Забава
Сандра Булок го напушти сопругот
Оскаровката Сандра Булок го откажа појавувањето на лондонската премиера на филмот „Темната страна“, поради брачни проблеми, објавија американските медиуми.
Оскаровката Сандра Булок го откажа појавувањето на лондонската премиера на филмот „Темната страна“, поради брачни проблеми, објавија американските медиуми.Неименуван извор изјавил за магазинот „Пипл“ дека актерката во понеделникот се иселила од куќата која ја дели со својот сопруг, на југот на Калифорнија. Причина за иселувањето најверојатно е неверството на сопругот. Моделот за тетоважи Мишел Макги изјави за весникот „Ин тач викли“ дека била во повеќемесечна врска со Џеси Џејмс, сопругот на Булок, додека таа го снимала филмот „Темната страна“.Врската, како што навела Макги, започнала кога таа му испратила барање за пријателство на една од социјалните мрежи на интернет, надевајќи се дека ќе настапи во неговата телевизиска емисија, и навела дека таа верувала дека Џејмс е разведен.„Никогаш немаше да се зближам со него да знаев дека е оженет,“ изјавила Макги.Сандра Булок во средата издаде соопштение за медиумите во кое вели дека патувањето во Лондон се откажува од „неочекувани приватни причини.“Булок (45) на 7. март го доби Оскарот за најдобра актерка за филмот „Темната страна“.Сандра Булок и Џејмс (40) се запознаа во 2004 година на снимањето на Џејмсовата емисија „Монстер гаража“ за телевизијата „Дисковери“. Се венчаа една година подоцна, во јули 2005 година. /крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Објави „селфиња што никој не ги споделува на социјалните мрежи“ и предизвика лавина од коментари
Канадската инфлуенсерка Спенсер Барбоса се смета за една од највлијателните личности на социјалните медиуми. Таа често прикажува реалистична слика за животот на социјалните медиуми, што вклучува објавување фотографии и видеа без филтри и дополнително разубавување.
Таа исто така се залага за идејата за прикажување реалистична слика за женското тело, прифаќање на сопствениот изглед и често зборува за самодовербата.
Сега објави серија фотографии под наслов „Селфиња што никој не ги споделува на социјалните медиуми (освен мене)“ и со тоа го привлече вниманието на обичниот свет.
Станува збор за компилација од фотографии на кои се гледа нејзиното лице без трага од шминка и во опуштен изглед. Без позирање, со разбушавена коса и маска за убавина на лицето, Спенсер уште еднаш покажа колку може да биде лажен животот на социјалните медиуми.
Нејзините реалистични фотографии предизвикаа лавина од коментари, а многумина беа воодушевени од нејзиниот потфат.
„Те сакаме Спенсер“, „Ова е толку точно“, „И затоа сите те сакаме“, се само дел од коментарите…
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.

