Забава
Жени што користат апчиња за контрацепција живеат подолго
Жените кои користат апчиња за контрацепција имаат помали шанси да заболат од рак, мозочен удар или срцеви болести, покажа ново истражувањето.
Жените кои користат апчиња за контрацепција имаат помали шанси да заболат од рак, мозочен удар или срцеви болести, покажа ново истражувањето.Во истражувањето спроведено на Универзитетот во Аберден, професорот Филип Ханфорд тестирал 46 илјади жени постари од 40 години.Жените кои кратко време користеле апчиња за контрацепција имале поголеми шанси да заболат од поединечни болести, а кај оние кои подолго време пиеле апчиња шансите за заболување се минимални, вели професорот Ханфорд.Според него кај жените кои се постари од 40 години и подолго време користат апчиња за контрацепција шансите за заболување од срцеви заболувања и мозочен удар се намалени за 12 отсто. /крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Кулиџ: Спиев со околу 200 мажи поради улогата на мајката на Стифлер во „Американска пита“
Актерката Џенифер Кулиџ, најпозната по улогата на мајката на Стифлер во култната комедија „Американска пита“, откри дека таа улога ѝ донела неочекувани придобивки во приватниот живот. Таа тврди дека, благодарение на статусот на МИЛФ-икона, спиела со околу 200 мажи со кои, како што вели, инаку немало да има можност да спие, пишува ЛАДбајбл.
„Американска пита“, тинејџерска комедија што го обележа крајот на деведесеттите години, на светот му го претстави ликот на Стифлер, незаборавната сцена со питата од јаболка и, секако, мајката на Стифлер. Улогата на Џанин Стифлер, привлечна постара жена која заведува пријател на својот син, ја лансираше тогаш 38-годишната Кулиџ меѓу холивудските ѕвезди и ја претвори во мејнстрим секс-симбол.
Актерката во интервју за Варајети во 2022 година отворено зборуваше за тоа како ја искористила славата што ѝ ја донела таа улога.
„Улогата на МИЛФ ми донесе огромна популарност. Благодарение на Американска пита имав многу сексуална активност“, изјави Кулиџ.
„Имаше толку многу придобивки од снимањето на тој филм. Мислам, спиев со приближно 200 луѓе со кои инаку немаше да имам можност да спијам.“
Кулиџ го толкуваше овој легендарен лик дури четири пати во популарната франшиза – во филмовите „Американска пита“, „Американска пита 2“, „Американска пита: Венчавка“ и „Американска пита: Обединување“.
Сепак, во истото интервју Кулиџ призна дека славата имала и своја цена. По улогите на мајката на Стифлер и на Полет во филмовите „Плавуша од Харвард“, таа се чувствувала заробена во ист тип улоги, верувајќи дека никој во Холивуд не ја доживува како сериозна актерка.
„Ако не добивам одлични улоги, доаѓам до заклучок дека луѓето мислат дека сум неспособна за такви улоги. А потоа донесувам одлука дека навистина сум неспособна. Мора да имате режисер како Мајк Вајт кој ќе ви каже: ‘Мислам дека ти тоа можеш’“, објасни таа.
Токму улогата на Тања Меквојд во популарната серија на Ејч-Би-О, „Белиот лотос“, зад која стои режисерот Мајк Вајт, ѝ донесе препород на кариерата. Таа улога ѝ го подигна статусот во индустријата и ѝ ја обезбеди првата номинација за престижната награда Еми, потврдувајќи го нејзиниот актерски опсег и отворајќи ѝ врата за нови проекти.
Забава
„Се плашев да заспијам“: Кејт Винслет за славата по „Титаник“
Филмот „Титаник“ ја претвори Кејт Винслет во светска ѕвезда, но славата имала и своја мрачна страна. Актерката, која тогаш имала само 22 години, откри дека по излегувањето на филмот се соочила со ужасно нарушување на приватноста, што вклучувало прислушување телефонски разговори и пребарување по нејзиното ѓубре, поради што се плашела дури и да заспие. За тој бурен период од својот живот таа зборуваше во неодамнешно интервју, пишува „Ентертејнмент Викли“.
Улогата на Роуз ДеВит Букатер во блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година ја лансираше Винслет во ѕвездените височини, поради што морала брзо да се прилагоди на живот под лупа на јавноста. Филмот дебитираше на првото место и таму остана неверојатни 15 недели, а таа и Леонардо Ди Каприо станаа цел на таблоидите и папараците, кои ги следеле на секој чекор.
„Не бев подготвена за тој свет“, призна Винслет во интервју за Би-Би-Си Радио 4.
Опишувајќи го тој период, Винслет рече: „Беше ужасно. Луѓето ми го прислушуваа телефонот. Беа насекаде. А јас бев сама. Ме ужаснуваше помислата на спиење.“
Особено ја вознемирувал фактот што луѓе ѝ ги пребарувале кантите за ѓубре, обидувајќи се да откријат што јаде. Таа додаде дека по огромната популарност на филмот, своето лице почнала да го гледа на насловните страници на списанија и весници, често придружено со „ужасни, страшни, всушност навредливи прекари“.
Единствениот начин на кој се справувала со притисокот, откри таа, биле едноставните нешта – разговори со пријателите и добра храна. Заклучи:
„Животот е многу подобар поради тие работи.“
Актерката раскажа дека навлегувањето во нејзината приватност повторно се засилило десетина години подоцна, кога во 2010 година се разведувала од својот втор сопруг, режисерот Сем Мендес.
„Папараците ме следеа низ Њујорк со моите две мали деца затоа што, секако, сакаа да знаат зошто Сем и јас се разделивме“, сподели таа.
На прашањето како тогаш се справувала со ситуацијата, одговори: „Едноставно ја држиш устата затворена, ја спушташ главата и продолжуваш да одиш. И се обидуваш да им ги покриеш ушите на своите деца. Се потпираш на пријателите и едноставно продолжуваш понатаму.“
Притоа им се заблагодари на пријателите за поддршката, спомнувајќи ги соседите кои ѝ оставале „чинија топла тестенини и мала чаша црвено вино“ на ѕидот меѓу нивните домови.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна ја заврши музичкта турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание бидејќи предизвикаа и лавина коментари на интернет.
Дуа позира во минијатурно бикини во леопард-принт, кое ги нагласуваше нејзината завидна фигура и обликуваното тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.

