Забава
Џорџ Клуни со апел до таблоидите да не објавуваат фотографии од неговите деца

Актерот Џорџ Клуни со отворено писмо бара од медиумите да не објавуваат фотографии на кои се гледаат лицата на неговите деца.
Холивудската ѕвезда вели дека ваквите фотогарфии ги загрозуваат животите на неговите две деца, особено поради природата на работата на неговата сопруга.
Амал Клуни е адвокатка за човекови права, која, како што вели тој во писмото, испраќа на судење разни терористички групи. „Поради тоа, правиме сè што можеме за да го заштитиме нашето смејство. Не можеме да ги заштитиме нашите деца ако весниците објавуваат фотографии од нивните лица на насловните страници“.
Неговите коментари беа објавени од неколку портали вклучувајќи ги „Вараети“, „Холивуд репортер“ и „Дедлајн“.
Актерот од Gravity и Ocean’s Eleven, а во поново време и режисер, пишува дека тој и неговата сопруга не се на социјалните мрежи и дека сакаат приватност.
Клуни се решил на ваков чекор кога видел фотографии од едногодишната ќерка на американската актерка Били Лорд објавени на интернет.
Во писмото, адресирано на „Дејли мејл и други публикации“, Клуни нагласува дека и неговите деца постојано цел на папараците.
Некои медиуми потсетуваат дека ова не е прв конфликс меѓу Клуни и „Дејли мејл“. Пред неколку години актерот го отфрли извинувањето од „Мејл онлајн“, веб-страница на весникот, кога испечати лажна приказна за мајката на Амал, Барија Аламудин.
Џорџ и Амал Клуни се родители на четиригодишни близнаци Александар и Ела. Двојката е во брак од 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.