Контакт

Забава

Кондоми за дванаесет годишни деца

Објавено пред

Специјален и инвентивен тип на кондоми треба да бидат пуштени во продажба во Швајцарија, а се наменети за момчињата на возраст од 12 до 14 години.

dobivaj vesti na viber

Специјален и инвентивен тип на кондоми  треба да бидат пуштени во продажба во Швајцарија, а се наменети за момчињата на возраст од 12 до 14 години.Кондомите веќе популарно се наречени „жежок куршум“, а првите количества веќе се произведени. Нивното производство е поттикнато по добиените резултати од неодамнешното истражување што го спровела швајцарската влада помеѓу тинејџерите, кое покажало дека момчињата на возраст помеѓу 12 и 14 години многу повеќе имаат повеќе сексуално искуство отколку  што тоа било случај пред десет години. Меѓу оваа популација, заради возраста и се’ уште неразвиената машкост, многу малку се употребуваат кондомите, што претставува можност за ширење на сексуално преносливите заразни болести. Димензиите на кондомите ќе бидат со стандардната должина но наместо пречникот од 5,2 ќе бидат со 4,5 центиметри.Портпаролката на швајцарската компанија, Нуси Норбал, потврдила дека овие кондоми прво ќе се дистрибуираат на пазарот во Швајцарија, но и дека за нив интересен пазар била Велика Британија каде исто така во голем пораст е малолетничката бременост./крај/фо/ко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Платила 460 евра за пополни усни и добила пекол: „Неподнослива болка, мојата состојба се влошуваше“

Објавено пред

Меган Дејвис реши да ја сподели својата приказна на TikTok откако плати 460 евра за третман со „lip blush“ што ја подобрува природната боја и облик на нејзините усни. Сепак, не испадна како што се надеваше.

dobivaj vesti na viber

По процедурата, таа доби усни кои беа неколку пати поголеми од нејзините природни и доби херпес.

„Само сакав да додадам малку боја и облик на моите усни бидејќи беа природно бледи. Прво, направија тест за чувствителност и сè беше во ред“, започна Меган во видеото.

@abbilouchandler Absolutely traumatised #lipblush #viral #fyp ♬ WHAT THE FUCKKK – Ashley Padilla Fanpage

Иако цело време чувствуваше мало чувство на пецкање, козметичарот ја уверил дека сè е нормално и дека отокот ќе исчезне.

„Следниот ден кога се разбудив, усните ми беа како задник на мајмун, беа четири пати поголеми и покриени со рани. Мојата состојба продолжи да се влошува, а од моите рани излегуваше жолт исцедок. Не можев да јадам ниту да пијам, а болката стана неподнослива“, рече таа.

Меган не сакаше да чека предолго и веднаш отишла во амбуланта каде што ѝ кажале дека го има вирусот херпес симплекс, за кој таа дури и не знаела, а самиот третман „поттикнал“ силна реакција и херпесот избувнал по нејзини усни.

@abbilouchandler I should not be this invested in this drama as a grown women🤣 #bhadbabie #mrswhitman #fyp #foryouu #viral_video @Danielle ♬ Ms. Whitman – Bhad Bhabie

Закрепнувањето траело околу две недели, а Меган ги добила парите назад, иако тврдела дека никој од салонот не ја предупредил за оваа можност кога правела „lip blush“.

Прикажи повеќе...

Забава

Менито на Џенифер Анистон поради кое има убиствено тело: многу е едноставно

Објавено пред

Џенифер Анистон неодамна го прослави својот 57-ми роденден, а продолжува да го привлекува вниманието на јавноста со својата завидна фигура. Таа несебично ги споделува своите мали тајни со светот.

dobivaj vesti na viber

Прво и најважно, здравата исхрана е задолжителна за неа, а потоа се потпира на тренинг за сила неколку пати неделно. Консумира храна богата со протеини и здрави јаглехидрати. Избегнува преработени шеќери, но не секогаш – понекогаш се почастува…

Таа ја практикува диетата 16/8, односно не консумира храна 16 часа, односно го користи методот на постење, а потоа јаде во следните 8 часа.

Појадок, ручек и вечера
Утрото го започнува со чаша млака вода со лимон, која му помага на дигестивниот систем, а потоа пие кафе со млеко со ниска масленост.

За појадок, таа избира помеѓу овесна каша со белки од јајца, протеински шејк или јајца со тост од авокадо, откри претходно во интервју за списанието „First For Women“.

Нејзиниот омилен ручек е туна со салата од краставица и леќа. За ужина, консумира тврдо варено јајце, стапчиња од сирење или чинија домашна супа.

На крајот на денот, Анистон ужива во печено пилешко со тиквички и сос од песто. Сепак, таа не крие дека сака да јаде тестенини неколку пати месечно.

American actress and producer Jennifer Aniston wearing Versace arrives at the Los Angeles Premiere Of Netflix’s ‘Murder Mystery 2’ held at the Regency Village Theatre on March 28, 2023 in Westwood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)

Како и сите други, Анистон сака да јаде висококалорична храна. Од време на време „зема одмор“ и јаде пица, хамбургери или мексиканска храна за вечера. Кога е расположена, сака да пие коктели, а нејзиниот омилен е Dirty Martini.

Прикажи повеќе...

Забава

Црно-белата фотографија од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам растажи многумина

Објавено пред

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го обележаа Денот на вљубените со заедничка фотографија на Инстаграм. Авторот е Џош Шајнер, фотограф кој исто така ја направи нивната божиќна честитка за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

„Среќен Ден на вљубените“, накратко гласи описот на оваа објава на Инстаграм.

Фотографијата предизвика лавина од коментари, а имаше и такви кои пролеаја солзи радосници затоа што „Кејт е повторно истата стара личност“.

„Среќен Ден на вљубените на најубавиот кралски пар“, „Овие двајца, нивната љубов и нивното семејство, се навистина најубави. Бог да ве благослови“, „Многу ни е мило што ве гледаме повторно, Кејт“, се само дел од коментарите…

И, навистина, кралскиот пар, по сите проблеми, конечно изгледа среќно и мирно, особено Кејт Мидлтон, која го преживеа ракот.

Кејт јавно објави во март 2024 година дека ѝ е дијагностициран рак и дека започнува превентивна хемотерапија. Во септември истата година, таа објави дека го завршила третманот и дека нема знаци на болест.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија9 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија12 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија15 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија17 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија18 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија19 часа

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет22 часа

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија2 дена

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија2 дена

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија2 дена

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија2 дена

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија3 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 дена

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 дена

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија3 дена

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија3 дена

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија3 дена

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...