Забава
Направен алкохол од кој брзо се трезни
Научниците од универзитетот во Чунгнам, Јужна Кореја, направиле алкохол што не предизвикува мамурлак, бидејќи оние кои го конзумираат, многу бргу се трезнат.
Научниците од универзитетот во Чунгнам, Јужна Кореја, направиле алкохол што не предизвикува мамурлак, бидејќи оние кои го конзумираат, многу бргу се трезнат. Според доктор Кванг ил Квон, во овој алкохол има многу повеќе кислород отколку во стандардниот што на некој начин им помага на луѓето бргу да се отрезнат и ден по пиењето да немаат никакви главоболки. “Алкохолните пијалоци збогатени со кислород ја намалуваат концентрацијата на алкохол во крвта многу побргу од обичниот пијалок. Тоа би можело да има и клиничко значење, а би можело да го намали и бројот на несреќите предизвикани од алкохолизираните возачи“, вели доктор Квон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Борис Бекер призна: Ја изневерив додека беше во болница пред пораѓање, но доби „убав чек“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер во ново интервју проговори за скандалите што го следеа неговиот брак и развод со поранешната сопруга Барбара Фелтус.
Бекер беше критикуван со години поради гласините дека ја изневерил сопругата додека таа се пораѓала со нивниот син Елијас. Во разговор во подкастот на Луис Теру, тој рече дека таа приказна не е целосно точна.
„Тоа не е точно, не беше во породилни болки. Беше во болница, но породувањето не беше почнато“, изјави Бекер.
Boris Becker opens up on cheating scandal while his wife was giving birth in hospital, Diddy’s infamous parties lasting ‘days’ and his ‘s*** time’ in jail in tell-all Louis Theroux interview https://t.co/ckDKbEJbyV
— Daily Mail (@DailyMail) March 3, 2026
Сепак, тој призна дека ја изневерил.
„Да продолжиме понатаму – ја изневерив, во тоа нема сомнеж. Успеавме да изградиме однос заснован на почит“, рече поранешниот тенисер.
Тој додаде дека по разводот имало тензии, но дека Барбара на крајот добила значителна финансиска компензација.
„Таа имаше моќ бидејќи јас бев негативецот. Доби убав чек и добар месечен надоместок“, изјави Бекер.
Денес Бекер живее во Милано со сопругата Лилијан, која е 22 години помлада од него, и нивната ќерка Зои. Од претходни врски и бракови има уште четири деца.
Забава
Тренинг што им се препорачува на жените по 40: го зајакнува телото и го подобрува расположението
Лекарите и експертите за фитнес препорачуваат физички тренинг како еден од најдобрите начини жените по 40-тата година да ја одржат мускулната маса, здравјето на коските и доброто расположение.
Во овој период од животот телото поминува низ бројни промени, па затоа е важно да се одржува физичка активност што ќе го зајакне телото и ќе помогне во зачувување на силата и рамнотежата.
Вежби што може да се прават и дома
Експертите советуваат дека не е неопходна теретана и дека може да се почне со едноставни вежби со сопствена тежина:
Чучњеви – ја зајакнуваат мускулатурата на нозете и задникот
Склекови (или модифицирани склекови) – ги активираат рацете, градите и трупот
Планк – ја зајакнува средишната мускулатура и ја подобрува стабилноста
Искачување на повисока подлога – помага за сила во нозете и рамнотежа
Кога телото ќе се навикне на овие вежби, може да се додадат и лесни тегови или еластични ленти.
Важни совети пред тренинг
Пред вежбање се препорачува кратко загревање, како брзо одење или неколку минути возење статичен велосипед.
Експертите советуваат вежбите да се изведуваат правилно и постепено да се зголемува оптоварувањето, за да се избегнат повреди.
Според лекарите, редовниот тренинг може значително да придонесе за подобра физичка форма, поголема стабилност и подобро расположение кај жените во средните години.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Што навистина значат стиховите со кои почнува големиот музички хит од „Кралот лав“
„Кралот лав“ е еден од најомилените филмови на Дизни на сите времиња, но повеќето луѓе немаат поим што всушност значат стиховите од песната „Circle of Life“.
Иако станува збор за една од најпрепознатливите песни од филмските саундтракови, многумина не знаат што значи енергичната „Circle of Life“, со која започнува големиот хит од 1994 година „Кралот лав“.
И покрај тоа што анимираниот филм на Дизни заработи речиси една милијарда долари во кината, а самата песна – компонирана од легендарните Елтон Џон и Ханс Цимер – се најде на топ-листите ширум светот и доби номинации за Оскар и Греми, значењето на воведните стихови останало непознато за многумина, пишува „Унилад“.
За оние што не се запознаени со приказната, „Circle of Life“ ја поставува хиерархијата на животните во саваната и ја воведува сцената за остатокот од филмот, кога лавот Муфаса го претставува своето младенче Симба пред животинското кралство.
Во потег што бил револуционерен за еден филм на Дизни, возвишената музичка тема на песната започнува целосно на зулу јазик, кој најчесто се зборува во делови од јужна Африка. Сепак, значењето на тие стихови, кога ќе се преведат на англиски, може да изненади.
Темата неодамна била разгледувана во подкастот „One54“, кој ги слави јазикот, културата и наследството на сите 54 африкански држави. Во емисијата, на водителите Акбар Гбаџабиамила и комичарот Годфри им се придружил и комичарот Ларнмор Џонаси.
Иако сите добро го познаваат „Кралот лав“ и неговата славна воведна песна, тројцата избувнале во смеа кога го дознале вистинското значење на величествениот африкански стих со кој започнува песната.
Иако звучи нежно и возвишено, стиховите „Sithi uhm ingonyama / Nants ingonyama bagithi baba“ во суштина се преведуваат како: „О, да, тоа е лавот. Еве го лавот, татко“. Значително помалку мистично отколку што многумина си замислувале.
Додека се смееле во подкастот, Годфри се пошегувал: „Цело време мислев дека тоа е некоја прекрасна, величествена духовна порака. А тие заработиле милијарди од тоа.“
View this post on Instagram
Некои африкански гледачи подоцна додале дополнителен контекст под видеото, пренесува „Мирор“. Еден од нив истакнал дека преводот не е сосема точен.
„Разбирам дека зулу не му е мајчин јазик. Јас сум Зулу и тоа во суштина значи ‘Еве го нашиот лав’, а во нашата култура тоа всушност значи ‘Еве го нашиот крал!’. Тоа е нешто како скандирање“, напишал тој.
Друг гледач додал дека преводот е премногу поедноставен.
„Во нгуни јазиците лавот може да се нарече ibhubesi (во општ говор) или ingonyama, што се однесува на величественоста на тоа суштество и се користи како референца за крал.
Воведните зборови ‘nansi ingonyama bakithi’ значат ‘Погледнете, еве го неговото величество’. Тоа е многу силна порака“, објаснил тој.
Фото: Кралот лав, промотивен материјал

