Контакт

Забава

НАСА: Откриен мраз на Месечината

Објавено пред

Американски радар откри кратери исполнети со мраз на северниот пол на Месечината, соопшти денеска американската вселенска агенција НАСА.

Американски радар откри кратери исполнети со мраз на северниот пол на Месечината, соопшти денеска американската вселенска агенција НАСА.

Радарот Мини-САР регистрираше повеќе од 40 мали кратери со големина од 1,6 до 15 километри исполнети со мраз.

„Иако вкупната количина зависи од дебелината на мразот во кратерите, сметаме дека се работи за најмалку 600 милиони кубни метри мраз“, стои во соопштението на НАСА.

Научниците досега тврдеа дека површината на Месечината е целосно сува, освен на самото дно на кратерите.

Ова откритие доаѓа неколку недели по најавата на американскиот претседател Барак Обама дека ќе запре испраќањето на астронаути на Месечината.

„Откриените кратери покажуваат дека Месечината и понатаму е интересна дестинација“, изјави шефот на истражувачкиот проект-радар Мини-САР, Пол Спудис.

Радарот минатата година направи картографски приказ на поларните кратери на Месечината, кои се невидливи од Земјата.Откритието на НАСА го потврдија и индиските научници од мисијата Чандрајан 1, лансирана во 2008 година./крај/бт/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Рејтингот на ТВ-квизот „Џепарди“ најголем во последниве 7 месеци

Објавено пред

Најпопуларниот американски ТВ-квиз „Џепарди!“ има највисок рејтинг во последните седум месеци, а рекордната гледаност се должи на претходно снимени епизоди што се емитуваат по смртта на долгогодишниот водител Алекс Требек кој почина на 8 ноември на 80-годишна возраст.

Од 9 ноември наваму, Jeopardy! во просек имал 10.05 милиони гледачи на ден за епизодите емитувани во текот на неделата, што е скок од 24% во однос на просечната сезона на шоуто од 8,1 милиони“, пренесуваат медиумите.

Додека се лекуваше од болеста карцином на панкраес, Требек сними сосема нови епизоди кои ќе се емитуваат до почетокот на јануари.

Требек квизот го водел од 1984 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Лопез со свршеникот и близнаците на прошетка во Њујорк

Објавено пред

Тие беа критикувани на социјалните мрежи затоа што патувале со приватен авион во Њујорк за да го прослават Денот на благодарноста откога CDC (Центрите за контрола на болестите) упати апел до Американците да не патуваат за празникот во услови на наплив на случаи на Ковид-19.

Центрите за контрола и превенција на болестите ги соопштија препораките една недела пред Денот на благодарноста, кој во САД се прославува последниот четврток од ноември.

Во вторникот вечерта Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез беа забележани како излегуваат на прошетка во Големото јаболко со 12-годишните близнаци на Џеј Ло, Макс и Еми.

Четворицата беа топло облечени наспроти студот и носеа маски за лице додека одеа до возилото што ги чекаше.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Клои Кардашјан за ќерката Тру: Секој ден сум благодарна за тебе

Објавено пред

Клои Кардашјан ужива семејно со поранешниот партнер Тристан Томпсон и нивната ќерка Тру за време на самоизолација.

Ѕвездата на реалното шоу „Дружење со семејството Кардашјан“ покажува дека Тру е нивен прв приоритет во период кога семејството се подготвува за повеќе промени.

Таа во вторникот на „Инстаграм“ објави слатка фотографија од излетот мајка – ќерка, на која се гледа девојчето седнато на бела ограда покриена со рози.

Под фотографијата 36-годишниот модел напиша: „Секој ден сум благодарна што те имам, моја слатка Тру!!! Секогаш застани да го осетиш мирисот на розите“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера...

Култура2 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа3 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет3 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија4 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион4 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа4 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет5 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет5 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет6 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет6 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет6 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија17 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет18 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет19 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија19 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа19 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет20 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт21 час

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Досие