Контакт

Забава

Си оставил „римајндер“ да се самоубие

Објавено пред

Еден 50 годишен човек бил пронајден мртов откако оставил порака на својата табла – потсетник која гласела „Петок: Умри во 15:45“.

Еден 50 годишен човек бил пронајден мртов откако оставил порака на својата табла – потсетник која гласела „Петок: Умри во 15:45“.Полицијата ја пронашла пораката откако Кристофер Бартлет бил пронајден обесен во неговиот дом во градот Котсволд, Англија, во ноември минатата година, пренесе Телеграф.Неговата сестра Џејн Кинг во последно време била загрижена дека на нејзиниот брат почнало да му станува досадно откако се пензионирал од својата работа како компјутерски инженер, и додала дека пораката на таблата била напишана со ракописот на брат и.Бартлет ја оставил пораката на белата табла во неговата соба, која вообичаено била користена за секојдневни потсетници.„Верувам дека неговата порака е индикација за неговата намера да си го одземе животот,“ изјавила неговата сестра за медиумите. /крај/тф/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Гордон Ремзи се лути кога луѓето мислат дека е дедо на неговиот 19-месечен син

Објавено пред

Славниот готвач (54), кој има пет деца – Меган (22), близнаци Џек и Холи (20), Матилда (19) и Оскар (19 месеци) –  со сопругата Тана, е уморен од тоа што луѓето мислат дека неговото најмало дете всушност му припаѓа на неговиот постар син, а дека тој е дедото, кога сите се заедно.

„Најлошата работа е кога шетаме со Тана и Џек, и сите гледаат во Џек како Оскар да е негов син. Сигурно сте горди што сте дедо,“ вели Гордон, алудирајќи на тоа што си мислат луѓето кога ги гледаат сите заедно, и на крајот додава: „По ѓаволите, тој е наш.“

„Ако уште еднаш ме наречат дедо, ќе бидам многу лут!“

Гордон е познат по својата страст кон фитнесот и е воодушевен што неговите деца тргнаа по неговите стапки кога станува збор за настани за издржливост.

Легендарниот готвач за новиот број на британското списание Men’s Health изјави: „Мојот син Џек го направи својот прв „Ајрон-мен“ 70.3 минатата година. Сите деца влегоа на лондонскиот маратон, собирајќи пари за детската болница „ Грејт Ормонд “. Тана ќе се посвети 10. маратон. Јас се пријавив за маратонот во Лондон, и на два во Лос Анџелес.“

Прикажи повеќе...

Забава

Макартни: Роденденот на Ленон ме потсетува на фантастичните времиња што ги поминавме заедно

Објавено пред

Сер Пол Макартни се осврна на тоа како датумот на роденденот на Џон Ленон, покојниот колега од легендарниот бенд, го натерал да размислува за најубавите спомени со него.

Ленон, починатата икона на „Битлси“, ќе го славеше 80. роденден на 9 октомври, поттикнувајќи низа познати лица да му оддадат почит минатиот месец.

Дискутирајќи за прослави во новото интервју за „Анкат“, Макартни објасни како овој датум кај него предизвикал мешавина од емоции.

„Ова е среќно и тажно. Тажно бидејќи ме потсетува дека е убиен – но исто така ме потсетува на фантастичните времиња што ги поминавме. Ме радува што го споделив сето тоа со него,“ рече тој.

„Сакам да се навраќам на раните времиња. Се сеќавам, еднаш се обидовме со автостоп да одиме во Шпанија, но стигнавме само до Париз. Многу ни се допадна, останавме таму, само ние двајца. Бевме во еден мал хотел во Париз – ефтин и со многу болви. Мајка ми беше медицинска сестра и сите ние обраќавме многу внимание на хигиената, и да завршиш во таков хотел – каков пекол! Тие работи ве зближуваат.“

Во истото интервју, тој се осврна на тоа како сè уште во мислите го консултира Ленон додека пишува нови песни.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Лејди Гага блеска во рекламна кампања за новиот парфем на „Валентино“

Објавено пред

Лејди Гага зрачи со чиста елеганција додека го слави лансирањето на Voce Viva, новиот парфем на италијанскиот моден бренд „Валентино“, во рекламна кампања на интернет.

Музичарката и актерка (34) едноставно блеска додека е во центарот на вниманието и го промовира новиот парфем на „Инстаграм“.

„Мирис што го слави твојот глас“, гласи еден наслов на објава на платинесто русокосата дива на Хроматика.

Во потрага по природната убавина, фотографиите на кои е речиси без никаква шминка, Гага ја истакнува својата мазна кожа, добро дефинирани веѓи и допир од роза на усните што ѝ одговара на облеката.

Да биде заштитно лице на новиот мирис на „Валентино“ не е единствениот нов потфат на Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Џоана Анџелина Германота.

Гага, наводно, ќе глуми со Бред Пит во претстојниот трилер-акција Bullet Train, базиран на јапонски роман. Иако веста не е официјално потврдена, американските медиуми пишуваат дека пејачката може да го следи успехот на „Sвездата е родена“ (2018), кој ѝ донесе номинација за „Оскар“ за најдобра актерка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија2 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија3 часа

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија4 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет4 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија5 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет5 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет19 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет19 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија20 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие