно“, рече таа.
Голем дел од заслугите му ги припиша на режисерот Џо Карнахан, кој пуштал музика од саундтракот додека снимале и се грижел сите да се чувствуваат пријатно.
Еско раскажа дека уште при првото читање на сценариото знаела дека сака да биде дел од проектот. По неколку аудиции и „Зум“ разговор со режисерот, ѝ било јасно дека „ова е тоа“.
Откако го видела финалниот филм, рече дека се вљубила во резултатот: „Навистина е одличен. Не го велам тоа секогаш – но овојпат е искрено.“
За што станува збор во филмот?
The Rip е криминалистички трилер на Netflix во кој Бен Афлек и Мет Дејмон глумат полицајци од Мајами, чие пријателство се доведува во прашање кога нивната единица за дрога наидува на огромна сума пари за време на истрага. Во филмот глумат и Тејана Тејлор, Кајл Чендлер и Стивен Јун. Афлек и Дејмон се и продуценти на филмот.
Забава
Барале клуч од трактор и ископале римско злато: „Ја ставив раката во калта и ги почувствував монетите“
Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера.
Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од освојувањата на Британија. Неговата вредност одговара на речиси 11-годишна плата на обичен римски војник.
Откритието во октомври 2023 година го направиле двајца истражувачи со метален детектор – Рејниер Колинк и Герд-Јан Меселар – кои всушност барале изгубен клуч од трактор. Наместо тоа, наишле на првите неколку монети и продолжиле да копаат во блиското калливо поле.
„Кога детекторот реагираше, ставив рака во калта и веднаш почувствував дека допирам монети“, изјавил Герд-Јан за локалните медиуми.
Првично биле пронајдени 381 монета, а по пријавувањето, Холандската национална агенција за културно наследство пронашла уште 23. Меѓу нив има:
72 златни римски ауреи, 288 сребрени монети (од 200 пр.н.е. до 47 г.н.е.), 44 златни британски статери со име на кралот Кунобелин (владеел 9–40 г.н.е.).
Некои од британските монети веројатно се ковани постхумно од страна на неговите синови Тогодумн и Каратак. Една од римските монети го прикажува Јуба I, крал на Нумидија (денешен Алжир), а други — императорот Клаудиј.
Фактот дека некои монети се во одлична состојба и не покажуваат траги од користење, укажува дека биле закопани веднаш по исплата, можеби по успешна воена кампања.
Забава
Емилија Кларк се повредила при снимање експлицитна сцена во новата серија
Актерката Емилија Кларк (39), позната по улогата во „Игра на тронови“, откри дека се повредила на сетот на новата серија Ponies, додека снимала експлицитна сцена.
Во интервју за The Wrap, Кларк изјавила дека при снимањето на долга интимна сцена со тројца мажи, почувствувала болка и подоцна ѝ било утврдено дека има повреда на едно ребро.
„Само реков: ќе седнам тука, вие доведете ги, а ние ќе се правиме дека имаме секс. Тој ден си го повредив реброто“, изјавила Кларк, со доза на хумор. Додала и дека на лекар отворено рекла: „Секс. Три пати.“
Нејзината колешка од серијата, Хејли Лу Ричардсон, го потврдила инцидентот, коментирајќи дека „Емилија е толку ситна и чувствителна, затоа ѝ се случило тоа“.
Кларк прецизирала дека реброто не е скршено, туку само „малку се поместило“.
Серијата Ponies е премиерно прикажана на 15 јануари на стриминг-платформата Peacock. Кларк и Ричардсон играат две американски секретарки кои работат во амбасадата на САД во Москва во 1970-тите. По мистериозната смрт на нивните сопрузи – агенти на ЦИА – тие започнуваат потрага по вистината и се соочуваат со завера.
Иако Кларк има искуство со снимање интимни сцени, особено од „Игра на тронови“, ова е првпат ваква сцена да резултира со повреда.
Сè уште не е познато кога серијата Ponies ќе стане достапна и за гледачите надвор од САД.

