Забава
Прв хрватски електричен автомобил
Хрватска на авто саемот во Женева ќе го претстави првиот градски електричен автомобил, наречен XD.
Хрватска на авто саемот во Женева ќе го претстави првиот градски електричен автомобил, наречен XD. Како што пишува „Вечерњи лист“, автомобилот е роден во погоните на загрепската фирма „Док-инг“, како остварување на детскиот сон на сопственикот Вјекослав Мајетиќ, да направи автомобил. Првиот хрватски електричен автомобил чини 30.000 евра, а првично се планира производство на десет возила, кои уште сега се продадени. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Без прашина до 10 дена: Ставете капка од оваа течност во вода и избришете ја целата куќа
Добро чуван трик за отстранување прашина што се користи во музеите сега можете да го користите и вие.
Сите знаеме дека бришењето прашина е почеток на секое општо чистење на домот и дека мора да се прави редовно за да се одржи домот уреден и чист. Сепак, знаеме и колку може да биде исцрпувачки и мачен, па можеби е време да пробате необичен трик што се користи во музеите, во кој многумина се колнат и навистина функционира. Нема страв од оштетување на мебелот, а прашината не се враќа до 10 дена.
Еве пет начини на кои можете да користите глицерин за чистење на вашиот дом:
1. Брзо и ефикасно исчистете ги валканите подови:
Додадете неколку капки глицерин во вода и избришете ги подовите со оваа смеса.
2. Долгорочно отстранување прашина:
Додадете малку глицерин во вода, натопете крпа во оваа смеса и избришете ги површините. Благодарение на овој трик, прашината ќе остане невидлива најмалку 10 дена.
3. Отстранување на дамки од облека:
Капете неколку капки глицерин на дамката, а потоа исплакнете ја со вода во која сте додале малку сол. За дамки од чај, кафе или чоколадо, направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и измијте ја по половина час.
4. Одржување на кожен мебел:
За да отстраните гребнатини од кожен мебел, избришете ги со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете го процесот два до три пати.
5. Миење прозорци:
Измешајте глицерин и етанол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците со оваа мешавина. Благодарение на овој метод, вашите прозорци ќе останат чисти долго време.
Забава
(Видео) Таа ја започна играта со топлес снимка, а потоа ја „зачини“ атмосферата со жешка облека
Познатата германска манекенка, Хајди Клум, е поактивна од кога било на социјалните мрежи, каде што често ги воодушевува своите обожаватели со разни жешки фотографии.
Откако прво позираше топлес и го „запали интернетот“, познатата Хајди објави видео во кое покажува како ужива на плажа.
Таа носеше проѕирен фустан за плажа кој едвај ги покриваше нејзините интимни делови, додека преку него облече екстравагантен бел плашт, но и тој беше проѕирен. Хајди уживаше во прошетката по песокот, со музика, но и безброј коментари за нејзиниот изглед.
Иако оваа убавица е позната по своите контроверзни рекламни кампањи заедно со нејзината ќерка Лени, за кои дури беа ставени и на столбот на срамот, се чини дека сега решила малку да се „смири“ и да ги врати симпатиите на пошироката јавност.
Провокативните фотографии се нејзина специјалност, а таа често го снима својот сопруг, Том Каулиц, во разни експлицитни облеки.
Забава
(Фото) Таа излезе од кризата како победник и изгледа подобро од кога било
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ ужива во животот по тешкиот период низ кој помина за време на бракот со Бастијан Швајнштајгер. Иако поранешните сопружници официјално не ги објавија деталите за распадот на бракот, познато е дека се поднесени документи за развод.
Ана не дозволи кризата низ која поминуваше да ѝ го „наруши“ секојдневието, а со секојдневните објави на социјалните мрежи се обидуваше да покаже нова страна од себе. И успеа во тоа, сите се воодушевени.
Со оглед на тоа што помина многу време во Германија, каде што има и пријатели, Ана беше гостинка на настан каде што шармираше со својот моден аутфит, но и со својата природна убавина.
Црвениот краток фустан со набори и наметка преку рамената совршено се вклопуваше со амбиентот, но и со изгледот на Ана, што само по себе е доволно за да привлече внимание. Атрактивната Србинка сè комбинираше со елегантни сандали, додека косата ѝ беше собрана во пунџа.
Златниот накит беше вистински сојузник во оваа комбинација, а убавата Ана беше во друштво на познатата германска инфлуенсерка Каро Даур, која често споделува хумористични видеа на социјалните мрежи во кои објаснува како Германците го перцепираат светот околу нив.

